Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост во врска со шестмесечната условна затворска казна за главниот и одговорен уредник на „Инфомакс“, Александар Митовски, поради оддавање службена тајна.

„Изрекувањето затворски казни за новинари кои информираат за теми од висок јавен интерес може да доведе до појава на автоцензура, а со тоа и до нарушување на слободата на информирање, слободата на изразување, но и на поширокиот јавен интерес,“ велат од АВМУ.

Од Агенцијата потсетуваат дека една од суштинските задачи на медиумите е токму јавниот надзор над работата на политичките и јавните органи преку кој се гарантира нивната одговорност и транспарентност.

„Истовремено, потсетуваме дека медиумите при вршењето на својата работа мора да ги почитуваат професионалните и етичките новинарски стандарди,“ велат од таму.

На условната затворска казна со свои реакции се јавија ЗНМ, МАН и ВМРО-ДПМНЕ.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.