fbpx
Таг: мерки

таг: мерки

Спасовски апелира работниците да не потпишуваат спогодби за отпуштање од работа

Премиерот Оливер Спасовски апелираше до работниците да не потпишуваат спогодби за отпуштање од работа за време на кризата со корона вирусот, бидејќи од една страна ги штити Законот за работни односи, а од друга, Владата преку усвоените економски мерки ги помага компаниите. Главната мерка од вториот економски пакет, Спасовски повтори дека е 14.500 денари плата по вработен во април и...

Анализа: Од април вистинска војна – економијата против корона вирусот

Почна пребројувањето на штетите од корона вирусот во економијата. Од угостителскиот сектор најавија дека е можно 29.000 вработени да останат без работа, тоа значи без плати и придонеси, еден од изворите за полнење на буџетот, пишува во неделната економска анализа на „Порталб.мк“. Според економистите, со почетокот на април започнува и војната на економијата против корона вирусот. Сите се едногласни дека...

ССНМ и ЗНМ: Отпуштањето новинари не смее да биде прва мерка за справување со кризата

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро ја осудуваат одлуката на работодавецот „Нет медиа Груп Доел“ кој што ги поседува интернет порталите „Локално“ и „Стандард“ да отпушти најмалку петмина новинари, дел вработени на определено, а на дел да им ги прекине хонорарните договори. „Иако овој чекор се образложува со кризата предизвикана...

Владата со новите економски мерки ќе ги субвенционира и медиумите

Владата на денешната седница донесе одлука, со новите економски мерки да ги субвенционира и медиумите. Премиерот Оливер Спасовски, на прес-конференцијата посветена на овие мерки, не даде прецизно објаснување кои медиуми, медиумски работници ќе бидат опфатени и како тоа ќе се реализира, и истакна дека за сите детали ќе биде донесена уредба. Исто така, за сега не е познато, колку средства од...

Минимална плата за функционерите, но не и за јавната администрација

Во вториот сет економски мерки кои Владата ги усвои на денешната седница, донесенa е одлука минимална плата од 14.500 денари за април и мај да примаат спортистите, самостојните уметници како и избраните и именувани функционери на државно и локално ниво, од претседател до директор, информираше на денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски. Платата на вработените во јавната администрација нема да се...

Стопанската комора на Северозападна Македонија смета дека економските мерки не им помагаат на компаниите

Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) направила истражување меѓу своите членки за сегашните владини мерки за помош и поддршка на бизнисот во услови на корона вирус, и од таму сметаат дека генерално, тие не се соодветни и не им помагаат на компаниите. „Од испитаните компании, 57,1 отсто сметаат дека владините мерки нема да им помогнат на бизнисите, 25,4 отсто дека...

Кога не можат во вистинска училница, учениците ќе учат во еduino.gov.mk

Градинките, основните училишта, училиштата за средно образование и факултетите во земјата нема да бидат отворени и нема да продолжат со регуларна настава. Но, тоа не значи дека воспитно-образовниот процес треба да прекине. Тоа би било штета за знаењата на младите, рече на прес-конференција министерот за образование и наука Арбер Адеми. Тој не кажа прецизно како ќе се изведе оценувањето...

Филипче предлага да се затворат парковите и други построги мерки, граѓаните не слушаат препораки

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека ќе даде предлог до Владата да се затворат парковите, но и да се воведат и други, построги мерки, бидејќи и покрај препораките и апелите, повторно има јавни собири. „Очигледно не постои придржување до мерките, и голем број на граѓани ризикот не го земаат за сериозен. Мерките ќе ги заостриме, само...

Ги злоупотребуваат ли државите итните мерки за Ковид-19 потиснувајќи ги човековите права?

Повеќе од 200 илјади луѓе во цел свет се заразени од корона вирусот Ковид-19. Владите на повеќе од 120 држави во светот воведуваат драстични мерки за спречување на ширењето на вирусот. Рестриктивните мерки почнаа од затворање на надворешните граници се до ограничено движење на граѓаните. Организацијата на Обединетите Нации, побара од државите да не ги потиснуваат човековите права оправдувајќи се...

Десковска: Вонредната состојба не значи забрана на движење, полициски час и затворање на продавници

Министерката за правда Рената Десковска денеска појасни дека воведувањето на вонредна состојба не значи забрана на движење, полициски час и затворање на продавниците. Таа додаде дека ситуацијата не е ништо поразлична отколку претходно со кризната состојба. Ограничувањето на човековите права ќе биде минимално. „Самото прогласување на вонредна состојба, не значи ограничување на човековите права и начинот на живот. Но постои уставна...

