fbpx
Таг: избори 2021

таг: избори 2021

ОДИХР: Во вториот круг на изборите негативна реторика и наводи за притисок врз гласачите

Вториот круг локални избори во Северна Македонија беше во натпреварувачки дух, изборната администрација вложи напори да одговори на некои процедурални недостатоци од првиот круг. Меѓутоа, негативната реторика и наводите за притисок врз гласачите и кандидатите продолжија да имаат негативно влијание на изборите, според денешната изјава на меѓународните набљудувачи од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР). Во...

Во вториот круг до 15 часот гласале 33,5 отсто од гласачите, околу 2 отсто повеќе од првиот круг [инфографик]

Процентуално земено, до 15 часот во вториот круг на Локалните избори гласале 33,5 отсто од гласачите во избирачкиот список, што е за неколку проценти повеќе од 31,5 отсто колку што гласаа до 15 часот во првиот круг. Ако се земат предвид апсолутните бројки, во вториот круг до 15 часот гласале околу 125.000 граѓани помалку, односно околу 438.000 гласачи наспроти 563.000...

ЦИВИЛ: Гласањето во Дом на АРМ во општина Центар започна во 9:45 поради проблеми со апаратот за читање отпечаток од прст

На ИМ 2815, во Дом на АРМ, општина Центар, наместо во 7 часот наутро, гласањето започнало дури во 09:45 часот, поради проблеми со апаратите за читање на отпечаток од прст при идентификација на гласачите, објави ЦИВИЛ. „Пред избирачко место чекаа граѓани кои беа прилично нервозни“, додаваат од таму. Од ЦИВИЛ исто така посочуваат дека еден нивни набљудувач бил опструиран од претседателот...

Али Ахмети на прес-конференција објави победа на ДУИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес-конференција во седиштето на партијата рече дека ДУИ победи и на овие избори, пренесува Порталб.мк „Во Липково имаме одличен резултат, во Сарај, Пласница. ДУИ води во Тетово, Чаир, Кичево, Струга, Желино, Теарце, Боговиње, Арачиново, Долнени. Во Дебар, Чашка и Врапчиште одиме во втор круг“, рече тој. Тој исто така дополни ДУИ има одличен резултат и...

Бујар Османи прогласи победа за ДУИ уште во првиот круг во Сарај, Пласница и Липково

Повеќе политички партии најавуваат победа во неколку општини уште во првиот круг од Локалните избори 2021. Така, Бујар Османи од ДУИ најави на прес-конференција победа во првиот круг во Сарај, Пласница и Липково. Според Османи, партијата води во речиси сите општини каде што има кандидат. „Тоа што нема да можеме да го завршиме во првиот круг, ќе гледаме да го потврдиме...

СДСМ очекуваат уште една сигурна победа, ВМРО обвинува за неправилности

Генералниот секретар и шефот на изборниот штаб на СДСМ, Љупчо Николовски на прес-конференција кажа дека денот минал мирно и во фер и демократска атмосфера и дека се очекува СДСМ да оствари уште една победа. Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев оцени дека денешните избори се многу важни за граѓаните. „Драго ми е што кампањата помина со доминантно позитивната атмосфера,...

Спасовски: Изборите поминаа во мирна и фер атмосфера, граѓаните уште еднаш ја демонстрираа својата зрелост и одговорност

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција по затворањето на гласачките места на граѓаните им честиташе за изборниот ден, кој како што рече, минал во мирна и фер атмосфера, како што доликува на секоја демократска и слободна земја. „Од досега пријавените случаи, МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на изборниот процес и на јавниот ред и мир во текот на...

ЗНМ го осуди непрофесионалниот и омаловажувачки однос на Даштевски кон медиумите

Здружението на новинари на Македонија, ЗНМ, го осуди односот на претседателот на Државната изборна комисија, ДИК, Александар Даштевски кон новинарите. Како што велат од ЗНМ, претседателот Даштевски на попладневната прес-конфереција имаше непрофесионален и омаловажувачки однос кон новинарите кога се обидуваше да одговара на новинарски прашања. Тој наместо одговор на новинарско прашање во врска со најавата за продолжување на рокот за гласање,...

Шилегов: Очекувам победа во првиот круг

Откако гласаше денеска во текот на денот, актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат на СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов посочи дека одѕивот е онаков каков што тој очекувал. Тој додаде дека исто така очекува да победи уште во првиот круг. „Очекувањата мои се дека ќе имаме победа уште во првиот круг, затоа што во самата кампања скопјани може да...

До 17 часот гласале 150.000 гласачи помалку во споредба со локалните избори во 2017 година (инфографик)

Одѕивот на гласачите до 17 часот во првиот круг на локалните избори вкупно земено е понизок за околу 16 отсто во споредба со изборите во 2017 година. Во апсолутни бројки, според веб-страницата на Државната изборна комисија, денеска до 17 часот гласале 734.475 лица, а во 2017 година гласале 883.673 лица. Разликата е 149.198 гласачи. Овие избори метежот на гласачките места...

Пријави за изборни неправилности во Скопје, Амбасадата на САД добила пријава за „83 попречувачи со огнено оружје“

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности на Јавното обвинителство соопшти за неколку пријави за изборни нерегуларности во Скопје, како и за пријава добиена преку Амбасадата на САД дека 83 криминалци добиле огнено оружје за да вршат изборни нерегуларности. Добиена е пријава дека засега непознати лица со две патнички моторни возила вршат изборен поткуп во Топаана и Шуто Оризари. Дадени се...

(Галерија) Времено прекинат сообраќајот во строгиот центар на Скопје, се отвара предизборен штаб

Денеска полицијата го блокираше сообраќајот во строгиот центар на главниот град поради отворање на предизборен штаб на една политичка партија. Од МВР за сега нема информации во однос на времетраењето на прекинот на сообраќајот. Погледнете ја галеријата:

Порталб, Мета и Вистиномер ја потпишаа Повелбата за етичко известување за време на изборната кампања

Главниот уредник на Новинската агенција - Мета, Горан Ризаов, заедно со главната уредничка на порталот на албански јазик Порталб.мк, Елида Зулбеари како и уредникот на Вистиномер.мк, Владимир Петрески, ја потпишаа Повелбата за етичко известување за време на изборната кампања во 2021 година. Домаќин на настанот беше Националниот демократски институт (НДИ). Претставниците на медиумите заокружија „Да“ за фер и демократско известување...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...