fbpx

Регистарот на професионални онлајн медиуми достапен на promedia.mk

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за eтика во медиумите на Македонија (СЕММ) информираат дека веб-страницата на којашто се достапни податоци за професионалните онлајн медиуми www.promedia.mk од денеска е функционална и достапна за јавноста. Во моментот Регистарот го сочинуваат 101 онлајн медиум, кои објавуваат содржини на повеќе јазици.

„Потсетуваме дека главни критериуми кои треба да ги исполнат онлајн медиумите за да станат дел од Регистарот се: транспарентно сопствеништво, објавен импресум, почитување на стандардите на Кодексот на новинарите, Повелбата за етичко известување за избори и Статутот на СЕММ, објавените текстови да се потпишани од автор, а доколку се преземени од други медиуми тоа да биде наведено, во согласност со Законот за заштита на авторски права,“ велат од ЗНМ и СЕММ.

Главната цел за креирањето на овој Регистар е да придонесе да се поттикне процесот на професионализација во работењето на онлајн медиумите, а со тоа и подобрување на нивниот кредибилитет, како и препознавање на оние кои ги почитуваат стандардите наспроти неетичките кои го нарушуваат угледот на професионалните онлајн медиуми.

„Саморегулацијата на медиумите продолжува да биде заедничка заложба на нашите организации за доброволно воспоставување критериуми и придржување до нив во рамките на процес кој е отворен за јавноста. Оттаму, потсетуваме дека членството во Регистарот на онлајн медиумите е менливо и е процес кој тековно ќе се развива. Ова подразбира дека медиумите кои во  моментот не се дел од Регистарот, а ги почитуваат условите за членство ќе може да се придружат додека, пак, оние кои веќе се дел од Регистарот, а се потврди дека не ги почитуваат критериумите за членство и етичките правила нема да имаат статус на активни членови,“ соопштуваат од таму.

Постапката на креирање на Регистарот се одвиваше според критериумите усогласени меѓу СЕММ и ЗНМ по примери од практиката на развиените демократски општества и Советот на Европа, а беше консултирана и медиумската и бизнис-заедницата во државата.

Освен тоа, процесот на саморегулација го поддржа и Стопанската комора на Македонија, која што упати апел до своите членки за рекламирање и огласување само во онлајн медиумите кои се дел од Регистарот на професионални онлајн медиуми. Процесот го поздрави Делегацијата на ЕУ во Скопје, канцеларијата на ОБСЕ во Виена, Американската амбасада во Скопје, како и од Европската федерација на новинари.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...