fbpx
Таг: Меѓународен аеродром Скопје

таг: Меѓународен аеродром Скопје

Партиите пред избори редат ветувања за бројни инфраструктурни проекти

Двете најголеми политички партии во земјава со слични ветувања за развој на инфраструктурата во наредните четири години, доколку тие го добијат мандатот од граѓаните за да формираат влада. Коалициите „Можеме“ на СДСМ и „Обнова за Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ ставаат акцент на развојот на патната инфраструктура и транспорт, а во позадина се ставени железничката инфраструктура и сообраќај, велосипедскиот превоз и...

Македонските аеродроми поради корона кризата досега изгубија над 720.000 патници (инфографик)

Растат штетите од корона вирусот во ависообраќајот од двата македонски аеродрома. Како последица на нивното затворање за да се спречи ширењето на ковид-19 во земјава, во мај 2020 година биле превезени само 849 патници, наспроти бројката од 219.141 патник што минале низ скопскиот и охридскиот аеродром во мај 2019 година. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека од...

Аеродромите во земјава не се очекува да бидат отворени пред 15 јуни

Директорот за Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев смета дека не треба да се очекува аеродромите во земјава да бидат отворени пред 15 јуни. Моментално во земјава, бројот на летови во споредба со претходната година е само 7 до 10 отсто и во нив се опфатени воените летови, специјалните медицински, државните, хуманитарните летови и летовите за репатриација на државјаните...

Корона кризата доведе македонските аеродроми да изгубат половина милион патници

Корона вирусот и неговото четиримесечно ширење во нашата земја нанесува сериозни штети по авиосообраќајот. Поради одлуката на 18 март да се затворат двата аеродрома како мерка за спречување на ширењето на Ковид-19 во Македонија, до крајот на мај биле изгубени околу половина милион патници во авиосообраќајот. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во април 2020 воздухопловниот превоз...

„Катар ервејс“ летово нема да лета меѓу Скопје и Доха, укинати и летовите за Тел Авив и Измир

По речиси три години директни летови меѓу Скопје и Доха, „Катар ервејс“ летово нема да ја опслужува оваа авиолинија. Глобалната пандемија на корона вирусот и огромното намалување на интересот за патување со авиони придонесоа катарската авиокомпанија од крајот на мај да планира авиосообраќај само до 52 дестинации, додека во јуни би се активирале редовните летови до вкупно 80 дестинации,...

Короната го урна ависообраќајот – за два месеца „изгубени“ 300.000 патници (инфографик)

Затворањето на македонските аеродроми заради спречување на ширењето на корона вирусот веќе предизвика значајни штети во авиосообраќајот во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека низ двата аеродрома во првиот квартал од годинава минале 429.869 патници, односно за над 50.000 помалку во споредба со идентичниот период лани. Бројот на патници во првите три месеци од годинава е...

Авиокомпаниите по багателни цени нудат билети и за почетокот на мај, државата апелира да се почека

И покрај апелот на Министерството за транспорт и врски граѓаните да се воздржат од купување авиобилети за патување во странство, авиокомпаниите кои летаат од македонските аеродроми веќе продаваат карти за најголем број од дестинациите до кои се лета од Скопје и Охрид. На веб-страниците на некои авиокомпании може да резервира билет за летови што би се реализира и на...

Допрва ќе се анализира дали возот е економски исплатлив како јавен превоз во Скопје

Министерството за транспорт и врски допрва ќе прави анализа за нивото на економска исплатливост на проектот за воспоставување на приградски железнички сообраќај во Скопскиот регион. Владата во својата 4 - годишна програма за работа ја вклучи идејата за користење на возот како средство за јавен превоз во Скопје со 4 железнички краци, вклучувајќи ги линиите кои би поаѓале од...

Аеродромскиот воз е приоритетен кај транспортните проекти за кои ќе бараме средства од ЕУ

Министерството за транспорт и врски го стави како приоритетен проектот за воведување на железничка врска од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром Скопје на листата на проекти за кои во иднина ќе бараме поддршка од ЕУ и од другите меѓународни финансиски институции. Од ова министерство за „Мета.мк“ велат дека во втората половина на 2019 година до Секретаријатот за Европски прашања...

Засега не се регистрирани лица заразени со корона вирусот во нашата земја

Во земјава засега нема регистрирано ниту еден случај на лице заразено со корона вирусот, а државните власти прават напори за максимална контрола на лицата кои патувале во Кина и пристигнуваат на скопскиот аеродром. Министерот за здравство, Венко Филипче, денес го посети медицинскиот тим на Меѓународниот аеродром Скопје, кој со употреба на термална камера успешно ја спроведува постапката за идентификација...

