fbpx
Таг: кражба

таг: кражба

Тинејџер украл „ауди а4“

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д. (18) од Скопје поради соменевање дека украл автомобил марка „ауди а4“, за што му е одредена мерка притвор во траење од осум дена. Од МВР информираат дека осомничениот го украл возилотo од улица Македонска преродба, по што се упатил кон Охрид. „На патот кон Охрид, на Стража, движејќи се со одземеното возило, му пукнала...

Од поштата во Миладиновци украден сеф со пари и со документи

Ноќта меѓу вторникот и средата неделава, непознат сторител провалил во поштата во скопското село Миладиновци и украл сеф, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, крадецот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел сеф во кој имало пари и документи. Извршен е увид на местото и полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Украдени 104.500 денари од поштата во село Жван

Непознато лице ја ограбило поштата во демирхисарското село Жван и од неа украло вкупно 104.500 денари, соопшти полицијата. Кражбата била извршена во периодот меѓу 5 и 7 декември годинава. Крадецот со употреба на физичка сила и соодветен алат, насилно ја отворил влезната врата, а потоа насилно го отворил металниот сеф од каде ги одзел парите, по што го напуштил местото на...

Ограбен стан во Аеродром

Непознато лице вчера ограбило стан во скопската населба Аеродром, сопственост на 32-годишниот Д.Ц. Како што соопшти полицијата, крадецот украл златен накит, мобилен телефон и машки рачен часовник во вредност од 70.000 денари. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Од куќа во Скопје украден сеф со златен накит и со 200 куршуми

Синоќа, околу 19.30 часот, непознат сторител извршил кражба во куќа, сопственост на 73-годишен скопјанец, на улицата Женевска во Скопје. Како што информираат од полицијата, крадецот од спалната соба во куќата одзел сеф во кој имало златен накит и околу 200 куршуми. Од полицијата велат дека преземаат мерки за откривање на сторителот и за расчистување на случајот.

Албански државјанин извршил четири тешки кражби и одзел пет возила во струшко

Полициската станица од Струга му поднесе кривична пријава на А.П.(23) од Либражд-Република Албанија, кого го товари за основи на сомнение за сторени девет казнени дела од кои четири се „тешка кражба“ и пет „одземање на моторно возило“, информираше Стефан Димоски, потпарол на СВР Охрид. Тешките кражби, пријавениот ги извршил во текот на јули, октомври и ноември оваа година во авто-сервис,...

Украдени два пиштола

Непознато лице во средата ограбило куќа на скопската улица Финска, сопственост на 33-годишниот С.Б. Крадецот од куќата одзел пиштол марка „танфоглио“, калибар 9 милиметри, по што го напуштил местото на настанот. Полицијата, која вчера добила пријава за кражбата, работи на целосно расчистување на случајот. Истовремено, дебарската полиција добила пријава дека од домот на 53-годишниот И.В. (53) од селото Мал Папрадник, во периодот од 18 ноември до...

Кумановец олеснат за 743.500 денари

Непознато лице вчера ја ограбило куќата на 53-годишниот кумановец З.Ш., соопшти МВР. Крадецот ја прескокнал оградата од куќата и со употреба на сила и на соодветен алат ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел златен накит и 550 евра, по што го напуштил местото на настанот. Вредноста на украдената стока се проценува на 743.500 денари. Увид на местото на кражбата извршила...

Ограбена обложувалница во Чаир

Непознато лице вчера попладне ја ограбило спортската обложувалница „Бонкапо“ во Скопје, на улицата Џон Кенеди. Краадецот, заканувајќи се со огнено оружје, од еден од вработените одзел 36.000 денари, по што го напуштил местото на настанот. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Претставник на стечајците од КПК „Куманово“, осомничен за кражба на стока од фабриката

Секторот за внатрешни работи Куманово го сомничи 61-годишниот Ј.М., претставник на стечајните работници од Кожарско-преработувачкиот комбинат „Куманово“ АД Холдинг, за кражба на кожа и на кожени производи од магацинот на фабриката, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Претходно за истиот случај, пријави против непознато лице поднел стечајниот управник на кумановската фабрика. Осомничениот Ј.М., кому, како што информираат од МВР, му бил...

