fbpx
Таг: митинг

таг: митинг

Победата на Беса е победа на Албанците, порача Касами

Беса сигурно ќе победи на овие избори, но тоа нема да биде победа на политички субјект, тоа ќе биде победа на Албанците во Македонија, победа над ДУИ која 10 години ѝ слугува на ВМРО-ДПМНЕ, изјави вечерва лидерот на Беса, Биљал Касами, на митингот што неговата партија го одржа во Тетово. - ДУИ веќе нема подршка од народот, гледате самите дека на...

Ахмети: Албанците да се обединат за да добијат повеќе пратеници

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на последниот митинг што неговата партија го одржа во Тетово, истакна дека политичкиот кадар на ДУИ во следниот мандат и понатаму ќе работи на подобрување на сите сегменти од општественото живеење. - Секаде каде што бевме за време на оваа изборна кампања, луѓето бараат подобрување на економијата, отворање нови работни места, подобрување на состојбите во образованието....

Тачи порача дека глас даден за ДПА е глас за промени

Гласот даден за ДПА на 11 декември е глас за промени, порача лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на завршниот митинг на партијата во Куманово. – Го барам вашиот глас да се избориме против злото и криминалот што го направи ДУИ во овие години на владеење. Го барам гласот на граѓаните за да бидеме помоќни во Собранието, каде што го имаме...

Последен ден од кампањата на партиите: СДСМ во Гази Баба, ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп

Политичките партии вечерва ќе ги одржат последните митинзи во рамките на својата предизборна кампања, а на полноќ настапува изборниот молк. СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија последниот митинг ќе го одржат во општина Гази Баба во 19 часот, а ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија во Крушево во 17.30 часот и во Прилеп во 20 часот. Коалицијата за промени и правда предводена...

Заев ги повика административците да се охрабрат и да изберат промени

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот на Коалицијата за живот во Македонија, кој се одржаа во Радовиш, ги повика вработените во јавната администрација да се охрабрат, да не се плашат и да ги изберат промените. Тој упати повик и до младите да си ја обезбедат својата иднина тука, а бабите и дедовците со заокружување на бројот 4 ги повика да...

Тачи: Во Тетово ќе вложиме 300 милиони евра и ќе го решиме проблемот со загадувањето

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на митингот во Тетово изјави дека за лошата состојба на Албанците виновни биле неговите политички противници од ДУИ. Тој побара Албанците на следните избори да го дадат гласот за ДПА, партија која нема да отстапи од нејзината платформа, која гарантира економска еднаквост на Албанците. - Ние ќе победиме на овие избори, затоа што ние сме...

На овие избори гласате за вашата и за иднината на Македонија, порача Заев од Бутел

На овие избори не се гласа за партија туку за вашата иднина и за иднината на Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот на Коалицијата за живот во Македонија вечерва во Бутел. - Не се гласа за партија. На овие избори гласате за вашата иднина и за иднината на Македонија. Ни треба стабилна иднина. Секој ќе одговара по...

Груевски: На 11 декември СДСМ ќе го доживее десеттиот пораз

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и предводник на Коалицијата за подобра Македонија, Никола Груевски, вечерва на митингот во Куманово рече дека народот како никогаш досега ќе ги казни СДСМ и лидерот Зоран Заев. - Народот ќе гласа за опцијата која нуди сувереност, унитарност, цврстина на Македонија и која економски ќе зајакнува. Држава која ќе ги зголеми субвенциите, пензиите, социјалната помош, платите во...

Коалицијата за промени и правда порача дека е за унитарна држава

Носителот на кандидатската листа на Коалицијата за промени и правда во првата изборна единица, Павле Трајанов, на вечерашниот митинг во Кисела Вода ги повика неопределените да излезат и да гласаат за промени, за да се создадат услови да се спроведе правото. - Стратешки, национален и државен интерес е Македонија да биде полноправна членка на НАТО и на ЕУ. За тоа...

Народот ќе каже „не“ на сценариото на Заев, порача Груевски

„Сите ние поминавме еден тежок период и сценарио од страна на СДСМ, а сега веќе сè е јасно, народот ќе каже „не“ на сценариото на Заев кое предвидува промена на уставноста, јазикот, федерализација и кантонизација на државата,“ изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот на Коалицијата за подобра Македонија вечерва од Делчево. Тој додаде дека „секој што сака да гласа за...

