fbpx
Таг: митинг

таг: митинг

Лидерот на Беса побара од граѓаните да гласаат за нови и некорумпирани политичари

Коалицијата Преродба со Беса на митингот одржан во Неготино, Полошко, побара од граѓаните да го дадат својот глас за нивната коалиција, во која, како што истакнаа од партијата, нема корумпирани политичари и која ќе се залага за редефинирање на државата, со што ќе се гарантира еднаквост на сите граѓани во сите сегменти од општественото живеење. Претседателот на Беса, Биљал Касами,...

Груевски од Крива Паланка: Широка коалиција по изборите ќе значи продолжување на кризата

Заев не само што нема да стане премиер на Македонија, туку по локалните избори во мај следната година, нема да биде ниту градиначалник на Струмица, порача вечерва Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатска листа во четвртата изборна единица, од митингот во Крива Паланка. Тој истакна дека СДСМ на изборите на 11 декември ќе изгуби со толку голема...

Не бараме 63 пратеници, туку поддршка за реформска влада, порача Заев од Битола

Не барам 63 пратеници, туку подобар живот за 1,5 милиони граѓани во Македонија и за сите што си заминаа од државата, истакна лидерот на СДСМ и носител на листа во четвртата изборна едница, Зоран Заев, на вечерашниот митинг на партијата и на Коалицијата за живот во Македонија во Битола. Тој истакна дека по проектот „Скопје 2014“, „најголемиот криминал што го...

Тачи: Нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО

Европската Унија и НАТО се насоката по која треба да се движат Албанците во Македонија, порача лидерот на ДПА и носител на листа во изборната единица шест, Мендух Тачи, на вечерашниот митинг на партијата во селото Слатино, Тетовско. Тој, во својот говор пред насобраните граѓани, ја обвини ДУИ дека иако е 13 години на власт, не направила ништо за состојбата...

Пролонгирање на работата на СЈО ќе ја продолжи и политичката криза, смета Груевски

Тој што бара да се пролонгира работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), се залага за пролонгирање на политичката криза и нема добри намери за државата, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот на Коалицијата за подобра Македонија во Штип. - Потребно е победата да биде силна за да не може никој да ја пролонгира политичката криза и хаосот во Македонија....

Заев: Граѓаните да не се плашат од Груевски и да се вклучат во борбата за живот

На митингот на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија во Валандово, лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на граѓаните им порача „да не се плашат од злосторничката банда на Груевски и да се вклучат во борбата за живот“. Посебно им се обрати на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ и им порача дека тие не се виновни, туку само неколкумина од врвот на...

Груевски: Граѓаните не сакаат премиер криминалец и митаџија

Митингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија во Битола вечерва наликуваше на митинг на партија која долго време е во опозиција, присеќавајќи се на последиците од владеењето на СДСМ и ветувајќи што сè ќе направат за државата и за Битола ако победат на 11 декември. Така, кандидатите за пратеници од Битола во петтата изборна единица, спомнувајќи ја...

Федерализација ќе нема, но конфискација на имот ќе има, порача Заев од Штип

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашниот митинг во Штип на Коалицијата за живот во Македонија, рече дека јавното признание на високите претставници на ДУИ дека УЧК ги водела владата и собранието, а дека албанскиот јазик се спроведува во сите институции, му ја урна темата на Груевски со која тој ја гради својата предизборна кампања за наводната федерализација и...

Села: Ќе се залагаме за вработувања по етничка линија и за бинационална држава

Претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села, на митингот во Општина Желино порача дека доколку дојде на власт, ќе се залага Македонија да стане бинационална држава. - Ние ќе се залагаме албанскиот јазик да биде службен на цела територија на Македонија, која ќе биде бинационална држава, ќе се донесуваат одлуки со консензус, ќе ја спроведеме целосно децентрализацијата. Со...

Нема да има широка коалиција по изборите, порача Груевски

СДСМ здружувајќи се со некои подземни структури кај албанските радикали, договорале полнење кутии на изборите на 11 декември, рече Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг во Кочани на Kоалицијата за подобра Македонија. - Сакам да им порачам да не си играат играчки, затоа што потоа ни цела албанска дијаспора, од цела Швајцарија, од цел свет нема да ги...