Украден сеф од благајната на Клиниката за инфективни болести

Вчера попладне, во периодот меѓу 15 и 19.30 часот, непознат сторител провалил во благајната на Клиниката за инфективни болести во Скопје и украл сеф во кој имало пари, картички за точење гориво и други предмети, информира полицијата. Според полицијата, крадецот, најверојатно, со автомобил влегол во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и дошол до Клиниката за инфективни болести, каде со...

Уапсени двајца скопјани кои се барале со судска наредба

Екипи на Секторот за внатрешни работи Скопје, постапувајќи по судска наредба, уапсиле двајца скопјани кои се барале за издржување затворски казни, информира полицијата. Во едниот случај, според полицијата, станува збор за Васил Е. (43), кој се барал за издржување затворска казна од три години поради тешка кражба. Предраг Ц. (35), пак, се барал поради издржување затворска казна од две години за...

Украден пиштол од куќа во скопско Волково

Непознат сторител, во периодот меѓу 31 октомври и 3 ноември годинава, провалил и украл пиштол од домот на жител на скопското село Волково. Како што информираат од полицијата, станува збор за пиштол марка „застава јуроп“, калибар 7,62 милиметри. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Приредувале игри на среќа без да поседуваат лиценца

Поради постоење основи за сомневање дека приредувале игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.К. (28) и Р.Ф. (54), двајцата од Кичево. Со пријавата е опфатен и правниот субјект „Балкан-бет“ од Кичево. Во периодот од јуни до август годинава, пријавениот А.К., во својство на вработен во спортска обложувалница „Балкан-бет“, и  Р.Ф., во својство...

Жител на Октиси украл камери од џамија во Струга

Поради сомневања за сторена кражба, струшката полиција поднела кривична пријава против 40-годишниот М.Д., жител на селото Октиси. Според полициските информации, осомничениот на почетокот на минатиот месец од ѕидовите на џамијата „Алвети Хасан Баба“ во Струга извадил две камери, чија вредност била проценета на околу 18.000 денари, и ги однел во Октиси. Четири дена по кражбата, полицијата го открила осомничениот и ги нашла камерите,...

Ограбена куќа во Велес

Непознат сторител провалил во куќа на 21-годишен велешанец и украл златен накит, пиштол и други предмети, чија вкупна вредност била проценета на околу 30.000 денари. Како што информираат од полицијата, кражбата се случила во периодот меѓу 1 и 15 октомври, во куќа сопственост на Т.А. (21) на улицата Стеван Богоев во Велес. Според пријавата, крадецот со себе однел златен и друг...

Виничанец осомничен за кражба во продавница за детска облека

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против И.М. (22), осомничен дека ограбил продавница за детска облека, од која однел стока во вредност од околу 163.000 денари или околу 2.650 евра. Според полицијата, осомничениот, кражбата за која се товари, ја извршил кон крајот на ноември минатата година. Тој, според полицијата, провалил во продавницата „Кит-кет“ во Виница, откако го...

Жител на струмичко Ново Село осомничен за кражба на дрва

Струмичката полиција поднела кривична пријава против Е.П.Е. (52) од Ново Село, кој се товари за кражба на дрва, информира полицијата. Според полицијата, на 17 септември, полициски службеници го затекнале осомничениот како управува трактор, натоварен со 5,46 кубни метри нелегално исечени дрва за огрев.

Гостиварецот кој се бараше со потерница, пронајден и сместен во затворот во Охрид

Гостиварецот Џ.И., кој се бараше со потерница за издржување затворска казна, е пронајден од полицијата и е сместен во затворот во Охрид. Поради постоење основи на сомневање дека сторил шест тешки кражби и дека одзел моторно возило, полициската станица од Струга му поднесе кривична пријава. Пријавениот, казнените дела ги сторил во текот на август и на септември оваа година во Струга. Тој, со...

Продале на црно бакар од ЕМО, а го пријавиле за украден

Поради постоење основи на сомневање за сторени четири кривични дела, од кои две лажни пријавувања на кривично дело, несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Ф. (48) од охридското село Трпејца и З.Д. (44) од Охрид. Првопријавениот како генерален директор на АД „ЕМО Охрид“, а второпријавениот како директор на погон,...

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...