fbpx
Таг: Јавно обвинителство

таг: Јавно обвинителство

Јовески: ДНК анализите од семејствата на загинатите денеска ќе бидат предадени на Бугарија

ДНК анализите на примероците земени од семејствата на загинатите во тешката автобуска несреќа во Бугарија, кои се вршат на Институтот за судска медицина во Скопје, треба да бидат завршени до денеска напладне. Јавното обвинителство ги очекува истражителите од Република Бугарија денеска да ги подигнат овие примероци и извршени анализи, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески утринава во...

До обвинителството пристигнаа уште две нови вештачења за пожарот во тетовскиот ковид-центар

Од Јавното обвинителство информираат дека за пожарот во тетовската ковид-болница се пристигнати до нив уште две вештачења од Технолошкиот факултет и од електротехничар. „Извештаите се пристигнати во обвинителството и се анализираат во корелација со останатите пристигнати докази. Се очекува вештачењето од германските експерти кое беше побарано преку меѓународна правна помош, кое се уште не е пристигнато. Во меѓувреме се сослушуваат...

Јовески за бТВ: Шпекулација е дека во автобусот имало гориво во туби

Како шпекулации, во разговор за бугарската телевизија бТВ, Главниот јавен обвинител Љубомир Јовески ги отфрли како шпекулација наводите дека во автобусот на „Беса транс“ имало гориво во пластични туби. Тој додаде дека македонското обвинителство зема ДНК примероци од роднини на загинатите за да се идентификуваат жртвите во несреќата, а потоа резултатите ќе бидат предадени на бугарските власти. Преживеаните досега не биле...

Хелсиншки комитет бара Обвинителството да реагира на заканите со насилство

Хелсиншки комитет за човекови права во врска со говорот на омраза предизвикан од последните политички случувања во државата, побара Јавното обвинителство да реагира на сите јавни повици на насилство. „Игнорирањето на говорот на омраза и неговите последици, отсуството на процесирање на ваквите случаи и речиси непостоечката судска пракса на ова поле, директно ја овозможува неговата ескалација во чувствителни општествено-политички моменти....

Обвинителството проверува изборен поткуп во Делчево

Основното јавно обвинителство информира дека постапува по дојава за изборен поткуп во Македонска Каменица. „Основното јавно обвинителство Делчево постапува по примено известување дека на 29.10.2021, во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, кандитат за советник дал 1000 денари на лице со избирачко право за да гласа за определена политичка партија“, наведно е во соопштението. Јавен обвинител даде насоки и се...

Обвинителство добило дојава за агитација в Гостивар, кинење гласачки ливчиња и нерегуларности во Кочани

Покрај претходно пријавените изборни нерегуларности, до 15 часот во Комисијата за следење на евентуални нерегуларности во Јавното обвинителство, пристигна поднесок испратен од политичка партија, во врска со сомнение за вршење на притисок и агитација од страна на лице во избирачки места во Гостивар. Основното јавно обвинителство Гостивар оформи предмет по допрен глас и веднаш издаде насоки за проверка на...

Пријави за изборни неправилности во Скопје, Амбасадата на САД добила пријава за „83 попречувачи со огнено оружје“

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности на Јавното обвинителство соопшти за неколку пријави за изборни нерегуларности во Скопје, како и за пријава добиена преку Амбасадата на САД дека 83 криминалци добиле огнено оружје за да вршат изборни нерегуларности. Добиена е пријава дека засега непознати лица со две патнички моторни возила вршат изборен поткуп во Топаана и Шуто Оризари. Дадени се...

ОЈО: Краток спој во кабел од дефибрилатор причина за пожарот во тетовската модуларна болница

Пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица настанал од краток спој во кабел од дефибрилатор, соопшти Основното јавно обвинителство цитирајќи го извештајот на МВР од направениот увид и вештачење. Пожарот по краткиот спој се проширил на приклучокот од продолжниот кабел на кој, освен дефибрилаторот, биле поврзани и мобилен телефон и уште еден апарат, за кој...

Почина поранешниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски

зврлевски фото: ЈО
По кратко боледување, денеска во Скопје, на 60-годишна возраст, почина Марко Зврлевски, поранешен Јавен обвинител на Република Македонија, соопштија од Jавното Oбвинителство на РСМ. Зврлевски e роден на 4 декември 1960 година во Дебар. Основно и средно образование завршил во Скопје, а дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Работното искуство го започнал при Македонската академија...

