fbpx
Таг: кражба

таг: кражба

Вооружен и маскиран разбојник ограбил продавница среде Струга

Е.Р. (25) од струшкото село Корошишта, според МВР, вооружен и маскиран влегол во продавница лоцирана на улицата Моша Пијаде во Струга, им се заканувал на вработените и им ја обил касата. Поради постоење основан сомнеж дека сторил разбојништво, МВР му поднесе кривична пријава. Пријавениот, со капа на главата, шал на устата и со пиштол во рака, влегол во продавницата и со висок тон на вработените...

Албански државјанин со украдено возило се обидел да прегази македонски полицајци

Албанскиот држајанин А.П. (24) од местото Прењас, илегално ја преминал границата со Македонија и од струшкото село Велешта, од автосервисот „Пети“, одзел патничко моторно возело „фиат мареја“, со кое се вратил кон граничниот премин Ќафасан каде го оставил возилото и преминал на албанска страна. Потоа, уште еднаш, заедно со уште три други лица, албански државјани, илегално ја преминал границата и со...

Тешки кражби на златен накит и на бакар во Полошко

Тешка кражба во која е одземен златен накит во вреднот од 447.000 денари е извршена вчеравечер во куќа на 52-годишен жител од тетовското село Одри. Засега непознати сторители, откако насилно го отвориле прозорецот на приземјето од куќата, влегле внатре, целосно ги пребарале просториите на катот и од кутија, која се наоѓала во фиока во една од собите, одзеле алки, синџирџиња, прстени...

Украдени 280.000 евра од седиштето на полицијата во Загреб

Непознати лица синоќа ја ограбиле канцеларијата на началникот на службата за организиран криминал, Жељко Долачки, во зградата на Министерството за внатрешни работи во Загреб. Информацијата за кражбата ја потврди и загрепската полиција. Хрватските медиуми наведуваат дека според неофицијални информации, украдени се 280.000 евра и два килограми злато од сефот. Крадците, наводно, влегле во канцеларијата на вториот кат преку надворшените пожарникарски скали. Сè...

Украдени 9.900 евра од куќа во Челопек

Непознат сторител, во периодот од 21 јануари до 26 март годинава ограбил куќа во тетовското село Челопек, соопшти денеска полицијата. Крадецот насилно го отворил прозорецот од куќата, која е во сопственост на Е.Б.(49) и извршил тешка кражба при што одзел сума на пари од околу 9.900 евра. МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Украден пиштол, ловечки нож и евра во куќа во село Трница

Шеесет и тригодишниот А.П. од мавровското село Трница вчера околу 19,15 часот во полиција пријавил дека ограбен му е домот. Непознато лице користејќи ја балконската врата упаднал во неговата куќа, при што одзел пиштол „застава ЦЗ-99“ со полна рамка, еден ловечки нож и 1.700 евра. Краадецот заминал во непознат правец, а полицијата презема мерки за за пронаоѓање на сторителот и целосно...

Апелација драстично им ги намали казните на осудените за кражбата на артефакти

Апелацискиот суд Скопје донел одлука со која им ги намали затворските казни на седуммината осудени за кражбата на артефакти од Музејот на Македонија, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Како што информираат оттаму, Апелацискиот суд ги прифатил жалбите на осудените и по оддржаната седница на 18 јануари годинава, донел пресуда со која ја потврдил првостепената пресуда, но ја преиначил во...

Во Кочани краделе крстови од гробиштата за да се затоплат

Роднини на починати забележале дека недостигаат речиси сите дрвени крстови во новиот дел од гробиштата во Кочани. Тие сведочат дека кога отишле на Задушница, забележале дека се однесени повеќе од 90 отсто од крстовите. - Ни кажаа дека биле забележани луѓе кои ги ставаат дрвените крстови во вреќи. Тие денови беше многу студено, па претпоставивме дека ги употребиле за огрев....

Ограбен сефот на битолски „Водовод“

Крадци го испразниле сефот на Јавното претпријатие „Водовод“ во Битола, кое се наоѓа во центарот на градот, во близина на Широк сокак. Според неофицијални информации, од сефот биле украдени околу 1.000 евра. Глетката што утрово ја затекнале дел од вработените била вознемирувачка. Крадците успеале да го извадат сефот, тежок неколку стотици килограми, од благајната на вториот кат, во ходникот и таму...

