fbpx
Таг: Kovid19verifikacijamkd

таг: kovid19verifikacijamkd

Вистиномер: Пост на Фејсбук злоупотребува изјава на доктор Пановски

Во продолжение пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на едно тврдење пласирано преку социјалните мрежи: Пост на Фејсбук шири дезинформации дека во Македонија пристигнал новиот сој на коронавирусот, омикрон четири дена пред неговото фактичко пристигнување. Објавата споделува текст со наслов: „Лоша Вест Доцна Вечерва: „Омикрон“ Влезе Во Македонија – Ова Се Најновите Детали“, додавајќи во постот дека доктор Никола Пановски поради тоа барал...

Вистиномер: Не е вистина дека покачената температура значи дека сте отруени

Знаците на труење со некој отров се многубројни и никако не може да се тврди дека доколку имате само покачена температура, автоматски значи дека сте отруени. Всушност, покачената телесна температура воопшто не е наведена како дел од симптомите на труење, пишува „Вистиномер“ во новата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Фејсбук објавата што е предмет на оваа рецензија, тврди дека...

Вистиномер: Пет најголеми теории на заговор во 2021 година

Годинава која изминува во медиумите и на социјалните мрежи се пласираа неколку теории на заговор. Дел од нив стари и познати, овојпат се поврзуваа со пандемијата на коронавирусот, сугерирајќи дека таа е лажна и планска со цел воспоставување на некаков нов светски поредок во кој ќе се контролираат луѓето преку чипови од вакцините. Во тој дух на социјалните мрежи...

Вистиномер: Не е точно дека омикрон е производ на вакцинацијата

Научно е потврдено дека од вакцините не може да се инфицирате од коронавирусот. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од овој вирус. Научната јавност е децидна дека најважниот фактор што го зголемува ризикот од мутации е ширењето на вирусот. Колку вирусот повеќе се шири на одредено место, толку е поголема веројатноста за уникатна мутација. Имено, варијантите на...

Вистиномер: Не е точно дека СЗО не препорачува да се носат маски во училиштата

СЗО има донесено препораки за употребата на маски во училиштата и тоа за секоја возраст. Не е точно дека СЗО нема препораки за тоа дали децата во училиштата треба да носат маски, како што се сугерира во објавата што ја анализираме. Таквите препораки се присутни на повеќе места од порталот на СЗО, како и во официјални публикации издадени од...

Доктор Бобан Вучевски: Има луѓе кои и по прележувањето на ковид-19 со тешки симптоми, не веруваат во болеста

Имаше многу пациенти кои не веруваа во оваа болест. Општо кажано, во нашите краишта имаме многу ниска медицинска култура, не се грижиме толку за нашето здравје за разлика од поразвиените земји. Кај нас медицинската едукација е сведена на минимум и затоа се соочуваме со проблеми, со голем број на срцеви болни, на кардиолошки и пулмолошки болни, а сега посебно...

Вистиномер: Не е вистина дека смртта кај пилотите се покачила за 1.700 отсто поради вакцинирањето

Во објавата се прави манипулација со бројките, односно се презентирани во погрешен контекст и второ неточно се тврди дека причината за смртта на пилотите е вакцинација. Во соопштението од списанието „Air Line Pilot“ велат дека бројките на починати лица кои се наведени дека се случиле во 2019 и 2020 година не се единствените што се случиле тие години, туку...

Вистиномер: ПЦР тестот не е лажна дијагностичка алатка

Наводниот цитат од Мулис, кој го измислил ПЦР методот во 1985 година, а потоа добил Нобелова награда за хемија во 1993 година, не е негов. Тврдењето е земено од текст напишан од Џон Лауритсен во декември 1996 година за ХИВ и СИДА, а не за ковид-19. Лауритсен не вели дека ПЦР тестовите не функционираат, туку појаснува дека идентификуваат супстанци квалитативно,...

Вистиномер: ПЦР тестовите не се ни отровни, ни озрачени!

Експериментот прикажан на видеото не покажува радиоактивно зрачење, но покажува колку опасни може да бидат манипулативните анонимни видеа со лажни тврдења во нив. Уредот во видеото е тестер за електромагнетно зрачење SoeHong DT 1130, којшто на Амазон може да се купи за 25 евра. Сите ПЦР тестови се стерилизирани со етилен оксид, гас за кој неосновано се тврдеше дека...

Вистиномер: Паушални тврдења за појава на оток и плускавец по примена трета доза вакцина

Постот со објавена фотографија на отечена нога со плускавец, наводно, како резултат на примена трета доза од вакцината „Фајзер“ против ковид-19, е паушален и има за цел да ги изманипулира корисниците на социјалните мрежи дека споменатата вакцина е опасна. Од МАЛМЕД велат дека има пријави за сомнеж за несакани реакции кои претежно имаат лесна симптоматолгоија, но, кај нив  досега...

