fbpx

ААВМУ отвори јавна расправа за методологијата за мониторинг на медиумите

-

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска отвори јавна расправа за нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси.

„Потребата за овој документ произлезе од измените во Изборниот Законик поврзани со изборното медиумско претставување  и надлежностите на Агенцијата, а во него се содржани сите релевантни одредби за медиумското претставување за време на избори и се прецизира начинот на кој Агенцијата го врши мониторингот“, појаснуваат од ААВМУ.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни да се вклучат во јавната расправа. Мислењата и предлозите може да се испраќаат до 22 септември на електронската адреса [email protected].

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...