fbpx
Таг: Јавно обвинителство

таг: Јавно обвинителство

Владата бара да биде утврдена одговорноста за двегодишното прислушување на ОЈО

Владата остро го осудува случајот со снимените телефонски разговори во Основното јавно обвинителство. Сметаме дека ваквите појави се рецидив од минатото и пракса на минатите владејачки недемократски структури, порача владиниот портпарол Миле Бошњаковски, реагирајќи по денешната информација од Јавното обвинителство дека во објектот во кој се наоѓа главното обвинителство и други обвинителства, е пронајдена опрема со која се прислушувало од...

Јовески: Биле прислушувани фиксните телефони на Обвинителството

Јавното обвинителство отворило предистражна постапка за сторителот на незаконско прислушување на фиксните телефоните во Обвинителство од 30 септември 2016 година до вчера. Телефонските разговори биле снимени на два хард диска соопшти на брифинг со новинарите Јавниот обвинител Љубомир Јовески. Ќе се прави вештачење за да се утврди кој снимал, со која цел и дали прислушуваните разговори биле изнесувани надвор и дали...

Намален бројот на посебни истражни мерки во 2017 во споредба со 2016 година

Јавното обвинителство на Република Македонија во 2017 година спровело Посебни истражни мерки (ПИ-мерки) против 289 лица и во 262 предмети со кривични дела, што  е намалување во однос на 2016 година, кога станувало збор за 374 лица и 454 предмети на кривично дело, се вели во годишниот извештај на ова обвинителство, кој денеска беше доставен до медиумите. Обвинителството, изнесувајќи и...

Владата подготвува нов закон за СЈО, за Јавното обвинителство и за кривична постапка

Коинциденција или не, Владата реши да менува три клучни закони од областа на кривичниот прогон токму на 13 ноември, денот кога поранешниот премиер Никола Груевски објави дека пребегнал во Унгарија, каде што бара политички азил. Министерството за правда токму на овој ден објави дека подготвува предлог закон за Специјалното јавно обвинителство кој треба да биде готов до крајот на месецот. „Целта...

ВМРО-ДПМНЕ: Се гонат неистомислениците на Заев, а соработниците се оставени на мир

Обвинителството се претвори во партиска испостава на СДСМ, која служи за монтирање на обвиненија против политичките неистомисленици на Зоран Заев и СДСМ, а за криминалите на неговите соработници не реагира, обвини ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија, велејќи дека Македонија е единствена во 21. век во Европа што има политички затвореници, обвини дека и судот изрекува пресуди по директиви на Заев, за тој...

Сашо Сенков, обвинет за обид за убиство врз Зијадин Села, од денеска е слободен граѓанин

Обвинителството го повлече обвинението за еден од обвинетите за нападот на пратеникот Зијадин Села, за време на нередите во Собранието од 27-ми април, минатата година. Како што информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија, одлуката е донесена по анализа на нова снимка и сите досега изведени докази. Притоа утврдено е дека Сашо Сенков не го сторил делото кое му се...

Одложен изборот на првите луѓе на дваесетина јавни обвинителства

Советот на јавни обвинители ја одложи денешната седница на која требаше да се изберат шефови во дваесетина обвинителства во земјава, вклучувајќи ги и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и Основно јавно обвинителство Скопје, кои водат повеќе од 2/3 од вкупниот број на предмети во цела земја. Причина за одлагањето е што на членовите на Советот им требале дополнителни...

Обвинение против 13 лица за убиството во Мала Речица

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против 13 лица за учество во вооружениот инцидент во Мала Речица, во кој на 5 април годинава беше убиен кумановецот Наип Реџепи, а двајца беа повредени. Против четири лица е поднесен обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор, со кој едно лице се товари за убиство и за неовластено изработување, држење, посредување...

„Лов на вештерки“ ја документира војната на ВМРО-ДПМНЕ со граѓанските организации

Периодот од декември 2016 до мај 2017, кога власта на ВМРО-ДПМНЕ презеде низа акции за притисок кон 23 граѓански организации преку вонредни инспекции од Управата за јавни приходи (УЈП) и истраги од Јавното обвинителство, МВР и Финансиската полиција на Република Македонија, отпочнати од Антикорупциска комисија, е тема на новиот документарец на Телевизијат 24. „Лов на вештерки“, детално, преку изјави на...

Јавното обвинителство отворило предистражна постапка за рудникот Казандол

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отворило предистражна постапка во која се бараат дополнителни докази за начинот на кој е издадена концесијата за експлоатација на бакар во рудникот Казандол, објави „Призма“. „Побарано е од МВР да преземе одредени дејствија и активности во насока на обезбедување на докази и утврдување на одредени околности наведени во кривичната пријава во врска...

