fbpx
Таг: локални избори

таг: локални избори

Полицијата расчистува два случаи на притисок поврзани со локалните избори

Министерството за внатрешни работи работи на два случаи со притисоци во врска со локалните избори. Првиот случај е во Центар Жупа, каде претседателот и четири членови на општинската изборна комисија на Општина Центар Жупа пријавиле неовластено снимање. Имено, на фејсбук-профилот на Р.И. биле објавени фотографии од денот на примањето на изборниот материјал на општинската изборна комисија во Центар Жупа од...

ВМРО-ДПМНЕ: Управниот суд подлегна на притисоците од СДС и од СЈО

Управниот суд подлегна под систематскиот притисок од СДС и од Специјалното јавно обвинителство и не дозволи прегласување во ниту едно избирачко место, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на одлуките на Управниот суд за тужбите што партијата ги поднесе во врска со одбиените приговори од ДИК за првиот круг од локалните избори. - ВМРО-ДПМНЕ до Управниот суд поднесе 24 тужби за 45 избирачки...

Во Косово избрани 19 од 38 градоначалници

На седмите по ред локални избори што во неделата се одржаа во Косово, откако се пребројани сите гласови, стана јасно дека од вкупно 38 општини, во првиот круг се избрани 19 градоначалници. Во доминантно српските општини, пак, победа прогласи Српска листа. Најголем успех на изборите забележа Демократскиот сојуз на Косово, партијата на поранешниот премиер Иса Мустафа. Таа во првиот круг...

Судот прифати една тужба на ВМРО-ДПМНЕ за Сарај, ДИК ќе каже дали ќе има прегласување

Управниот суд уважи една жалба од 28-те поднесени тужби против приговорите одбиени од Државната изборна комисија (ДИК) за гласањето и за сумирањето на резултатите од првиот круг од локалните избори што се одржа на 15 октомври. Управниот суд ги објави одлуките по сите тужби од партиите на својата веб-страница, според кои уважена е една тужба поднесена од коалицијата предводена од...

Управниот суд одби 16 тужби против одлуките на ДИК

Судечкиот совет на Управниот суд ги разгледал и донел одлуки за сите 28 тужби што политичките партии ги поднеле против решенијата на Државната изборна комисија по приговорите за првиот круг од локалните избори, одржани на 15 октомври. На интернет-страницата на судот се објавени одлуките за 16 тужби кои, како што се наведува, се одбиени како неосновани. Четиринаесет од објавените одлуки се...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не може да го сокрие фактот дека изборите беа криминални

„Ова се први избори во кои беше убиен директен учесник во изборниот процес. На кандидат за градоначалник му беше скршен черепот, а секојдневно пристигнуваат сведочења за закани со оружје, заплашувања и за поткуп“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, во Кавадарци. „Лагите на Заев нема да го покријат фактот...

Заев: Изборите беа кристално чисти, фер и слободни

Изборите беа кристално чисти, фер и слободни, со изолирани инциденти, а тоа го потврдија и меѓународните институции, изјави денеска во Кавадарци лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, прашан за коментар на вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека изборите биле нелегитмни и недемократски. - Човекот конечно изгуби избори, ние тврдевме дека само ако има слободна изразена волја,...

Поднесени 27 жалби до Управниот суд за одбиените приговори од ДИК

Вкупно 27 жалби се поднесени до Управниот суд од партиите ноќеска против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори, што се одржа на 15 октомври, соопшти судот. Инаку, рокот за за поднесување жалби за одбиените приговори од ДИК истекува денеска во 11 часот. Најмногу тужби поднела ВМРО-ДПМНЕ, вкупно 24, две жалби се од ТМРО...

Груевски: Гласачите нè казнија бидејќи се оддалечивме од традиционалните политики

ВМРО-ДПМНЕ беше казнета од своите гласачи бидејќи во изминатиот период партијата се оддалечи од традиционалните политики и се обиде да им се допадне на „некои други“, рече лидерот на опозициската партија, Никола Груевски, во вечерашното интервју на телевизијата „Алфа“. - ВМРО-ДПМНЕ беше казнета од традиционалните гласачи кои испратија порака до раководството. Имавме традиционална политика во изминатите 15 години, а овој...

Заев ја потврди коалицијата со ВМРО – Народна партија во Штип за вториот круг од изборите

Кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ, Благој Бочварски, во вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи на 29 октомври, ќе ја има поддршката од ВМРО - Народна партија, потврди лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, за време на денешната посета на Штип, во рамките на кампањата за вториот круг од изборите. - Она што е новина...

