fbpx
Таг: компании

таг: компании

За компаниите од металната индустрија е од големо значење отворањето на странските пазари

Денеска, првпат во Македонија, се одржа конференција за вмрежување на компаниите од македонската лесна метало-преработувачка индустрија со странски купувачи, насловена „Macedonia Manufacturing Expo.“ На конференцијата присуствуваа 48 компании од Македонија во својство на доставувачи и 18 компании, од кои 16 странски, во својство на купувачи. „За компаниите од металната индустрија е од големо значење отворање на странските пазари, а оваа конференција...

Македонските и украинските компании ќе имаат поголема можност за соработка

Сојузот на стопански комори (ССК) денеска организира Македонско-украински бизнис-форум, на кој ќе присуствува висока официјална и бизнис-делегација од Стопанската комора за трговија и за индустрија на Украина. Целта на форумот е подобрување на економската соработка меѓу двете земји, остварување директни контакти со компаниите од Украина за воспоставување конкретни деловни односи, како и за зголемување на продажбата на домашните производи и...

Германските компании треба да ѝ одговорат на Меркел зошто не вработуваат мигранти

Германската компанија „Блу шип“ ќе мора денеска да ѝ одговори на канцеларката Ангела Меркел зошто досега вработила само 100 мигранти откако повеќе од еден милион влегле во таа земја, јавува „Ројтерс“. Меркел ги повика на одговорност некои од најголемите германски компании да го објаснат неактивирањето и размената на идеите за работната ангажираност на мигрантите, пренесуваат светските агенции. Германските компании тоа го...

Повеќе од 4.000 компании и граѓани на новата листа на должници на УЈП

Повеќе од 4.000 компании, меѓу кои државни и приватни претпријатија, како и граѓани, се најдоа на новата листа на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) објавена на нејзината веб-страница. Новата листа на должници бр. 08/2016 е за долгови доспеани до 31 мај и непелатени до 31 август врз основа на данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход,...

Кога се работи за поголема сума на ДДВ, државата потешко го враќа на компаниите

Компаниите на кои државата треба да им врати данок на додадена вредноста (ДДВ) во износ поголем од два милиони денари месечно, многу потешко ги добиваат тие пари, покажува најновата анкета на 800 компании, што ја спроведе Стопанска комора на Македонија во август. Доцнењата во исплатата подолго од предвидениот рок им задаваат тешкотии во работењето. За фирмите кои имаат помала сума на повраток...

Депозитниот потенцијал на банките се намали за 2,9 проценти на квартална основа

Вкупниот депозитен потенцијал на банките во вториот квартал годинава забележа намалување од 2,9 проценти на квартална основа, што е резултат на влошената доверба на економските субјекти во домашната економија, објави Народна банка. - Гледано од аспект на валутата, намалување се забележува кај денарските депозити, додека девизните депозити бележат минимален пораст на квартална основа. Од секторски аспект, намалувањето на депозитите на банките во вториот квартал во најголем дел произлегува...

Голем број грчки компании размислуваат за преселба за да ги избегнат новите високи даноци

Илјадници грчки компании планираат да се преселат од Грција за да ги избегнат новите даноци и давачки за државата, кои ќе се воведат од јануари 2017 година. Според грчкиот весник „Катимерини“, околу 65.000 до 70.000 компании имаат поднесено барања за да им се одобри преселба на седиштето на компанијата надвор од Грција. Според весникот, огромниот број барања со кои грчките компании ќе...

Во октомври истекува рокот за понудите за приватизација на солунското пристаниште

Грчкиот фонд за приватизација во октомври ги очекува финалните понуди за приватизација на солунското пристаниште. Заинтересираните компании ќе треба да ги поднесат своите понуди на отворениот тендер до почетокот на октомври за преземање на мнозинскиот пакет од 67 отсто од акциите на солунското пристаниште. Во првата фаза од тендерот за приватизација на второто најголемо пристаниште во државата, кое значително го...

Македонија е рангирана на 58. место на листата за најиновативни економии во светот

Македонија е рангирана на 58. место во извештајот на Обединети Нации за најиновативни економии во светот. Швајцарија, Шведска, Велика Британија, САД и Финска се пет топ земји на оваа листа каде што компаниите се фокусирани на истражување и развој, извоз на висока технологија и иновативни производи. Глобалниот иновативен индекс на ОН, вклучува 128 земји.

Во Црна Гора една третина од странските компании се со руска сопственост

Во Црна Гора минатата година имало 4.190 активни странски компании, соопшти црногорскиот завод за статистика Монстат. Најголем дел од странските сопственици биле со потекло од Русија 32 проценти, Србија 18,7 проценти и Босна и Херцеговина 4,9 проценти. Најголем дел од странските компании се наоѓаат во Подгорица, Будва и Бар и се занимаваат со трговија на големо и мало, градежништво, научни и технички дејности и...

