fbpx
Таг: меѓуградски превоз

таг: меѓуградски превоз

Во земјава лани биле регистрирани 3.144 автобуси, со просечна старост од 18,1 години (инфографик)

Автобускиот превоз во земјава и лани се одвивал со полнолетен возен парк. Просечната старост на автобусите што сообраќаат во градско-приградскиот, меѓуградскиот и меѓународниот превоз во 2019 година изнесувала 18,1 години. Споредбата на податоците на Државниот завод за статистика покажува дека старосната граница на возниот парк од околу 18 години речиси не е воопшто изменета во изминативе една и пол...

Ковид-19 предизвика историски негативни резултати во транспортот на патници во земјава

Јавниот превоз во градовите, меѓуградскиот и меѓународен автобуски превоз и патничкиот железнички сообраќај во вториот квартал од годинава регистрираа убедливо најмал број на превезени патници што некогаш е забележан во едно тримесечје во историјата на нашата земја. Транспортните компании претрпеле милионски загуби на патници во периодот од април до јуни 2020 година, кога беа на сила и најстрогите мерки...

Во меѓуградскиот превоз ќе биде дозволена исполнетост до 75 отсто од вкупниот капацитет

Наместо исполнетост до 50 отсто, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75 отсто од вкупниот капацитет на возилата. Оваа одлука ја донесе Владата на денешната седница по предлогот на Комисијата за заразни болести, во врска со протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници. Мета.мк континурано ја следи ситуацијата со јавниот превоз во...

Најмногу патуваме со автомобили, сè помалку користиме јавен превоз, автобуси и возови (инфографик)

Во изминативе три децении, навиките за патување на македонските граѓани значајно се промениле. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека автомобилот и такси превозот постанале главното средство за патување низ годините. Во 2018 година, 80,4 отсто од изминатите патнички километри во патниот превоз (9.452 милиони патнички километри) граѓаните ги поминале со своите автомобили или со такси. За разлика...

Транспортот со негативни резултати во првиот квартал, короната ги поштеди само товарните возови

Уште при првиот удар на пандемијата на корона вирусот и ограниченото движење на населението, македонскиот транспорт забележа пад кај бројот на превезени патници и стоки. Државниот завод за статистика во првиот квартал од 2020 година регистрирал 1.215.000 превезени патници во патниот патнички превоз, 93.000 патници во железничкиот сообраќај, 429.869 патници во воздухопловниот превоз и 18.330.000 патници во градско-приградскиот превоз. Споредено...

Возовите делумно сообраќаат, автобусите никако да тргнат

Меѓуградската автобуска станица во Скопје е празна, а истото важи и за станиците низ останатите градови во земјава. Корона вирусот транспортно ги отсече некои градови од земјава. Според податоците на Државниот инспекторат за транспорт, во периодот од 12-18 мај се направени вкупно 114 надзори и констатирано е дека меѓу општинскиот сообраќај е речиси целосно редуциран, односно неговиот интензитет е...

Јавниот градски и меѓуградскиот превоз од и кон Куманово се нормализира

Владата на денешната 55 седница го прифати предлогот на Главниот штаб за координација, врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово, информираат од владината прес-служба. Автобускиот и железничкиот сообраќај ќе може да почне редовно да функционира од Скопје до Куманово, како и меѓу Куманово и...

Во меѓуградскиот превоз десет пати повеќе се патува со такси отколку со воз (инфографик)

Наместо со возови и автобуси како што се патува низ цела Европа, нашата земја е меѓу ретките во која такси-превозот пополека постанува главно средство за превоз во меѓуградскиот превоз. Податоците на Државниот завод за статистика за 2019 година покажуваат дека возовите и автобусите се сè помалку атрактивни за патниците, па така таксистите го земаат приматот и во превозот меѓу...

И по Ласкарци, најголем дел од увезените автобуси се половни (инфографик)

И по тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци што се случи во февруари лани, Македонија продолжува со зголемување на увозот на половни автобуси и минибуси од странство за превоз на патници. Податоците од Царинската управа покажуваат дека не само што не се намалил, туку во 2019 година бил постигнат рекорд во увозот на стари и веќе употребувани превозни средства во...

Куманово од вечерва до понеделник во карантин, градот е ново жариште на заразата

Владата денеска донесе одлука за забрана на движење, односно полициски час во Куманово. Целосна забрана за движење има во време на викендот во периодот од 21 до 5 часот изутрина, а во работните денови, забраната за движење ќе важи во периодот од 16 до 5 часот следниот ден. Во градот веќе има забрана за меѓуградски и градски превоз, а...

Корона вирусот го намали меѓуопштинскиот превоз на патници за 60 – 70 отсто

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на вчерашната прес-конференција соопшти дека меѓуопштинскиот превоз на патници е редуциран од 60 до 70 отсто на целата територија на земјава. Меѓународните линии се целосно прекинати врз основа на препораките на Владата, а контролата ја врши Државниот инспекторат за транспорт, се наведува во соопштението на владата. Како резултат на драстично намалениот број на патници...

Два милиони патници помалку: Неславна година за меѓуградскиот автобуски превоз (инфографик)

Стрмоглав пад на бројот на превезени патници е забележан во 2019 година кај меѓуградскиот автобуски превоз. Во изминатите 12 месеци биле превезени само 5.827.000 патници, односно за 2 милиони патници помалку во споредба со 2018 година. Како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, превозот со автобуси меѓу градовите за само осум години изгубил дури 10 милиони патници. Меѓуградскиот...

За седум години двојно намален бројот на патници во меѓуградскиот превоз (инфографик)

Со зголемувањето на бројот на автомобили и рапидниот раст на дивите таксисти, македонските граѓани сè поретко патуваат со автобус меѓу градовите. Како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во меѓуградскиот автобуски превоз е двојно намален во изминативе седум години. Во 2012 година, со автобуси меѓу македонските градови биле превезени над 15 милиони патници,...

Половина година по несреќата кај Ласкарци: Ужалени семејства, многу сомнежи и малку одговори (видео)

Поминаа шест месеци од 13 февруари, денот кога Северна Македонија беше потресена од автобуската несреќа која однесе 16 човечки животи, пренесува „Порталб.мк“. И по половина година од најголемата автобуска несреќа во историјата на земјава, роднините на загинатите лица и експертите заедно во еден здив си го поставуваат прашањето како можеше да се дозволи таква небрежност од компании кои одговараат за...

Три предлози за зголемена безбедност во меѓуградскиот превоз во земјава

Случаите со несреќата кај Ласкарци, со пренатрупаноста со патници во автобусите и со запалениот македонски автобус во Црна Гора, го активираше алармот дека безбедноста на меѓуградскиот превоз е загрозена. За да се избегнат ваквите ситуации во иднина и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, експертите препорачуваат три измени во постапката за проверка на исправноста на автобусите, а пак превозниците...

Само 15 инспектори контролираат околу илјада меѓуградски и меѓународни автобуси! (инфографик)

Државниот инспекторат за транспорт има само 15 инспектори за контрола на 996 автобуси за меѓуградски и меѓународен превоз во земјава. За 16 месеци регистрирани се само осум случаи на претоварување на автобуси во меѓуградскиот превоз, а „Порталб“ регистрирал два такви случаи само за еден месец. Според законските одредби, ДИТ врши надзор на меѓуградскиот и меѓународниот превоз на патници и стоки,...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...