ВМРО-ДПМНЕ до Управниот суд ќе поднесе жалби за сите приговори одбиени од ДИК

ВМРО-ДПМНЕ ќе го искористи правото на жалба пред Управниот суд за сите приговори за локалните избори на 15 октомври, што беа одбиени од Државната изборна комисија, соопштија денеска од опозициската партија, додавајќи дека нема да дозволат некој да ја уништува демократијата и правната држава во Република Македонија. Рокот за поднесување жалби до Управниот суд е 24 часа и истекува вечерва,...

Заев побара поддршка од гостиварци за кандидатот за градоначалник на ДУИ, Бејта

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, синоќа побара поддршка од граѓаните на Гостивар за кандидатот за градоначалник на ДУИ, Невзат Бејта, во вториот круг од локалните избори, кој ќе се одржи на 29 октомври. - Дојдов во овој убав град на соживотот, да побарам поддршка за Невзат Бејта. Гостивар беше во незавидна состојба затоа што вашиот градоначалник знаеше да...

СДСМ: Помина времето кога граѓани „за уши, еден по еден“ се носеле на гласање

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), се огласи со реакција на обвинувањата што денеска на прес-конференција ги изрече Спиро Ристовски, претседател на републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, кој обвини за огромни нерегуларности и „бугарски возови“ во првиот круг од локалните избори, кој се одржа во неделата, 15 октомври. Владејачката партија на ВМРО-ДПМНЕ ѝ порачува дека завршило времето кога снемувало ливчиња,...

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за изборни нерегуларности

Постојано ни пристигнуваат информации за огромни изборни нерегуларности, злоупотреби, кршења на процедури, притисоци. По завршувањето на гласањето на повеќе локации низ државата забележано е недостаток или вишок на гласачки ливчиња. На голем број места не соодветствува бројот на ливчињата и бројот на потпишани граѓани што гласале, што укажува на сериозни сомневања за организиран т.н. бугарски воз, со што се...

ДИК го проби рокот за одлучување, досега решени само седум приговори

Државната изборна комисија го проби рокот од 48 часа за разгледување и одлучување по приговорите од политичките партии за изборите, кое требаше да заврши вечерва во 19 часот. Ова, во текот на седницата, која сè уште е во тек и на која има жестоки расправии меѓу членовите од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, го спомена и претседателот на Комисијата, Александар Чичаковски,...

ААВМУ: Медиумите имале генерално еднаков третман на партиите во првиот изборен круг

Програмските сервиси на државно ниво, опфатени со надзорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), во првиот круг од локалните избори „генерално обезбедиле еднакви услови за пристап до сите облици на изборно медиумско претставување“, соопшти денеска Агенцијата. Голем дел од нив, се вели во соопштението, вложиле напори да организираат и дебатни соочувања на учесниците на изборите. Во овој...

ВМРО-ДПМНЕ: Црната кампања на СДСМ го достигна дното

Членот на СДСМ, Сафет Али, кој е еден од најблиските соработници на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип, Благој Бочварски, е сликан со погребен венец за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и штипски градоначалник, Илчо Захариев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „ова е врвот на една морбидна кампања на СДС и е доказ за аздисаноста...

ВМРО-ДПМНЕ повлече три приговори за локалните избори од 43 доставени до ДИК

На почетокот на денешната седница на ДИК, на која треба да се расправа за приговорите за локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата за Албанците, ТМРО и од Левица, седницата беше бргу прекината затоа што ВМРО-ДПМНЕ повлече три приговори од вкупно 43 што ги поднесе до ДИК. Како што објаснија претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, тие повлекуваат приговори и за избор на советници и...

ДИК денеска ќе ги разгледува приговорите и ќе одлучува по нив

Државна изборна комисија на денешната седница, која ќе почне во 10 часот, ќе ги разгледува приговорите и ќе одлучува по нив. ДИК е должна да реши по приговорите во рок од 48 часа по приемот. На седницата вчера, ДИК го усвои извештајот за поднесените приговори за постапката за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите. До Државната изборна комисија пристигнале вкупно 46 приговори...

ДИК го усвои извештајот, приговорите ќе се разгледуваат утре

Државна изборна комисија на денешната 158. седница го усвои извештајот за поднесените приговори за постапката за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите. Од таму информираат дека разгледувањето на приговорите и одлучувањето по нив, ќе биде утре на седницата која е закажана во 10 часот. ДИК е должна да реши по приговорите во рок од 48 часа по приемот. До Државната изборна...

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...