fbpx
Таг: медиумски реформи

таг: медиумски реформи

ААВМУ досега не регистрирала прекршувања на Изборниот законик при мониторингот на медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на 17 февруари го започна предизборниот мониторинг на медиумите и во изминатиов период не констатирала прекршувања на Изборниот законик, се наведува во четвртиот неделен извештај што ААВМУ го достави до Државната изборна комисија (ДИК). Следењето на работата на медиумите ќе продолжи во претстојниот период, за што ААВМУ од владата доби 5.277.000...

Јакимовски, кој им се закануваше на новинарките, доби затворска казна и препорака за психијатриско лекување

Основниот кривичен суд изрече затворска казна на заканувачот Емил Јакимовски на една година и осум месеци, но претходно треба да биде на задолжително лекување во психијатриската болница во Бардовци поради утврдено психичко растројство. Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба. Oбвинителството поднесе обвинителен предлог против него за продолжено кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 2...

Агенцијата за слободен пристап до информации ги реши заостанатите предмети од 2018 и 2019 година

Во двомесечниот период од нејзиното основање на 26 декември 2019 година, Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер приоритет во работењето стави на решавањето на заостанатите предмети од 2018 и 2019 година. Станува збор за поплаки кои стоеле во фиоки, како резултат на нефункционирањето на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен...

Стејт департмент: Владата постигна напредок во почитувањето на слободата на медиумите

Американскиот Стејт департмент во Годишниот извештај за човековите права во Македонија за 2019 година нагласува дека владата лани постигнала напредок во почитувањето на слободата на медиумите и слободата на изразување во земјава. Сепак, Стејт департментот констатира дека сѐ уште постојат проблеми што се провлекуваат од минатите години, како што е насилството и заплашувањето на новинари. Независноста на медиумите е...

Македонија ќе ја унапредува слободата на медиумите како дел од Коалицијата од 35 земји

Македонија како членка на Коалицијата за слобода на медиумите ќе делува со останатите земји потписнички за унапредување на слободата на медиумите на локално и глобално ниво, било усвоено на првиот состанок на Коалицијата за слобода на медиумите составена од 35 земји членки потписнички, која го одржала својот прв состанок на високи функционери на 29 и 30 јануари 2020 во...

Четири телевизии ја тужат ДИК, незадоволни од цената за платено политичко рекламирање

Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма поднесоа тужба за поведување на управен спор против Државната изборна комисија (ДИК) пред Управниот суд поради одлуката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниската цена за платено политичко рекламирање за последните пет изборни циклуси. Македонските национални телевизии се незадоволни од цената по која ќе треба да ги емитуваат предизборните реклами на партиите...

Двојно повеќе портали се пријавиле за платени изборни реклами од оние во регистерот на ЗНМ (инфографик)

Ќе се „опарат“ ли медиумски анонимуси од претстојните парламентарни избори од платеното политичко рекламирање? Ваквото прашање логично се поставува откако во речиси идентичен временски период беа промовирани два регистри на он-лајн медиуми во земјава со огромна разлика во нивниот број. Регистарот на професионални он-лајн медиуми „Промедиа“ беше промовиран од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во...

Регистарот на професионални онлајн медиуми достапен на promedia.mk

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за eтика во медиумите на Македонија (СЕММ) информираат дека веб-страницата на којашто се достапни податоци за професионалните онлајн медиуми www.promedia.mk од денеска е функционална и достапна за јавноста. Во моментот Регистарот го сочинуваат 101 онлајн медиум, кои објавуваат содржини на повеќе јазици. „Потсетуваме дека главни критериуми кои треба да ги исполнат онлајн медиумите за да...

АВМУ: Затворските казни за новинари може да доведат до автоцензура

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост во врска со шестмесечната условна затворска казна за главниот и одговорен уредник на „Инфомакс“, Александар Митовски, поради оддавање службена тајна. „Изрекувањето затворски казни за новинари кои информираат за теми од висок јавен интерес може да доведе до појава на автоцензура, а со тоа и до нарушување на слободата на информирање, слободата...

Новинарските здруженија ја осудија условната казна затвор за уредникот на „Инфомакс“

Новинарските здруженија ја осудија пресудата за главниот и одговорен уредник на „Инфомакс“, Александар Митовски, кој е осуден на условна затворска казна од шест месеци поради оддавање службена тајна. Имено, Митовски лани во август на порталот „Инфомакс“, објави официјален документ, записник од сведочењето на бизнисменот Орце Камчев кога го пријавил рекетирањето од Бојан Јовановски. Во однос на изречената пресуда, претседателот на...

