fbpx

ЦИВИЛ: Гласањето во Дом на АРМ во општина Центар започна во 9:45 поради проблеми со апаратот за читање отпечаток од прст

-

На ИМ 2815, во Дом на АРМ, општина Центар, наместо во 7 часот наутро, гласањето започнало дури во 09:45 часот, поради проблеми со апаратите за читање на отпечаток од прст при идентификација на гласачите, објави ЦИВИЛ.

„Пред избирачко место чекаа граѓани кои беа прилично нервозни“, додаваат од таму.

Од ЦИВИЛ исто така посочуваат дека еден нивни набљудувач бил опструиран од претседателот на Избирачкиот одбор на Избирачко место 1016 во Куманово.

„На ИМ 1016, Куманово, во објектот на ЈП Водовод, има опструкција на набљудувачот од Цивил, барани му се дополнителни документи за легитимација и е попречуван во набљудувањето – не му е дозволен пристап до ИМ, а како причина е наведен малиот физички простор и ковид протоколите. Претседателот на ИО правел непотребна, дополнителна проверка на документите на набљудувачот и се консултирал со ОИК“, велат од ЦИВИЛ.

Изборните нерегуларности, притисоци, поткуп, злоупотреби, проблеми со Избирачкиот список, кршење на изборниот молк, говор на омраза, граѓтените можат да го пријават на веб страницата slobodniizbori.info или преку граѓанска пријава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...