fbpx
Таг: Kovid19verifikacijamkd

таг: kovid19verifikacijamkd

Вистиномер: Инспекторите не се Гeстапо, ниту, пак, медиумите форсираат присилна вакцинација

Во видеото се изнесува дезинформација дека невакцинираните, ако бидат затекнати во угостителски објект од инспекторите, ќе платат високи казни до 5.000 евра. Висината на пропишаната глоба за гостинот без потврда за вакцина е 250 евра во денарска противредност. Говорникот на протестот изразува соменвање во законитоста на постапувањето на инспекторите при контрола на примената на мерките за заштита против ковид-19....

Вистиномер: Неточно е дека сите кои примиле вакцина на „Фајзер“ завршуваат со миокардитис

Постот е типична дезинформација, која има цел да ги наведе корисниците на социјалната мрежа да помислат дека секој што примил вакцина на „Фајзер“, завршува фатално, откако добил воспаление на срцевиот мускул. Што не е точно. Факт е дека неколку месеци од употребата на вакцината на „Фајзер“, во Европската агенција за лекови (ЕМА) беа пријавени мал број случаи на благи...

Вистиномер: Општина Дебар со најниска стапка на имунизација против коронавирусот

Според статистиката на Институтот за јавно здравје, во Општина Дебар има најмал опфат на вакцинација против коронавирусот, само 28.3 отсто од вкупното население е вакцинирано. Од дебарската болницата, пак, велат дека доколку се изземат печалбарите во Дебар, околу 50 отсто од населението со постојано живеалиште е имунизирано, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Општина Дебар е...

Доктор Џавид Фејзули: Порано не се дискутираше дали да се прими вакцина или не

За време на епидемијата со големи сипаници – вариола вера, во поранешна Југославија за месец и половина се вакцинираше 18, 5 милиони народ. Тогаш немаше сакаш – не сакаш, вели во интервјуто за „Вистиномер“, пензионираниот раководител на службата за општа хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје Тетово, доктор Џавид Фејзули. „Ние имаме Закон за заштита на...

Вистиномер: Барт Сомерс не е белгиски министер за здравство и не учествувал во лажна вакцинација, туку во тестирање пред вакцинација

Првата дезинформација е дека Сомерс е министер за здравство на Белгија. Тој никогаш не бил на таа функција. Видеото, пак, е земено од телевизиска станица, а на него се гледа проба во вакцинален центар, кој уште не бил отворен во моментот на снимањето, меѓутоа се вршело тестирање на процедурата пред да биде навистина отворен за јавноста подоцна, пишува „Вистиномер“...

Вистиномер: Нема починати и хоспитализирани лица вакцинирани со бустер доза

Засилувач (бустер) е дополнителна доза на вакцина, дадена откако заштитата што се обезбедува со оригиналната доза ќе започна да се намалува со текот на времето. Третата доза на вакцина против ковид-19 во Северна Македонија се аплицира од 27 септември како додаток на веќе досега примени две дози вакцина. Вакцинација со трета доза се врши исклучиво со вакцина од производителот...

Вистиномер: Купишта невистини дека ковид е заговорнички план на „сатанистите, глобалистите и фармацевтската мафија“

Фактите се дека СЗО нема забрането обдукции на починати од ковид-19. Само во С. Македонија, на Институтот за судска медицина извршени се повеќе обдукции на починати од ковид 19 во земјава, но само ако за тоа има индикација. Тоа е официјално потврдено од патолозите кои ги вршеле обдукциите. Уште на 1 јули 2020 година, имаше информации од завршени обдукции...

Вистиномер: Инхалацијата на пареа не штити од заразување со коронавирусот и не лечи ковид-19

Photo: Couleur/Pixabay
Нема докази дека вдишувањето на пареа функционира како третман за коронавирус. Напротив тоа може да биде штетно, изјави за „Вистиномер“ доктор Симона Сапунџија, специјализант по оториноларингологија. Д-р Бенџамин Нојман, експерт за коронавируси, кој претседава со одделот за биолошки науки на „Универзитетот Тексас А&М“, вели дека белите дробови се нежни, а ако пареата е многу жешка, тоа не е добра...

Вистиномер: Рекламите на Кока кола и мутациите на коронавирусот се неспоредливи

Тврдењето дека целта на новите мутации е да ја рекламираат „пландемијата“, како што во постот е именувана пандемијата со коронавирусот, за да се продава стравот, нема никаква основа. Човекот засега нема контрола врз мутациите на вирусот, според тоа, ниту може да управува со неговата распространетост. Откриени се бројни мутации кај вирусот САРС-КоВ-2 од почетокот на пандемијата, но само два...

Вистиномер: Како да извадите вакцинален сертификат за трета доза вакцина?