Жена и 17-годишно момче загинале во пожар во Битола

Во семејна куќа во Битола рано утрово избувнал пожар во кој, според првичните информации настрадале жена и 17-годишно момче, соопшти Јавното обвинителството. Оттаму информираат дека надлежен обвинител од ОЈО Битола врши увид на местото, заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи и Противпожарната служба. „Надлежниот јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и обезбедување на местото на настанот, како и за...

ВМРО-ДПМНЕ: Дурловски и Божиновска непотребно ќе се држат во куќен притвор

Игор Дурловски и Елена Доцевска – Божиновска непотребно ќе се држат во куќен притвор, како што непотребно јавното обвинителство два месеци се „изживуваше со нив“, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на Кривичниот суд за продолжување на притворите на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Од партијата велат дека нема аргументи дека осомничените ќе го повторат...

Јовески: За Алмир Алиу ќе се постапува неселективно, непристрасно и професионално

Апелирам до политичките партии да не вршат притисок и да не се мешаат во вршењето на јавно-обвинителската работа, како што е случајот деновиве, стои во изјавата на државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, по повод вчерашниот протест поради преквалификацијата на кривичното дело во случајот со смртта на четиригодишниот Алмир Алиу. Тој нагласува дека обвинителите својата работа ја вршат и одлуките ги...

ВМРО-ДПМНЕ: Додека патриоти се во притвор, власта ослободува осудени криминалци

Јавното обвинителство втор месец не презема никакви дејствија во истрагата што се води по „политички монтираниот случај за тероризам“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека не се повикуваат и сослушуваат ниту сведоци, ниту притворените за насилставата во Собранието од 27 април. „Тоа е најдобра потврда дека не станува збор за притвор изречен заради некои правно издржани причини, туку неоснована и...

Фетаи: Ако има добра волја ќе се најде решение за подигање обвиненија и за новите истраги

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи во интервју за емисијата „360 степени“ на „Алсат-М“, изјави дека „несреќниот член 22“ од Законот за СЈО го ограничува ова обвинителство во овој момент да подига обвиненија, но, формално правно не го ограничува да отвора нови истраги. Таа најави дека е можно некои од отворените истраги, кога ќе стигнат до фаза за подигање на обвиненија,...

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон мора да престане

Во Македонија нема да има атмосфера за конструктивна дискусија се додека пратеници, уметници, доктори, архитекти, актери, оперски пејачи и полициски службеници се прогласуваат за терористи, се вели во денешното соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое опозициската партија повторно реагира на притворањето на лицата осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, оваа година. „Судот наместо да одлучува врз основа на...

Јанева: Новиот закон за заштита на сведоци ќе важи додека не се реши статусот на СЈО

Специјалната јавна обвинителка очекува СЈО да стане дел од Јавното обвинителство, задржувајќи го автономниот статус, а дотогаш ќе продолжи да работи на предистражни постапки кои произлегуваат од прислушуваните разговори. Ова Јанева ги изјави во „Ноќно студио“ на телевизија „Телма“, каде рече оти очекува Собранието бргу да ги усвои предлог-измените на Законот за заштита на сведоци, кои треба да му овозможат на...

Според новиот пакет закони, работата на полицијата ќе ја контролира Обвинителството

Министерството за правда ја почна подготовката на пакетот измени во неколку закони со кои треба да се обезбеди надворешна независна контрола на работата на полицијата. Според известувањето, објавено денеска, измените ќе се прават во Законите за јавно обвинителска служба, за јавно обвинителство, за Совет на јавни обвинители и во Кривичниот законик. Подготвувањето на измените во четирите закони почнало вчера, а новите...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев потврди дека постои спрега меѓу СДСМ и Јавното обвинителство

Со изјавата дека обвинителството наводно водело истрага за криминал на двајца членови од владата, Зоран Заев потврди дека постои директна спрега помеѓу СДСМ и Јавното обвинителство, кое се користи како механизам за дисциплинирање, закана и за уцена, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија велат дека постапките во обвинителствата се тајни и во ниту еден случај премиерот не би требало, ниту...

Прислушувањето се врши легално со наредби од судот, велат од МВР

Следењето на комуникациите во Министерството за внатрешни работи се врши во согласност со законските процедури - со наредба од суд преку Јавното обвинителство, велат од МВР за „Нова ТВ“ во врска со обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изнесени во интервјуто во емисијата „Седмица“ на телевизијата „Алфа“, дека стотина членови на раководството на партијата се прислушувани од МВР. „Тоа...