fbpx
Таг: напади

таг: напади

Сириска опсерваторија: Во руските напади се убиени 1.000 терористи и околу 500 цивили

Во воздушните напади што ги изведува Русија во Сирија, од почетокот на руската интервенција на 30 септември, досега загинале 1.502 лица од кои речиси третина се цивили, објави денеска Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Во нападите се убиени 419 припадници на Исламска држава и повеќе од 598 борци на фронтот Ал нусра, локален разгранок на Ал каеда,...

Ирачката армија најави акција за враќање на Рамади

Ирачката армија денеска најави операции за враќање на градот Рамади, кој е под контрола на Исламска држава, и ги повика цивилите да го напуштат градот преку неговиот јужен кварт Химајра. Засега не се знае кога точно ќе ја почне операцијата на враќање на контролата во главниот град на провинцијата Анбар. Во меѓувреме, коалицијата, предводена од САД, во саботата изврши седум напади...

Покренато обвинение и против шестиот осомничен за тероризам во Париз

Белгиски судија денеска покрена обвинение и против шестиот осомничен за поврзаност со терористичките напади во Париз пред две недели, во кои 130 лица беа убиени, соопшти сојузниот обвинител. Во соопштението се наведува дека, вчера во Брисел едно лице било приведено на сослушување и дека истражниот судија му одредил притвор и го обвинил за терористички напади и учество во активности на...

Намалена опасноста од напади во Брисел од највисоко четврто на трето ниво

Белгиските власти го симнаа нивото на опасност од напади во Брисел од максимално четврто на трето ниво, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извештаи од белгиските медиуми. Главниот град на Белгија речиси една недела беше под највисоко ниво на опасност поради сомнежи дека дел од осомничените за терористичките напади во Париз на 13 ноември се кријат во градот и дека е...

Оливер Спасовски му вети на ЗНМ дека ќе ги расветли нападите врз новинари

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со Насер Селмани и со Столе Наумов, претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). На средбата се разговарало за нападите врз новинари и врз медиумите што се случија во изминатиот период. Како што пишува во соопштението на МВР, Спасовски и претставниците на ЗНМ се согласиле дека нападите врз новинари претставуваат директен напад...

Руска воена акција во Латакија

Руските сили денеска покренале напад во Латакија, област под контрола на бунтовниците во Сирија, во чија близина вчера турски авион „ф-16“ со проектил урна руски тактички авион „су-24“, соопштија денеска бунтовниците и Сириската опсерваторија за човекови права. Во соопштението на организацијата со седиште во Лондон се наведува дека најмалку 12 воздушни напади се извршени на северот на Латакија, додека провладините...

Орбан: Сите терористи се мигранти

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека сите терористи се мигранти. Тој ова го изјави во интервју за „Политико“. - Се разбира, тоа не се прифаќа, но фактичката состојба е дека сите терористи се, главно, мигранти. Прашањето е кога тие ќе се преселат во Европската унија – рече тој. Изразувајќи го своето мислење за терористичките напади во Париз и за нивните последици,...

Скок на цената на нафтата

Цената на нафтата при тргувањето на азискиот пазар се зголеми откако Европа одговори на нападите на Исламска држава во Париз, а резервите на нафтата во САД повторно се зголемија. - Нападите против Исламска држава би можеле да ги зголемат геополитичките тензии за нафтата на Блискиот Исток, што би довело до поскапување на нафтата - изјавија од консултантската куќа EY за Азија и за Пацификот. Францускиот...

Спречен голем терористички напад во Тунис

Властите во Тунис уапсија 17 исламистички милитанти и спречија голем напад на хотели и врз силите на безбедност, кои биле планирани за овој месец. - Спречивме голем напад планиран за овој месец, во кој терористите целеа хотели, центри на безбедносните сили и политичари. Целта е да предизвикаат хаос во државата - изјави шефот на службата во министерството за внатрешни работи, Рафик Чели. Тој изјави...

ИД ја презеде одговорноста за нападите во Париз

Исламската држава на Ирак и на Сирија ја презеде одговорноста за нападите на шест локации во францускиот главен град Париз, при што досегашниот биланс е 128 загинати и речиси 200 повредени. Како што јави телевизиската мрежа „Си-Ен-Ен“, терористичката група упатила електронска порака до поддржувачите во која се наведува дека осуммина милитанти со појаси со експлозив и вооружени со автоматски пушки...