Вистиномер: Омикрон не ги заразува исклучиво вакцинираните

Од извештајот на Центарот за контрола на заразни болести од САД, произлегува дека од 43 пациенти, 34 примиле две дози вакцина. Тоа значи дека останатите не примиле две дози, односно се невакцинирани. Оттука невистинито е да се тврди дека омикрон ги погодува ИСКЛУЧИВО вакцинираните. Случаите кои се потврдени со омикрон, се лица кои во најголем дел патувале и се...

Вистиномер: Омикрон не е лага, туку потврдена варијанта на коронавирусот во 63 земји во светот

Наспроти невистините што ги шири оваа објава на Фејсбук, во Африка не само што има утврдено присуство на коронавирусот, туку од ковид-19, според податоците од СЗО,  досега заболеле 6. 564.819 милиони луѓе, а починале 153.808 лица. Официјалните податоци покажуваат дека процентот на вакцинирани во Африка е многу низок и изнесува 7,3 отсто и таму досега целосно се вакцинирани околу 101...

Вистиномер: Вакцините против ковид не може да ве заразат со ковид

Фактите говорат дека ниедна авторизирана вакцина против ковид-19  не содржи жив вирус кој предизвикува ковид-19.  Така што вакцината не може да ве зарази со ковид-19. Симптомите кои се јавуваат после вакцинација се краткотрајни и се доказ за градењето на имунолошки одговор, а имунитетот не се создава инстантно, туку во период за неколку недели после втората доза. Во тој меѓупериод...

Вистиномер: Фејсбук објава дезинформира дека со тестовите се краде ДНК

Тестирањето е всушност земање на брис подлабоко од грло и нос со стапче со памучен врв, трае неколку секунди и е безбедно, како и секое друго земање брис коешто сите ние сме го правеле многупати досега за разни други бактерии и вируси. Примерокот потоа се тестира во лабораторија за да се види дали е присутен генетски материјал, наречен РНК,...

Вистиномер: Административниот пат на ковид вакцините од производителот до пациентите

Вакцините против ковид-19 кои стигнуваат во Северна Македонија, може да се набават само на два начина – или со регистрација, или со интервентен увоз. Без разлика за која законска варијанта ќе се одлучи Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД, вакцините поминуваат длабински контроли и процедури за регистрација, како и ревизија на документи и сертификати за безбедност. И донираните...

Вистиномер: Најголемите лаги поврзани со квалитетот и ефективноста на вакцините против ковид-19

Со појавата на пандемијата на коронавирусот во јавноста испливаа голем број лаги и теории на заговор кои и ден денес се пласираат. Дезинформации почнаа да се шират и со појавата на вакцините против ковид-19, а во врска со нивниот квалитет и реакции. Ваквите дезинформации ги шират пред сè антиваксерите, но има и лекари кои пласираат секакви невистини и сомнежи...

Вистиномер: Што досега знаеме за новиот сој на коронавирусот „омикрон“?

На почетокот на декември жител на Калифорнија кој се вратил дома од Јужна Африка, беше идентификуван како првиот Американец заразен со Омикрон, а официјалните лица оттогаш ја открија варијантата во неколку држави, вклучувајќи ги Њујорк, Колорадо, Небраска, Минесота и Хаваи.  Откритието на „омикрон“ предизвика значителна паника низ целиот свет, при што голем број земји ги забранија летовите од јужна...

Вистиномер: Дезинформација е дека 90 проценти од починатите се вакцинирани

Фејсбук објава без докази и извори од релевантни институции, шири невистини дека 90 проценти од починатите овој месец се вакцинирани, додека анализите на Министерството за здравство покажуваат дека 79 отсто од починатите и 69 отсто  од новозаразените во изминатите  4 месеци се токму невакцинирани лица, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се  изнесуваат...

Вистиномер: Не е вистина дека вакцините не спречуваат заразни болести

Благодарејќи на имунизацијата многу заразни болести кои во минатото претставувале значаен јавно-здрaвствен проблем затоа што предизвикувале висок морбидитет, односно морталитет кај децата и возрасните, или предизвикувале компликации и инвалидитет, денес се елиминирани или ставени под контрола, сведени на поединечни случаи без смртен исход и трајни последици. Вакцините помагаат да се стават под контрола преку 20 болести како туберкулоза, дифтерија,...

Вистиномер: Со вакцините против ковид не се модифицира геномот на личноста

Наспроти тврдењата во постот, во вакцините против ковид-19, нема мРНК модифицирачка трансхуманистичка нанотехнологија. мРНК технологијата потекнува од 1990, иако сега за првпат се користи во широкоупотребувани вакцини. Во вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, мРНК се наоѓа во „липидна капсула” или попрецизно, во обвивка од масти, која е опишана како наночестичка. Префиксот „нано” само значи дека е мала, а не...