fbpx
Таг: митинг

таг: митинг

Тачи: ДУИ ни донесе насилство, крв и затвори

ДПА синоќа одржа митинг во Куманово, каде лидерот на партијата, Мендух Тачи, го обвини претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дека на народот му донел само насилство. – Се залагаме и за закон за амнестија што ќе го донесеме за да не лежат во затвор сите осуденици од монтираните политички случаи. Такви ги има многу зошто ДУИ ни донесе насилство, крв и...

Груевски на митингот во Кичево најави субвенции за весниците

Оваа влада ќе им помогне на весниците да опстанат во време кога таму каде што немаат поддршка од државата, сè потешко опстануваат, порача на вечерашниот митинг во Кичево, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. - Првпат ќе воведеме субвенции за весниците. Со обѕир на тоа што интернетот пенетрира, а порталите сè повеќе добиваат значење, весниците сè потешко преживуваат. По теркот на Германија,...

Ќе има темелна реконструкција на институциите, порача Пендаровски од Карпош

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од митингот во скопски Карпош го повика на дуел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и градоначалникот на Крапош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. - И од овде го повикам првиот бандит Никола Груевски на дуел. Ако ти е тешко сам, викни го и вториот бандит Ствечо Јакимовски. По наша грешка овде во Карпош победи...

СДСМ во Виница и во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ во Валандово и во Гевгелија, ДПА во Отља

Политичките партии се петти ден во кампања за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември. Предизборниот караван на Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе има митинг во Валандово во 17.30 часот и во Гевгелија во 20 часот. СДСМ и коалицијата денеска ќе имаат митинг во Виница во 17.30 часот и во Кочани во 19 часот, а ДПА во селото...

ВМРО-ДПМНЕ денеска на митинг во Карпош, СДСМ во Тетово, ДУИ во Ченто, ДПА во Вруток

Политичките партии веќе четврти ден се во изборна кампања за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември. Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска митинзи ќе има во Скопје. Во 17.30 часот коалицијата ќе има митинг во општина Аеродром, а централниот митинг ќе биде во општина Карпош во 20 часот. Предизборниот караван на СДСМ и на коалицијата денеска ќе биде...

Груевски во Неготино вети дека сите села ќе станат слободни економски зони

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот во Неготино порача дека на 11 декември народот ќе избере политичари кои се борат за целосна, суверена и независна Македонија. Тој го обвини претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дека заговара кантонизација, двојазичност на цела територија и рекомпонирање на државата. Груевски вети повеќе проекти од областа на образованието, здравството, земјоделството, меѓу кои и изградба на агро-пазар кој...

Заев: Младите треба да се задржат во државата, да живеат и да работат овде

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го претстави „Планот за живот“ пред граѓаните во Демир Хисар, на митингот кој СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија го одржаа таму. „Сакам да знаете, со „Планот за живот“ ги враќаме слободата, правдата, еднаквоста и демократијата. За овие четири работи се бориме и затоа изборната единица број 4 ќе биде историска и победничка за...

Тачи: Се залагаме да имаме заменик-премиер Албанец

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, од предизборниот митинг кој неговата партија го одржа во Челопек, општина Брвеница, рече дека ДПА постојано инсистира на решавање на етничкото прашање во земјава, сè со цел да ја зачува нејзината стабилност и безбедност. - Некои велат дека нашата платформа не е модерна, дека го третира етничкото прашање. Па, само да потсетам,...

Трет ден митинзи: ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, СДСМ во Кичево, ДПА во Челопек

Политичките партии денеска продолжуваат со изборната кампања за претстојните парламентарни избори закажани за 11 декември, со митинзи и со средби со граѓани низ Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денешните изборни активности ќе ги почнат во 17.30 часот со митинг во Неготино, а централниот митинг денеска ќе биде во Кавадарци, во 20 часот. Коалицијата предводена од СДСМ попладнево во 17.30...

Коалицијата ВМРО за Македонија од Охрид порача дека ќе го има идниот премиер

Коалицијата ВМРО за Македонија вечерва од Охрид ја почна изборната кампања. Пред околу илјада членови и симпатизери во Центарот за култура, говореа лидерите на трите партии од коалицијата, како и носителите на кандидатските листи. Лидерот на ВМРО - Народна партија, Љупчо Георгиевски, рече дека од нивната победничка коалиција ќе се избира идниот премиер на Македонија. - Доста е од оние што...