Сите граници на Франција се затворени, нема ниту летови

Сите граници на Франција се затворени и сè уште е на сила вонредната состојба. Исто така затворен е и аеродромот „Орли“, а откажани се сите летови. Официјалните власти досега потврдија шест терористички напади во Париз. Само три се случиле на стадионот каде се одржуваше фудбалскиот натпревар Франција-Германија, а другите на различни локации во градот, при што терористите пукале со автоматско оружје. Потврдена...

Русија погодила рекордни 94 мети за 24 часа

Руски авиони во Сирија погодиле рекордни 94 терористички цели за 24 часа, соопштија руските воени сили. - Во 59 борбени летови во изминатите 24 часа, руските воздухопловни сили погодиле 94 мети во провинциите Хама, Латакија, Дамаск, Алепо и Деир Езор – изјави портпаролот на руските воени сили, генерал мајор Игор Конашенков. Руското министерство за одбрана соопшти дека авионите во последните три...

Дронови ќе ги чуваат капачите од ајкули во Австралија

Беспилотни летала, но и други најмодерни технолошки средства ќе бидат употребени ова лето долж крајбрежјето на Нов Јужен Велс, држава во Источна Австралија, за да се следи движењето на ајкулите и да се спречат нападите врз капачите, соопштуваат австралиските власти. Туристичката сезона во овој дел на Австралија, кој е најнаселен и во кој се наоѓа најголемиот австралиски град Сиднеј, почнува...

Еден од уапсените во акцијата „Молња“ планирал напади во Скопје

Еден од седуммината уапсени во денешната полициска акција со оперативно име „Молња“, според сознанијата на МВР, додека се пукало во Диво Насеље на 9 мај, планирал да мобилизира група и да изврши напади на повеќе локации во Скопје, изјави помошникот-министер за внатрешни работи Иво Котевски на денешната прес-конференција. Како што информираше Котевски, акцијата била спроведена во селата Отља, Брест, Арачиново...

Министрите на ЕУ бараат Русија да прекине со нападите во Сирија

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската унија денеска на состанокот во Луксембург ја осудија руската воздушна интервенција во Сирија и ги повикаа сите сириски политички фактори, вклучувајќи ги и преставниците на владата на Башар ал-Асад, да почнат дијалог со кој би прекинало насилството. - Неодамнешните руски воени напади кои не се насочени само на Исламска држава и на други...

Уапсени 14 припадници на ИД во Турција

Турската полиција уапсила 14 осомничени припадници на радикалната група Исламска држава во градот Коња, во централниот дел на Турција. Турските медиуми јавуваат дека членовите на групата, меѓу кои има и една жена, се уапсени во истовремени рации во нивните домови. Нејасно е дали апсењата се поврзани со вчерашниот двоен бомбашки напад во Анкара, во кој загинаа 95 лица, а 245 се...

Ерусалим: Старосна граница за влез на светите места

Изарелската полиција забрани пристап на млади муслимани на светите места во Ерусалим, неколку дена по постојаните инциденти. Портпаролката на полицијата, Луба Самри, изјави дека на мажи помлади од 45 години строго им е забранет пристап во комплексот Ал Акса и додаде дека старосната граница е привремено поставена за одржување на мирот, бидејќи во немирите најчесто учествуваат младите Палестинци. Немирите почнаа пред...

НАТО ќе ги разгледува „проблематичните воени активности“ на Русија во Сирија

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО ќе ја разгледуваат „проблематичната ескалација на руските воени активности“ во Сирија, изјавил генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, во пресрет на состанокот на шефовите на дипломатиите, јавува „Би-Би-Си“. Според информациите, Столтенберг изразил загриженост поради употребата на крстосувачки ракети од Русија, покрај воздушните напади и додал дека НАТО е подготвена да ги брани сите...

НАТО: Русија се однесува опасно и неодговорно

Советот на НАТО побара од Русија да прекине со воздушните напади во Сирија и итно да го запре прелетувањето на руските авиони над турскиот воздушен простор. Воената алијанса констатираше дека се работи за опасно и неодговорно однесување. Амбасадорите на земјите-членки на НАТО, на повик на генералниот секретар Јенс Столтенберг во Брисел, одржаа вонреден состанок, на кој побараа руското воено воздухопловство да го прекине...

Асад: Ако Русија не успее, регионот ќе биде уништен

Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави дека постои можност за уништување на Блискиот Исток во случај на неуспех на Русија во борбата против терористичките групи во Сирија. Во интервју за иранската телевизија „Хабар“, Асад рекол дека коалцијата на Русија со сирискиот режим, Иран и со Ирак против тероризмот треба да успее, затоа што во спротивно целиот регион ќе биде уништен, а...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...