Стопанска комора ќе им ја олеснува работата на компаниите со подготовка на нова услуга

Стопанската комора на Македонија подготвува нова услуга која ќе им биде на располагање на компаниите, со цел олеснување на работењето при подготовка и апликација на документи при соработка со домашните и странските компании, но и при подготовка за извоз. Од Стопанска комора информираат дека услугата ќе биде во насока на ефикасно, ефективно и економично работење на компаниите. Како што информираат од Комората, оваа...

Кредитирањето на компаниите се намалува, а се зголемува на населението

Намалување на кредитите за корпоративниот сектор и зголемување за населението е забележано во јули, објави Народна банка. Резултатите од последната Анкета за кредитната активност за вториот квартал покажуваат дека кредитни услови и кај двата сектора се олеснети и има умерено нето-намалување на побарувачката на корпоративни и станбени кредити. - Кредитната активност засега е во согласност со проекцијата, но имајќи ги предвид послабите...

Парното греење во Скопје поевтинува за 11 отсто од 1 август

Парното греење за жителите на Скопје приклучени на системот на „Балкан енерџи груп“, од 1 август поевтинува за речиси 11 отсто, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Димитар Петров. Поголемо намалување на цената за парно греење има за училиштата и за градинките во Скопје. - Крајните цени за сите потрошувачи што се снабдуваат со топлинска енергија од операторите „Балкан...

Миноски и Богов ги повикаа банките да го одврзат ќесето за компаниите

Банките да ги ослободат средствата и да инвестираат во корпоративниот сектор, порачаа денеска министерот за финансии, Кирил Миноски, и гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, по завршувањето на редовната седница на Комитететот за финансиска стабилност. - Политичката криза имаше ефект кој резултираше со порестриктивна политика од страна на банките, па тие се воздржуваа од инвестиици во корпоративниот...

Невладините организации недоволно ги користат фондовите од општествено одговорните компании

Фондовите од општествено одговорните компании наменети за граѓанскиот сектор, недоволно се искористуваат од невладините организации. Причината лежи во бирократските процедури за донирање, со кои се соочуваат фирмите, но и во немањето доволно информации за можноста и за пристапот до ваквите донации од страна на невладините. Ова е ставот на стопанствениците и на невладините организации, учесници во проектот финансиска одржливот...

Се зголемува кредитирањето на населението, а се намалува на фирмите

Банките одобриле повеќе кредити на населението, а кредитирањето на корпоративниот сектор во април и во мај било намалено, информираат од Народна банка. - Стагнацијата на кредитите во еден дел е одраз на отписот на достасани, ненаплатени побарувања, во согласност со одлуката на НБРМ донесена во декември 2015 година, но веројатно е и реакција на неизвесниот амбиент и на падот на...

Грците ѝ должат 89 милијарди евра на државата

Грците должат речиси 89 милијарди евра кон државата. Висината на неисплатените долгови од даноци кон Управата за јавни приходи е еднаква на половина од грчкиот домашен бруто-производ, а стравувањата меѓу финансиските аналитичари се дека долговите до крајот на годината може да достигнат и до 95 милијарди евра. Долговите се драстично зголемени од почетокот на кризата досега. Ако на крајот на 2009...

Можностите на пристаништето Драч презентирани пред македонски компании

Можностите што ги нуди албанското пристаниште Драч денеска беа презентирани пред македонски бизнисмени. Презентацијата се одржа во Стопанска комора, а целта е да се понуди алтернатива на солунското пристаниште кое поради чести штрајкови и нефункционирање им создва проблеми на компаниите. - Пристаништето во Драч географски и економски е доволно развиено и има добра положба. Имаме три значајни проекти, односно продлабочување на...

Струјата поевтинува за минимални 0,25 проценти

Цената на електричната енергија за домаќинствата ќе се намали за 0,25 проценти. Новата цена на струјата ќе почне да важи од 1 јули. Причина за поевтинување се помалите трошоци кои енергетските компании ги пријавиле до Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ), соопшти претседателот на РКЕ, Димитар Петров. Кај ЕЛЕМ, цените се намалуваат за 0,01 процент, кај МЕПСО за 7,99 отсто, а кај...

Попладне ќе се знае новата цена на струјата

Регулаторната комисија за енергетика (РЕК) денеска ќе ја соопшти новата цена на струјата. Регулаторите не можат да кажат кои и какви трошоци ќе имаат влијание врз цената, но сето тоа било во согласност со методологијата за пресметка. Оттаму велат дека секоја од компаниите има различни трошоци, но тоа немало да има значително влијание врз крајната цена што ќе ја плаќаат корисниците. Според...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...