Поповски: Гарантираме нулта толеранција за насилство, напади, уцени и притисоци врз новинарите

Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски денеска се обрати на регионалната работилница на тема „Новинарството за безбедносните предизвици во новото време“ што се одржа во хотел „Мериот“. Поповски истакна дека во време кога има чести појави на екстремизам, екстремно насилство и тероризам, последиците ги чувствуваат граѓаните и поширокото општество. „Медиумското известување и новинарските истражувачки стории за феномените на насилниот...

По одлуката на Агенцијата за слободен пристап до информации, Општина Тетово ги објави податоците за инспекторите

Откако Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер усвои одлука со која констатира дека Општина Тетово назаконски ги прикривала податоците за Општинскиот инспекторат, по една година оваа Општина со која раководи Теута Арифи, беше принудена да ги објави податоците во врска со нивното работење и другите вработени кои примаат плата од граѓаните, пренесува „Порталб.мк“. Според информациите кои ги...

Синдикатот на новинари и Советот за етика во медиумите ги осудуваат онлајн нападите врз новинарката Бурнс

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите најостро ги осудуваат нападите, навредите и онлајн малтретирањето врз новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Бурнс, од страна на вработен во Царинската управа на Македонија. Во соопштението на ССНМ се вели дека новинарката Бурнс на нивната телефонска линија за помош при напад врз новинари на 29 февруари...

Манчевски: Не прифативме политички пазар со ВМРО-ДПМНЕ за МРТ и ААВМУ

Со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, разговараме воопшто за спроведување на медиумските реформи, за застојот за избор на новите луѓе во Македонската радио телевизија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за намалување на нападите и тужбите против новинари како и за ефектите од субвенционирање на печатените медиуми. Дали сте задоволни од спроведените реформи во...

Делегацијата на ЕУ ги повика телевизиите, операторите и владата да најдат одржливо решение на спорот

Делегацијата на Европската Унија во Скопје повикува владата, телевизиските станици и кабелските оператори во земјава да преговараат и да изнајдат одржливо решение за спорот којшто може да доведе до прекин на реемитувањето на домашните и странските телевизиски канали од страна на операторите во земјава. Делегацијата на ЕУ потсетува дека постигнатиот договор треба да ја почитува важноста на слободата на изразување,...

Ако не се постигне договор, на 2 март на полноќ операторите ќе прекинат со реемитување на каналите

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали на 2 март (понеделник), вечерта на полноќ, за да остават простор за изнаоѓање законско решение во интерес на граѓаните. Ваквиот заклучок на членките на Здружението на ИКТ е последица на последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни...

Обвинувањата на телевизиите се неточни и тенденциозни, реагираат операторите

Здружението на информатичко-комуникациски технологии реагира на денешната прес-конференција на Македонската медиумска асоцијација на приватни национални телевизии (ММА) на која тие ги обвинија операторите за пиратерија и емитување на програма без авторски права, при што им создаваат нелојална конкуренција. „Најостро ги осудуваме неоснованите обвинувања искажани од страна на членките на ММА - Сител, Телма, Канал 5, Алфа и Алсат-М на днешната...

Телевизиите бараат оставка од директорот на ААВМУ, Трајчевски и акција од владата

Македонската медиумска асоцијација  на приватни национални телевизии (ММА) денес побара од надлежните институции да ја спречат заканата од телеком операторите за прекинување на реемитувањето на домашните телевизиски канали. Тие побараа оставка од Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), поради изнесените тврдења дека законските измени усвоени од Собранието биле донесени на крајно нетранспарентен начин. Атанас...

АВМУ: Последните измени на Законот за медиуми беа донесени на крајно нетранспарентен начин

Последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беа донесени на крајно нетранспарентен начин, во процес којшто не беше инклузивен и тоа пред самото донесување на Одлуката за распуштање на Собранието и на Решението за распишување на Предвремените парламентарни избори за пратеници. Ваквиот начин на носење на законски измени е крајно разочарувачки и несоодветен, велат од Агенција за...

Манчевски апелира на разум и повика на дијалог со кабелските оператори

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, за новонастанатата ситуација со кабелските оператори рече дека кога Собранието во 2018 година ги усвоило законските измени со кои се забранува емитување на странски програми без регулирани авторски права, имало согласност и од кабелските оператори и од националните медиуми како засегнати страни, но исто така имало и политички консензус. Тој посочува дека во различни...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...