fbpx

Ако не се постигне договор, на 2 март на полноќ операторите ќе прекинат со реемитување на каналите

-

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали на 2 март (понеделник), вечерта на полноќ, за да остават простор за изнаоѓање законско решение во интерес на граѓаните.

Ваквиот заклучок на членките на Здружението на ИКТ е последица на последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги (ЗААВМУ), што Собранието ги донесе на 16 февруари, на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа.

На 21 февруари повеќе оператори поднесоа заедничка Иницијатива до Уставниот суд за поништување на спорните одредби како неуставни и побараа донесување на времена мерка со која веднаш ќе се одложи примената на усвоените законски измени, поради нивна неуставност.

Во изминатите неколку денови Здружението на ИКТ ги информираше претседателот на државата, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, ресорните министри во Владата, АЕК, АВМУ, дипломатскиот кор, Делегацијата на ЕУ во земјава, Европската комисија, странските и домашните радиодифузери и домашната и меѓународната јавност, а беа одржани и средби во Владата и Собранието, со цел да се изнајде решение за ваквата ситуација, согласно регулативата.

Здружението на ИКТ потенцираше дека споменатите законски измени се спротивни на ЕУ-директивите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што Здружението има добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава.

„Во целиот период, пред и после донесувањето на законските измени, Здружението на ИКТ укажуваше на штетноста од ваквите измени и ги искористи сите механизми пред сите релевантни домашни и странски институции. Сепак, и покрај подготвеноста на Здружението да биде партнер во процесот на дефинирање на законските решенија кои ќе бидат во интерес на сите страни, а пред сè на корисниците, измените на Законот беа донесени на сосема спротивен начин,“ се додава во соопштението.

Заклучокот за прекин на реемитувањето на телевизиските канали ќе биде на сила сѐ додека надлежните институции не изнајдат прифатливо решение со кое ќе се стават вон правна сила спорните законски одредби кои го оневозможуваат нормалното работење на целата индустрија.

Како резултат на неспроведливоста на Законот, а со цел корисниците на ТВ услугите да не бидат оштетени, операторите нема да наплатуваат за ТВ услуги за периодот додека трае прекинот.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...