Откако Министерството за здравство препорача сите вакцинирани со две дози, да примат и трета бустер доза од вакцината против ковид-19, ако се во општа добра здравствена состојба и ако се изминати шест месеци од втората доза, граѓаните ја имаат таа можност на повеќе вакцинални пунктови во земјава, без закажување. Меѓутоа, доказот дека сте примиле трета доза вакцина е внесен...

Вистиномер: Јужна Африка прва го пријави сојот Омикрон во СЗО

Во продолжение пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на едно тврдење во врска со најновиот сој на корона вирусот: Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се инсинуира дека фактот што Јужноафриканската Република побарала од производителите на вакцини Фајзер и Џонсон и Џонсон, да не испорачуваат следни дози во таа земја, е причина што се појавил сојот омикрон, за кој, инаку, има индиции...

Вистиномер: Матичните лекари против мерката „бонус“ за вакцинирани пациенти

Наместо еднократна финансиска награда од 30 денари по вакциниран пациент, доколку постигнат опфат од 70 отсто вакцинација на своите пациенти, матичните доктори бараат покачување на капитацискиот бод. Лекарите сметаат дека капитацискиот бод треба да се зголеми од 63 на 90 денари, поради нивните заложби во ковид пандемијата, за кои, како што велат, не добиле никаква помош од државата, пишува...

Вистиномер: Трите деца не починале од вакцина против ковид, туку од труење со јаглерод моноксид

Објавено е видео на ФБ во кое се тврди дека три деца умреле од вакцина, а видеото е снимено и објавено од медиумите во Кина кога вакцини против ковид воопшто и не беа измислени, пишува „Вистиномер“. Анализата подолу ја пренесуваме во целост: Рецензираме пост на Фејсбук во кој лажно се тврди, дека на претставеното видео во постот се гледаат три деца...

Вистиномер: Министерството за здравство не дава 50 бесплатни кеси за вакцинираните

Пренесуваме текст на Вистиномер.мк за една сатирична објава, за која многу корисници на социјалните мрежи помислиле дека станува збор за вистинска вест: Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека Министерството за здравство ќе дава 50 бесплатни кеси за вакцинираните против ковид-19. Информацијата е објавена еден ден по стапувањето на сила на употребата на биоразградливи кеси во продавниците. Една...

Вистиномер: Антиваксерите ја злоупотребуваат здравствената состојба на Селин Дион како оружје против вакцинацијата

Сите официјални извори укажуваат на тоа дека Селин Дион има проблеми со мускулите, а ниту еден дека тоа е последица на вакцината против ковид-19, како што се тврди во објавата, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека пејачката Селин Дион, наводно била парализирана по примањето на вакцина против ковид-19. Дион мораше да...

Вистиномер: Вакцините против ковид не предизвикуваат канцер

Податоците од клиничките тестирања и почетокот на вакцинацијата против ковид-19 не покажуваат линк меѓу вакцините и стапката на канцер. Пациентите со малигни хематолошки заболувања во Северна Македонија имаат и официјални препораки од Клиниката за хематологија, да се вакцинираат. Во сите упатства за користење на вакцините, ниеден несакан ефект не е канцер. Повеќето луѓе кои се вакцинираат против ковид-19 имаат...

Вистиномер: Фаучи не тврдел дека маските предизвикуваат бактериска пневмонија

Д-р Ентони Фаучи и неговите колеги напишале труд во 2008 година, во којшто се утврдува дека жртвите на шпанскиот грип од 1918 година починале од бактериска пневмонија предизвикана од грип. Но, во трудот маските воопшто не се споменуваат, ниту, пак, некаде пишува дека тие се извор за бактериска пневмонија. Маските спречуваат ширење на вируси и никако не може да...

Вистиномер: Не може да се споредува ковид вакцинацијата со „вбризгување непозната супстанца“

Составот на ковид вакцината не е непознат. На официјалната веб-страница на Министерството за здравство, kovid19vakcinacija.mk. може да се прочита составот за сите вакцини против ковид-19 кои се употребуваат кај нас. Исто така, вакцинацијата во земјава не е присилна, секој пред да се вакцинира, пополнува изјава за согласност, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен...

Вистиномер: Има разумен одговор зошто некои земји не пријавиле заболени од ковид-19

Заклучно со 22 ноември само четири земји во светот не пријавиле ниту еден случај на заболен од коронавирусот. Тоа што немаат пријавено заболени не значи дека и фактички нема ниту еден заболен во овие земји. Исто така, тоа што само четири земји не пријавиле ниту еден случај на коронавирус не значи дека вирусот не постои и дека го има...

Вистиномер: Вакцината против ковид не е плацебо

Плацебо – физиолошки раствор од сол и вода, се користи само во клиничките испитувања, односно во раните фази, кога вакцината е во процес на испитување и тоа за да се покаже нејзината ефикасност. Не постои ниту еден доказ, дека луѓето кои примиле вакцина, примиле плацебо. Доколку вакцините беа сол и вода, а не вистински, земјава немаше да ги фрла,...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...