Социјалистите во Албанија бараат и порталите да бидат под надзор за време на избори

-

Членовите на албанскиот парламент од Социјалистичката партија бараат промени во изборниот закон на земјата со кои се предлага регистрација на интернет-порталите за време на изборната кампања. Со измените на законот, се бара на регулаторното тело за медиуми да му се овозможи да ги казнува порталите доколку шират пропаганда за време на избори.

Социјалистичката партија преку предложените измени на изборниот закон бара создавање на систем за регистрација и за надзор на порталите, односно на регулаторното тело за медиуми во земјата да му се овозможи да ги казнува порталите доколку го прекршат законот за избори.

Пратеникот од социјалистичката партија на Албанија, Таулант Бала, ги поднел измените до парламентарната комисија за изборни реформи, со кои, меѓу другото, на порталите им се заканува затворање доколку учествуваат во ширење на изборна пропаганда.

Како до општествена поддршка на социјалната економија? – Меѓународна конференција во Крушево

Од денеска до недела, 10 ноември, Младинскиот сојуз во Крушево ќе биде домаќин на Меѓународната конференција „Екосистем на социјално претприемништво: како до општествена поддршка на социјалната економија?“. Примарната цел на...