Заев: Целта на „Скопје 2014“ беше никој да не го контролира трошењето на парите од буџетот

„Не може Македонија да биде загарантирана држава со скриени вистини за смртта на Никола Младенов, Мартин Нешкоски, децата кај Смиљковско Езеро, настаните во Диво Насеље... Граѓаните заслужуваат целосна вистина и откривање на вистинските мотиви за ваквите настани“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот на Коалицијата за живот во Македонија во Куманово. - Исплашени лажат и велат дека се залагаме за...

На овие избори ќе освоиме најмалку 15 пратенички места, порача Бошкоски

„На овие избори ќе освоиме најмалку 15 пратенички места, кои ќе одлучуваат за судбината и идната влада на Макадонија“, порача Љубе Бошковски на митингот на коалицијата ВМРО за Македонија во Куманово. Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, истакна дека нивните аргументи се нивната претходна работа во изминатите години, но и новата изборна програма. Од коалицијата ВМРО за Македонија посочија дека нема да се...

Тачи: Албанците неправедно западнаа во долгови кои изнесуваат 1,7 милијарди долари

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на вечерашниот митинг во Гостивар, изјави дека владејачката ДУИ воопшто не се грижела за интересите на Албанците и затоа, според него, целиот бизнис во Гостивар го воделе Македонци. - Нашата програма е вистинската, која се грижи за интересите на Албанците во Македонија. Ќе спроведеме закони за амнестија за сите долгови на Албанците и амнестија за сите...

Беса од Кичево порача: Албанците ќе ја казнат ДУИ со нивниот глас

Движењето Беса вечерва ја промовираше предизборната програма и кандидатите за пратеници на предизборен собир во Кичево. Пред насобраните симпатизери и членови, се обрати кандидатот за пратеник од Кичево во петтата изборна единица, Арбен Лабеништи, кој порача дека е време е за промени. - Ќе дојдат нови сили кои ќе знаат да ги бранат интересите на Албанците. Албанците ќе ја казнат ДУИ со...

Ахмети апелира до Албанците да не гласаат за помалите партии

Демократската унија за интеграција (ДУИ) работи на подобрување на животниот стандард и на создавање силни албански кадри, кои на правилен начин ја водат државата, истакна лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на вечерашниот митинг на партијата во Теарце. - Предизборната кампања ја почнав во Липковско. Лично се уверив во проектите што ги остварила ДУИ. Во Липково има амбуланта, порано немаше. Го посетив...

Уште 7 дена и Македонија ќе си ја врати својата сувереност, порача Груевски од Струмица

Изборите на 11 декември имаат референдумско значење и од нив зависи каква иднина ќе имаат и во каква држава ќе живеат нашите деца и внуци, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборната единица 4, Никола Груевски, на вечерашниот митинг на партијата и на Коалицијата за подобра Македонија во Струмица. Груевски исткакна дека остануваат уште седум дена до...

Заев: Мислете на 12 декември, кога ќе сфатите дека сте донеле живот во Македонија

„Ова не е обична изборна кампања, овие избори не се за ВМРО-ДПМНЕ или за СДСМ, овие избори се за вас, за вашите деца, внуци... Oва „или-или“ не е обично, тоа значи пропаст или живот. Верувам дека заедно имаме огромна сила да успееме. Нашиот глас в недела ќе биде глас за планот што носи живот. Мислете на 12 декември, кога ќе...

Лидерот на Беса побара од граѓаните да гласаат за нови и некорумпирани политичари

Коалицијата Преродба со Беса на митингот одржан во Неготино, Полошко, побара од граѓаните да го дадат својот глас за нивната коалиција, во која, како што истакнаа од партијата, нема корумпирани политичари и која ќе се залага за редефинирање на државата, со што ќе се гарантира еднаквост на сите граѓани во сите сегменти од општественото живеење. Претседателот на Беса, Биљал Касами,...

Груевски од Крива Паланка: Широка коалиција по изборите ќе значи продолжување на кризата

Заев не само што нема да стане премиер на Македонија, туку по локалните избори во мај следната година, нема да биде ниту градиначалник на Струмица, порача вечерва Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатска листа во четвртата изборна единица, од митингот во Крива Паланка. Тој истакна дека СДСМ на изборите на 11 декември ќе изгуби со толку голема...

Не бараме 63 пратеници, туку поддршка за реформска влада, порача Заев од Битола

Не барам 63 пратеници, туку подобар живот за 1,5 милиони граѓани во Македонија и за сите што си заминаа од државата, истакна лидерот на СДСМ и носител на листа во четвртата изборна едница, Зоран Заев, на вечерашниот митинг на партијата и на Коалицијата за живот во Македонија во Битола. Тој истакна дека по проектот „Скопје 2014“, „најголемиот криминал што го...

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...