Пруга до скопскиот аеродром постоела до 1980 година, на трасата денеска има само отпад

Скопскиот аеродром имал директна железничка врска до пругата Скопје - Куманово сѐ до 1980 година, кога престанала да функционира. Воeниот аеродром „Петровец“ преку оваа пруга се снабдувал со керозин за авионите, но по 1980 година во станицата Миладиновци бил изграден воен колосек и цевковод за пренесување на горивото до цистерните на аеродромот, ги потврдуваат за „Мета.мк“ овие информации од...

Железници – инфраструктура подготвена да биде носител на проектот за воз до аеродромот

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура - Железници на РСМ е подготвено да биде носител на проектот за поврзување со воз на Меѓународниот аеродром Скопје. Од таму за „Мета.мк“ велат дека идејата за воведување на воз до аеродромот е разгледана уште пред 20 - тина години. Во консултација со владата и со ресорното министерство, најпрво треба да се обезбедат финансиски средства...

Идеја постои, нема волја за инвестирање во воз до аеродром (видео + инфографик)

Патувањето од скопските населби до Меѓународниот аеродром знае да чини и до 20 евра во еден правец, односно да биде поскапо и од самиот лет со нискобуџетна компанија. Доколку не се користи такси, цената на билетот за директната автобуска линија до аеродромот е 180 денари, но возниот ред не секогаш одговара на полетувањата и слетувањата на авионите од аеродромот....

„Адриа ервејз“ банкротираше, Скопје останува без директни летови за Љубљана

„Адриа Ервејз“ вчера банкротираше и го остави Меѓународниот аеродром Скопје без двата дневни лета за и од Љубљана. Раководството на авиокомпанијата објави дека пред судот во Крањ е отворена стечајна постапка, а судот ќе донесе пресуда за побарувањата во рок од три дена. Во исто време, словенечката влада ги отпочна преговорите со „Луфтханза“ за преземање на дел од летовите на...

Или се на одмор или на боледување: Три месеци нема одговори за железничката инфраструктура

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ веќе трет месец не доставува одговори на поставените прашања за неколку значајни проекти. „Мета.мк“ изминатово лето во повеќе наврати испраќаше барања за одговори по електронска пошта, а во неколку наврати се обиде и телефонски да добие податоци за значајни теми за железничката инфраструктура. Од јули до денес, ниту едднаш не е одговорено...

Од странство ќе бараме пари за воведување на аеродромскиот воз

Министерството за транспорт и врски ќе треба допрва да ја изработува физибилити студијата за оправданоста од воведување на директен воз од Меѓународниот аеродром Скопје до Транспортниот центар. Во изјава за „Мета.мк“, од надлежното министерство велат дека тие допрва ќе се одлучат од која меѓународна финансиска институција ќе побараат поддршка за реализацијата на овој проект. - Бидејќи се работи за голем...

ТАВ би сакал да се воведе воз до скопскиот аеродром, но не и да инвестира во него

Воведувањето железничка врска до Меѓународниот аеродром „Скопје“ би била дополнителна придобивка за патниците, поради што и компанијата што управува со македонските аеродроми, „ТАВ Македонија“ ја поддржува идејата за воведување на аеродромски воз. Сепак, од компанијата велат дека нивната дејност е во областа на аеродромските операции и немаат намера да влегуваат во други бизниси. - Со оглед на тоа што ги...

Турку и Ларнака се две нови дестинации на „Виз ер“ од Меѓународниот аеродром Скопје

„ТАВ Македонија“ денеска го одбележа отворањето на две нови дестинации на „Виз ер“ од Меѓународниот аеродром Скопје – Турку и Ларнака. На Меѓународниот аеродром Скопје, попладнево беше пречекан првиот лет на новата директна авиолинија на „Виз ер“ од Турку, град на југозападниот брег на Финска. Со време на поаѓање 06 часот, а време на пристигнување од аеродромот Турку во 12...

Бројни предности од воведувањето воз до скопскиот аеродром, власта незаинтересирана (инфографик)

Воведувањето директен воз од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром „Скопје“ би можело да го скрати времето на патување и да ги намали трошоците на патниците, а да го зголеми комфорот при патување на оваа релација. Наспроти ваквите предности, засега нема интерес кај локалните власти за воведување ваков воз. До Град Скопје доставивме прашања за тоа дали постои интерес градската власт...

Аеродромскиот воз нема да тргне во следните три години

Во Националната програма за железничка инфраструктура за периодот 2019 - 2021 година не е впишан проектот за воведување на воз од скопската железничка станица до Меѓународниот аеродром „Скопје“. Министерството за транспорт и врски го вклучи овој проект во Националната транспортна стратегија 2018 - 2030 година, но за негова конкретна реализација треба допрва да се изработи физибилити студија, како и...