fbpx

ААВМУ: Радиодифузерите се фокусирани на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ

-

Телевизиите на државно и на регионално ниво и радијата опфатени со надзорот, во првите 10 дена од изборната кампања за локалните избори (25 септември – 4 октомври), генерално се фокусирани на известување за кампањите на двете големи коалиции – предводени од ВМРО ДПМНЕ, односно од СДСМ, кои имаат најголем број потврдени листи со кандидати за градоначалници и за советници, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Од ААВМУ наведуваат дека радиодифузерите при известувањето од кампањските активности, настојуваат да обезбедат еднаков третман и квантитативно и квалитативно, но дека коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ честопати има поголема минутажа поради нивните реакции и критики за активностите и за политиките на власта.

Во извештајот од надзорот се наведува дека единствена телевизија кај која е забележан дисбаланс во известувањето е ТВ „Алфа“, која одвојува забележливо повеќе време за коалицијата на ВМРО ДПМНЕ.

Кај јавниот радиодифузен сервис, МРТ, има отстапувања од законски пропишаниот образец за структурата на вестите, но не се констатирани прекршувања на балансот во известувањето. Од Агенцијата информираат дека потребно е да се забележи дека дел од програмските сервиси на МРТ издвојуваат повеќе време за да известат за дневните настани од земјата и од светот што, како медиуми и како јавен сервис, е нивна примарна обврска. Сепак, до крајот на кампањата, треба да обрнат повеќе внимание на законските барања за структурата на вестите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...