fbpx

Охридското обвинителство поднесе обвинение за насилство за браќата Усеини

-

Основното јавно обвинителство во Охрид до Основниот суд Охрид поднесе Обвинителен предлог против браќата Усеини, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот до надлежниот суд доставил и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за двајцата обвинети, поради постоење опасност од нивно бегство.

Од јавното обвинителство информираат дека обвинетите на 18 август годинава, околу 11:30 часот, по претходен договор извршиле грубо насилство врз едно лице при што во јавноста, кај присутни гости и вработени во хотелот Јуник во Охрид, предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

„Обвинетите го повикале оштетениот на средба во хотелот, па откако тој пристигнал со возило, на совозачкото седиште седнал еден од обвинетите. Веднаш започнале расправија, излегле од возилото кај паркингот пред хотелот, каде во меѓувреме пристигнал и вториот обвинет. Во тој момент, двајцата обвинети физички го нападнале оштетениот. При тоа, на еден од обвинетите од пантолоните му испаднал тврд предмет во облик на пиштол, кој потоа го зел вториот обвинет. Оштетениот со тупаници бил удиран во пределот на главата и телото пред влезот на хотелот и внатре, каде обвинетите во пределот на главата го удирале и со тврдиот предмет во облик на пиштол. По извршеното насилство со кое на оштетениот му биле нанесени телесни повреди, обвинетите го напуштиле местото на настанот“, појаснуваат од охридското обвинителство.

Инаку минатиот месец охриѓанецот Спире Топалоски пријавил во полиција дека браќата Усеини го нападнале во охридски хотел по вербална расправија. Подоцна тој се премисли и ја измени првичната изјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...