Важно е да не дозволиме редефинирање на државата, порача Груевски од Струга

Не може да се препушти државата да се третира како експеримент и од ден на ден да се менува во корен нејзината суштина и идентитет, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на централниот митинг на партијата вечерва во Струга. - Tоа е крајната цел. Tоа беше и целта на кризата и секој што не веруваше или барем малку се сомневаше, сега...

Заев од Аеродром: Груевски е единствен во земјава кој мисли на федерализација

Груевски ја измисли федерализацијата и тој е единствениот во земјава кој мисли на федерализацијата, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашниот митинг во општина Аеродром. - Груевски ја измисли федерализацијата. Груевски е единствен во државата кој мисли на федерализација, тој и никој друг. Да бидеме на чисто: нема да дозволам никој да го смени Уставот на Република Македонија. Нашиот Устав гарантира...

Кирацовски: Вработените во администрацијата обезбедуваат кворум за митингот во Охрид

Голем број државни институции и општини се ставија во функција на обезбедување кворум за потребите на партискиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ што ќе се одржи денеска во Охрид, се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и за администрација, Александар Кирацовски. - Вработените, наместо на работните места каде што треба да ги извршуваат своите работни задачи во служба...

Охрид попладнево „окупиран“ од симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ традиционално изборната кампања ја почнува со митинг на градскиот плоштад во Охрид. Бината е наместена. Веќе се тргнати долгите карвани од автобуси, комбиња и лесни возила со членови и со симпатизери од сите краишта на земјата. Како што јавува дописникот на „Мета“, Охрид ќе биде под целосна окупација од членови и од симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. На традицијата и на заедничкото...

Двајца повредени во експлозија на провладин митинг во Анталија

Две лица се полесно повредени при синоќешната експлозија на рачно изработена бомба во центарот турскиот град Анталија, јавува „Си-ен-ен Турк“. Експлозијата одекнала за време на провладин митинг, а направата била поставена под клупа во тој дел на градот. Повредените веднаш се хоспитализирани. Полицијата засега го истражува нападот, но не открива повеќе детали. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

ВМРО-ДПМНЕ ја почна кампањата, нема да прави митинзи, туку средби со граѓани

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја почна изборната кампања, но не со митинзи, туку со директна комуникација со граѓаните, информираат за „Мета“ од владејачката партија. Оттаму велат дека ваков начин на кампања ќе практикуваат поради тоа што не е вообичаена ниту состојбата во која се наоѓа државата. Засега не сакаат да откријат дали ќе прават и митинзи. Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да...

Илјадници граѓани протестираат во Бања Лука

Неколку илјади луѓе со собраа денеска на протестите во Бања Лука. Протестот „Да ја ослободиме Српска“ во организација на опозициските партии, се одржува во паркот Младен Стојановиќ. На нешто повеќе од еден километар, во центарот на градот, на Плоштадот Краина во исто време се одржува митинг „Со срце за Српска – Стоп за предавството“, како одговор од владејачката коалиција. На протестите...

Тепачка на синоќешниот митинг на Трамп

На синоќешниот митингот на кандидатот за претседателска номинација на републиканците, Доналд Трамп, во Питсбург, избил судир меѓу неговите приврзаници и противници, кои истовремено се собрале во центарот на градот, соопшти полицијата. Додека приврзаниците на Трамп, по завршувањето на митингот, си заминувале, скандирајќи „Изградете го ѕидот“ (против имигрантите) и „Америка, Америка“, неколку стотици противници извикувале погрдни зборови и пцости. Двете страни...

Тепачка на митингот на Трамп во Њујорк

На митингот на претендентот за републиканска кандидатура за претседател на САД, Доналд Трамп, во Њујорк, забележани се неколку инциденти, а неговите приврзаници и противници се степале, соопшти полицијата. Полицискиот комесар на округот Насау, Томас Крамптер, рече дека на собирот се уапсени две лица што се степале. Исто така, шест лица се хоспитализирани, а седум добиле помош на местото на настанот поради несвестица...

Поради безбедносни причини, откажан митингот на Трамп во Чикаго

Доналд Трамп го откажа митингот во Чикаго откако илјадници собрани се поделија во два табори – поддржувачи и противници на неговата кандидатура. Вработена во тимот на Трамп, половина час по предвидениот почеток на митингот, излезе на подиумот и рече дека митингот ќе биде одложен од безбедносни причини. Во соопштението на американскиот бизнисмен, кое е издадено подоцна, наведено е дека митингот ќе...

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство...