Таг: Monitoring
таг: monitoring
МОСТ: Нападот на вебсајтот на ДИК е однапред испланиран обид за нарушување на изборниот процес?
Од граѓанската асоцијација МОСТ која редовно ги набљудува изборните процеси во земјава, посочуваат дека иако изборите поминаа во фер и демократска атмосфера, хакерскиот напад на веб-страната со изборните резултати може да е однапред испланиран обид за нарушување на довербата во изборниот процес.
Оттаму велат дека поради нападот јавноста нема целосен увид во првичните резултати од изборите, а веб-страницата сè уште...
Владата одобри околу 86.000 евра за АВМУ за мониторинг на изборите во медиумите
Владата на 10.седница донесе одлука за одобрување на средства на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за мониторинг на изборите во медиумите.
„На оваа седница Владата ја усвои одлуката за одобрување на средства од буџетот во износ од 5.277.000 денари (85.805 евра) на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за следење на изборните активности во 2020 година,“ се...
ААВМУ отвори јавна расправа за методологијата за мониторинг на медиумите
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска отвори јавна расправа за нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси.
„Потребата за овој документ произлезе од измените во Изборниот Законик поврзани со изборното медиумско претставување и надлежностите на Агенцијата, а во него се содржани сите релевантни одредби за медиумското...
ААВМУ: Радиодифузерите се фокусирани на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ
Телевизиите на државно и на регионално ниво и радијата опфатени со надзорот, во првите 10 дена од изборната кампања за локалните избори (25 септември – 4 октомври), генерално се фокусирани на известување за кампањите на двете големи коалиции – предводени од ВМРО ДПМНЕ, односно од СДСМ, кои имаат најголем број потврдени листи со кандидати за градоначалници и за советници,...
Социјалистите во Албанија бараат и порталите да бидат под надзор за време на избори
Членовите на албанскиот парламент од Социјалистичката партија бараат промени во изборниот закон на земјата со кои се предлага регистрација на интернет-порталите за време на изборната кампања. Со измените на законот, се бара на регулаторното тело за медиуми да му се овозможи да ги казнува порталите доколку шират пропаганда за време на избори.
Социјалистичката партија преку предложените измени на изборниот закон бара...
ЕК нема да испрати експерти за надзор на „Пуч“ и на „Прислушување“
Европската комисија (ЕК) нема да испрати експерти за надзор на работата на јавното обвинителство по предметите од случајот „Пуч“ и од аферата „Прислушување“, одговориле од ЕК на поканата на Обвинителството.
„Во одговорот сме известени дека Европската комисија во моментов нема да врши надворешната експертиза во содржината на која било поединечна кривична постапка. Притоа, во дописот е истакнато дека сметаат дека единствено...