Едни граделе, други краделе од градилиште на автопатот Кичево – Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против шест лица, меѓу кои и еден малолетник, поради постоење основан сомнеж дека извршиле четири тешки кражби и една кражба. Кражбата ја извршиле на градилиште на автопатот Охрид - Кичево, при што одзеле метални шипки, 500 килограми бакарна жица, 20 метри електричен кабел и бакарни плочи од електромотори, стекнувајќи противправна имотна корист од 369.000 денари. Во периодот од септември 2015...

Ограбена скопската црква „Св. Ѓоргија“

Непознато лице вчера ја ограбило црквата „Св. Ѓоргија“ на улицата Панче Неделковски во Скопје. Педесет и двегодишната С.П. вчера ја пријавила кражбата во полициската станица Бит-пазар и соопштила дека од црковната каса, која насилно била отворена, се одземени 4.000 денари. Полицијата трага по крадецот и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Кривична пријава за џебни кражби извршени во Клиничкиот центар

Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција на СВР-Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство со кривична пријава го предаде лицето С.И.М. (53) од бугарскиот град Плевен, поради основано сомневање дека извршила две кривични дела џебна кражба, соопшти МВР. Судија на претходна постапка ѝ одреди мерка забрана за влез во Република Македонија во времетраење од пет години. Бугарската државјанка кривичните дела ги извршила...

Гостиварец олеснат за 29.000 евра

Непознато лице вчера ограбило куќа во гостиварската населба Осма Зона, соопшти МВР. Крадецот упаднал во домот на 32-годишниот А.З., при што од метален сеф одзел сума на пари од околу 13,500 евра во разни апоени и златен накит во вредност од околу 15.400 евра. Како што соопшти полицијата, крадецот влегол во куќата низ незаклучената врата, а по извршеното пребарување и пронаоѓање...

Украден пиштол од стан во Скопје

Непознато лице вчера извршило тешка кражба во стан на скопската улица Ѓорѓи Поп-Христов. Крадецот од станот на 54-годишниот Р.Џ. (54) украл еден пиштол, марка „чешка зброевка“, со калибар 9 милиметри. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Ограбен таксист во Скопје

Утринава, околу 5 часот во Скопје, 39-годишниот К.Ѓ. пријавил дека непознато лице го ограбило. Крадецот побарал такси услуга од ТЦ „Капитол“ до населбата Чаир и кога стигнале на улицата 159, тој со закана со пиштол од возачот одзел сума пари од околу 3000 денари, по што го напуштил местото на настанот. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопјани ограбени додека спиеле

СВР-Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против В.П. (44) од Ниш, Република Србија, поради основан сомнеж дека извршил две кривични дела - тешка кражба на особено дрзок начин и обид за тешка кражба. Судија на претходна постапка на осомничениот му одредел мерка притвор во траење од осум дена. Кривичните дела пријавениот, заедно со уште едно засега непознато лице,...

Ограбена црква во тетовското село Волковија

Во временски период од 15 декември 2015 година до 1 јануари годинава, на местото Чука во атарот на селото Волковија, од непознат сторител извршена е тешка кражба во црквата „Св. Ѓорѓија“, при што се одземени околу 3.000 денари и 10 мали икони од различни светци. Крадецот преку покривот на црквата влегол во камбанаријата и низ незаклучената врата по скали влегол во црквата....

Во Гостивар украден накит вреден 25.000 евра

Непознато лице вчера околу 12 часот ја ограбил куќата на 41–годишниот Е.Р. на улицата Илинденска во Гостивар. Крадецот од сеф во куќата одзел златен накит во вредност од 25.000 евра. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица од Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Нападнати и ограбени две жени во Куманово и во Прилеп

Две жени во текот на вчерашниот ден се физички нападнати и ограбени во нивните домови во Куманово и во Прилеп. Напаѓачите од жените одзеле златен накит и пари. Како што соопшти СВР Куманово, кумановката е ограбена е вчера, околу 3 часот, во нејзиниот дом на улицата Веселин Маслеша. Непознат сторител влегол преку прозорецот од бањата во куќа сопственост на 50-годишната Е.М....

Тинејџер украл „ауди а4“

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д. (18) од Скопје поради соменевање дека украл автомобил марка „ауди а4“, за што му е одредена мерка притвор во траење од осум дена. Од МВР информираат дека осомничениот го украл возилотo од улица Македонска преродба, по што се упатил кон Охрид. „На патот кон Охрид, на Стража, движејќи се со одземеното возило, му пукнала...

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...