Хелсиншки комитет: Да се имаат предвид човековите права кога се применуваат  мерки за групна изолација

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува загриженост во однос на сместувачките услови за групната изолација за лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак. Имено, во медиумите беше објавено сведоштво на лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште-Криволак, каде што евидентни се лошите хигиенски услови и недостатокот на соодветни легла. Во текот на денешниот ден, Министерството...

Филипче: Очекуваме за еден месец да има околу 2.000 заразени

За околу еден месец, го очекуваме пикот на корона вирусот кога очекуваме дека бројката на заболени ќе се искачи на 2.000 лица, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Тој информира дека во моментов бројката е 26 заболени лица. - Состојбата на пациентите е стабилна, вклучително и состојбата на пациентката која е на респираторна машина, нема знаци за...

Клиничката болница – Штип апелира да престане ширењето на лажни вести

Најавата од Министерството за здравство дека штипската Клиничка болница ќе стане изолациски центар наиде на осуда кај дел од граѓаните во Штип, додека опозициската ВМРО - ДПМНЕ обвини дека власта, со ова, го загрозува здравјето на граѓаните. - Во град со 50.000 жители, каде секојдневно доаѓаат и заминуваат работници и ученици, во срцето на административниот центар на Источна Македонија, се предвидува карантин...

Вонреден состанок на експерти од Македонија, Албанија и Грција за критичната состојба со Преспанското Езеро

Министерството за животна средина и просторно планирање, МЖСПП, информира дека ја следи состојбата со Преспанското Езеро и презема активности. Од таму велат дека МЖСПП се заложло „да го иницира процесот на воспоставување на Комитетот за управување на Преспа Паркот и е во процес на обезбедување на номинации од страна на земјите членки: Македонија, Албанија и Грција“. Тие додаваат дека, во...

Град Скопје: Денеска на пладне запираат вонредните мерки за загадувањето

Град Скопје информира дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен превоз и поскапениот паркинг, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 27 јануари 2020 година. „На мерните станици во главниот град среднодневните концентрации на ПМ10-честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 175...

ССК до Заев: Пред нас е изборен период во кој партиите многу ветуваат, a малку се реализира

Пред нас е изборен период во кој политичките партии многу ветуваат, а потоа малку од тоа се реализира или прифатените економски мерки попатно се разобличуваат од иницијалната идеја, истакна претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска на денешната средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Според нејзе, приоритет е справување со политичкиот клиентелизам, заради кој сите други развојни процеси...

ССНМ и ЗНМ: Нападите врз новинарите да бидат третирани како напади врз службени лица

Трите вербални напади придружени со закани и онлајн малтретирање врз новинарките Маја Јовановска, Мери Јордановска и Искра Коровешовска во последните две недели се вистински момент да потсетиме на иницијативата на ССНМ во соработка со Здружението за новинари за измени на Кривичниот закон со кои напад врз новинари и медиумски работници ќе се третира како напад врз службено лице, велат...

Новите лица осомничени во „Рекет“ повикани во Кривичниот суд

Лицата кои се опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост во врска со случајот „Рекет“ денеска се повикани во Основен кривичен суд Скопје да се произнесат пред судија на претходна постапка. – Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка вчера беше спроведено едно лице со предлог за определување...

Анѓушев до компаниите од Гевгелија: Поврзувањето на гасоводот ќе овозможи нови проекти

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на средбата со стопанствениците од Гевгелија рече дека поврзувањето на гасоводот ќе даде простор за нови проекти и ќе го намали трошокот на компаниите и граѓаните. „Гасоводната цевка, која што ќе биде интерконектор со Грција, е следниот приоритетен проект во делот на енергетиката. Од Неготино до Грција ќе се поврземе гасоводно и дел од таа...

Жените маршираа за реални промени и буџет за остварување на родова еднаквост

Третиот марш за права на жените и борбата за родова еднаквост, денеска се одржа под слоганот „Дали е среќен 8-ми Март?“, по повод Меѓународниот ден на жената. Во Прогласот тие велат дека маршираат, бидејќи трпението им е на црвено и да покажат дека повеќе не толерираат празна реторика. „Не прифаќаме декларативно залагање за родова еднаквост, ниту закони и стратегии за кои не...

Дворовите на основните училишта во Чаир во мизерна состојба, институциите дремат

Дворовите на некои основни училишта од општина Чаир се во мизерна состојба и со оштетени спортски терени. Порталб.мк посети неколку од основните училишта во Чаир, и на терен се...