Тачи: Со заменик-премиер Албанец до целосна рамноправност

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на вечерашниот митинг кој неговата партија го одржа во Тетово, побара граѓаните да гласаат за ДПА, која ќе обезбеди целосна рамноправност на Албанците. Според Тачи, само со заменик-премиер Албанец, што е дел од програмата и од платформата на ДПА, албанскиот народ во Македонија нема да биде дискриминиран. - Од нашата програма и платформа сакам да...

Заев: Ќе има конфискација, ред е Груевски да врати сè

Лидерот на СДСМ и предводник на Коалицијата за живот во Македонија, Зоран Заев, вечерва на митингот во Берово рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ќе го врати украденото и дека ќе има конфискација на имотот. - Груевски во последните три-четири години потроши 1 милијарда евра на споменици, на музеи, на жални врби и на што ли уште не. И...

„Стандард“: Настапот на Курц во Скопје е задоцнета и лоша исплата за бегалската криза

Настапот на шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, во неделата, е задоцнета и лоша исплата на долгот кон македонските власти за затворањето на македонско-грчката граница и за запирањето на протекот на мигранти кон Австрија и кон Западна Европа, пишува виенски „Стандард“. „Изминативе месеци, многумина се прашуваа што доби македонската влада со затворањето на границата...

Тачи: Во идната влада ќе бараме да има само еден вицепремиер, но со право на вето

Лидерот на ДПА и носител на листа во изборната единица 6, Мендух Тачи, вечерва на митингот на партијата во Боговиње, Тетовско, порача дека ќе бараат во идната влада да има само еден вицепремиер, кој ќе има право на вето на одлуките на владата. Тој истакна дека на овие избори имаат програма која се разликува од таа на нивниот политички опонент,...

СДСМ ќе потроши милиони евра, но за нови работни места, порача Заев од Делчево

„Ако Груевски потроши 700 милиони евра за споменици и за фонтани, и јас ќе потрошам 700 милиони евра, но за нови работни места“, порача лидерот на СДСМ и носител на кандидатската листа на партијата во изборната единица 4, Зоран Заев, на митингот кој Коалицијата за живот во Македонија вечерва го одржа во Делчево. Тој истакна дека Делчево ќе го оправда аманетот...

Груевски од Тетово: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи затоа што има квалитетна и реална програма

Победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 11 декември е јасна бидејќи произлегува од сиот минат труд и од квалитетот и од реалноста на новата програма на партијата и на коалицијата, порача лидерот на владејачката партија и носител на листа во изборната единица 4, Никола Груевски, на вечерашниот митинг во Тетово. - Победата е изработена со сите проекти и дела кои...

Една недела изборна кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Велес, СДСМ во Кавадарци, ДПА во Велешта

Политичките партии веќе една недела се во изборна кампања, а денеска е осмиот ден на митинзи и на средби со граѓани каде ги претставуваат програмите за претстојните парламентарни избори закажани за 11 декември. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија вечерва ќе имаат митинг во Велес, со почеток од 19 часот. СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија ќе одржат митинг во...

Ќе ги победиме со пенкалото и со гласот на народот, порача Заев од Велес

Народот бара слобода и демократија и секој град се крева на нозе, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашниот митинг во Велес на Коалицијата за живот во Македонија. - Кога велев дека мора да си дадат оставки, Груевски тврдеше дека кажувам бајки. Ама, потоа следуваа оставки. Тој една година е во оставка. СЈО работи и ја враќа правната држава....

Груевски: На овие избори помеѓу Заев и Македонија, одберете ја Македонија

„Единствените кои можат да го запрат продлабочувањето на кризата сте вие, народот на Македонија. Вие граѓаните сте единствените доволно храбри, кои можат да им се спротивстават“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на вечерашниот централен митинг на Коалицијата за подобра Македонија во Скопје. - Стоиме исправени пред важна одлука која има референдумско значење. До овој момент дојдовме по тежок период...

ВМРО-ДПМНЕ со централен митинг во Скопје, СДСМ во Свети Николе и во Велес

На седмиот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори закажани на 11 декември, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ќе имаат централен митинг во Скопје, со почеток од 19 часот. Карванот на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија, пак, денеска ќе бидат во Свети Николе во 17.30 часот и во Велес во 19 часот. Носителот на кандидатската листа на Демократската...

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...