ОТА лани посредувала во 853 следења на комуникациите

Во текот на минатата година Оперативно-техничката агенција (ОТА) за потребите на овластени органи во Република Северна Македонија посредувала во 475 нови активирања на мерката следење на комуникациите и 378 продолжувања на оваа мерка, покажува годишниот извештај на ОТА доставен на разгледување во Собранието. Од вкупниот број нови мерки за прислушкување со техничко посредство на ОТА, 321 биле за потребите на...

Порталб: Во петок протестен марш за случајот „Монструм“, откако обвинителката Фетаи обвини 3 лица за „тероризам“

Семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“, најавија протест во Скопје во петок во 13 часот, откако Обвинителството, на последното судско рочиште ги кажа завршните зборови и со тоа ги обвини дека се виновни за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година, со исклучок на Сами Љута, за кого го повлече обвинението во недостиг на докази, известува...

Охридското обвинителство поднесе обвинение за насилство за браќата Усеини

Основното јавно обвинителство во Охрид до Основниот суд Охрид поднесе Обвинителен предлог против браќата Усеини, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител кој постапува во предметот до надлежниот суд доставил и посебен предлог за продолжување на определената мерка...

СВР Охрид поднесе кривична пријава за насилство против Нефи Усеини

Охридската полиција поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против Нефи Усеини и неговиот брат од Охрид. Како што информираат од СВР Охрид, пријавата за Н.У.(45) и И.У.(48) е поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“. По наредба на Јавен обвинител, СВР Охрид синоќа изврши претрес во домовите на пријавените. Прехтодно...

Почна судењето на Панчевски, тој не го разбира обвинението, а адвокатите бараат ослободување од притвор

Денеска во Основниот суд во Велес почна процесот против поранешниот претседател на Кривичниот суд – Скопје, Владимир Панчевски, кој е обвинет за злоупотреби на АКМИС системот, поточно му се суди за кривичното дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластувањата“. Неговите адвокати најпрво рекоа дека нема услови за одржување на рочиште и побараа да му се укине притворот, бидејќи Панчевски сè...

Обвинителство: Гласањето без нерегуларности засега, ноќеска инцидент со повредени во Дебреше

До овој момент, од почетокот на гласањето во Основните јавни обвинителства, како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса [email protected] нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности поврзани со процесот на гласање, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. „Во текот на ноќта и предизборните денови пристигнати се неколку известувања. Во голем дел од пристигнатите известувања...

ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе иницијатива за распуштање на Собранието на 12 февруари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека партијата денеска поднела иницијатива за распуштање на Собранието на 12 февруари. -Ги повикуваме сите политички партии во државата вклучително и СДСМ да се приклучат на иницијативата и да ја поддржат и на 12 февруари како што беше планирано да се распушти Собранието - одговори Мицкоски на новинарско прашање по денешната средба во Стопанската...

Денеска ќе се одржи првото судско рочиште за „Рекет“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи првото рочиште за случајот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец. Од домашен притвор на судењето треба да бидат донесени обвинети Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец, додека првообвинетиот Бојан Јовановски од КПУ Затвор-Скопје каде...

СЈО: Подготвени сме веднаш да ги предадеме предметите на Јавно обвнителство

Од СЈО известија дека се подготвени да ги предадат сите предмети по кои постапуваат до Јавно обвинителство. „Ја известуваме јавноста дека од страна на Јавното обвинителство доставен е допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите,...

Лидерска средба денеска за трансформацијата на СЈО и за избори

По пауза од неколку месеци, вечерва со почеток во 20 часот во Собранието ќе се одржи лидерска средба, на која се очекува премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски да разговараат и евентуално да постигнат договор за Законот за јавно обвинителство, со кој Специјалното јавно обвинителство (СЈО) би требало да се трансформира во...

Дескоска: Нема напредок во разговорите за Законот за јавно обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска, рече дека нема напредок во разговорите за Законот за јавно обвинителство, по средбата на работните групи. – Разговаравме за прашањата отворени од самиот почеток, меѓу кои и за статусот на предметите кои ги води СЈО. Клучните непремостливи разлики се оденсуваат токму на ова прашање. Желбата на другата страна е овие предмети да не завршат ефикасно....

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...