fbpx
Таг: избирачки список

таг: избирачки список

Заев: Избори на 24 април не може да има

Избори на 24 април не може и нема да има зашто условите за фер и демократски избори не се исполнети, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со лидерот на Беса, Билал Касами. Според Заев, секој што нема да ги почитува фактите и аргументите, а имa обврска за тоа, ќе биде обележан дека ја турка Македонија кон поголема политичка криза, која...

ДИК на средбата со Бејли и со Орав: Наскоро ќе почнат вкрстените проверки на списокот

Членовите на Државната изборна комисија денеска се сретнаа со амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија, Џес Бејли и Аиво Орав. Како што пишува во соопштението на ДИК, амбасадорите ја нагласиле поддршката за работата на Државната изборна комисија за организирање и за спроведување на фер и демократски избори. „Државната изборна комисија истакна дека што се однесува до прочистувањето на избирачкиот...

ДИК денеска ќе го тестира системот, а од утре ќе го чисти избирачкиот список

Државната изборна комисија денеска ќе врши тестирање на системот за вкрстување на податоци, а од утре ќе ја почне постапката за прочистување на избирачкиот список. Како што нè информираше Субхи Јакупи, член на ДИК, обезбедени се податоци од 10 релевантни институции, а првичната процена е дека процедурата ќе трае неколку дена, по што треба да следува теренска проверка. - Од...

Шекеринска: Со уште едни криминални избори, кризата ќе се продлабочи

Делегација на СДСМ, предводена од заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска имаше работен појадок со шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс. На средбата, како што соопштуваат од партијата, се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија, како и за мигрантската криза. - Поради изборните измами и манипулации на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, почна политичката криза во Македонија. Со уште едни...

До крајот на неделава ќе почне прочистувањето на избирачкиот список

До крајот на неделава или најдоцна до понеделник ќе почне прочистувањето на избирачкиот список, дознава „Мета“. Извори од Државната изборна комисија (ДИК) велат „подготовките се при крај и во наредните денови ќе почне проверката“. Членовите на ДИК минатата недела усвоија одлука при вкрстеното споредување на податоци да се користат базите на 10 институции, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, ПИОМ, Управата...

Џабе кликате, избирачкиот список не се отвора на веб-страницата на ДИК

Избирачкиот список кој беше поставен на веб-страницата на Државната изборна комисија од утринава не е активен, односно не се отвора. Опцијата со која граѓаните можеа да проверат дали ги има на списокот и на кое избирачко место гласаат, сега не е достапна. Доколку се кликне на местото за проверување на списокот, страницата се пренасочува кон официјалната страница на ДИК. Списокот на...

Шекеринска: Без прочистен список и регулација на медиумите, нема демократски избори

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во придружба на претседателката на комисијата за информатичко општество, Цветанка Иванова, и претседателот на комисијата за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска ги посетија жителите на општина Радовиш. - Вашите реални проблеми и проблемите на граѓаните не можат да допрат до јавноста затоа што провладините медиуми, преплатени со наши пари, прикажуваат поинаква, виртуелна реалност - рече...

Спасовски: Не е важен датумот, туку како ќе бидат спроведени изборите

Не е важен датумот кога ќе бидат одржани изборите, туку како ќе бидат спроведени и дали ќе бидат исполнети сите точки од Договорот во Пржино. Засега не се реализирани дел од предвидените точки. Нема договор во однос на регулирање на медиумите, неодамна се почна со прочистување на избирачкиот список, Специјалното јавно обвинителство се соочува со тешкотии и со проблеми, нема јавно-обвинителска...

Мемети: Уште поостро ќе реагирам ако слушнам за заплашувања во администрацијата

Народниот правобранител Иџет Мемети во пресрет на предвремените парламентарни избори ги повика граѓаните да пријавуваат предизборни нерегуларности. „Без разлика кога ќе бидат изборите, граѓаните треба да се охрабрат и да соработуваат со институцијата Народен правобранител и да ги пријават сите предизборни нерегуларности. Досега нема ниту една претставка“, рече Мемети. Според него, најпроблематичен е избирачкиот список. „Ако имаме веродостоен избирачки список, тогаш секој може кредибилно...

ДИК: Избирачкиот список ќе се прочистува во простории со блокатори на радиофреквенции

Целта и задачата на Државната изборна комисија е да спроведе избори во рамките на Уставот и на законите на државата, а резултатите да бидат признати и прифатени од сите учесници во изборите и од граѓаните, рече претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, на денешната прес-конференција. Чичаковски додаде дека ДИК прави сè да се направи избирачки список во кој сите ќе веруваат...

ДИК ја усвои методологијата за прочистување на избирачкиот список

Државната изборна комисија синоќа го усвои правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во избирачкиот список. Одлуката на ДИК доаѓа по добиената писмена согласност од четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино. Од ДИК соопштија дека на седницата е усвоена и постапката за спроведување теренска проверка за ажурирање на избирачкиот список, како и правилникот...

Заев: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат намера да избегаат од фер и демократски избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по денешната средба со лидерите на Националната демократска преродба (НДК), Весел Мемеди и претседателот на Движењето за реформи - ДПА, Зијадин Села, рече дека имаат заеднички став дека на 24 април нема да има избори. Заев рече дека без прочистен избирачки список и регулирани медиуми, избори не можат да се одржат. - Се надеваме дека овие услови...

Партиите се договорија околу избирачкиот список, вечерва седница на ДИК?

Сите политички партии до Државната изборна комисија ги доставиле методологиите за прочистувањето на избирачкиот список, што значи дека опозицијата ја прифатила методологијата за прочистување предложена од ДИК. Откако ДИК официјално ќе ја усвои методологијата, ќе може да ја почне процедурата за прочистување на избирачкиот список. Како што дознава „Мета“, седница за усвојување на методологијата ДИК може да одржи уште вечерва. Според оваа...

Министерот Рот дебатираше со студентите: Сработете си ја домашната задача

Политичката криза мора веднаш да се реши, а времето е лимитарно за да се спроведат реформите и целосно да се имплементира Договорот од Пржино, рече Михаел Рот, државен министер во германското МНР, на дебатата со студентите на Правниот факултет. - Имплементацијата на Договорот од Пржино е далеку од тоа што треба да биде, сите рокови се пробиени, се опструира работата...

Ванхауте од Брисел ќе донесе нов предлог-закон за медиумите

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте се очекува утре да донесе нов предлог-закон за медиуми, кој ќе им биде презентиран на партиите потписнички на Договорот од Пржино. Според нашите информации, посредникот викендов бил на консултации во Брисел за случувањата во Македонија. Утре попладне повторно ќе се одржи средба на работните групи во Клубот на пратеници, каде ќе се разговара паралелно и за методологијата за прочистување...

Февруари – месец со пет клучни политички датуми

Исполнување на пет рокови ги очекува овој месец политичарите, работните групи и институциите надлежни за спроведување на изборите. На 2 февруари (утре) работните групи треба да одржат средба со белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, на која ВМРО-ДПМНЕ треба да каже дали го прифаќа предлогот на СДСМ, опозицијата да ги повлече забелешките од методологијата за прочистување на избирачкиот список ако владејачката партија ги прифати...

Димитриев: Има доволно време до 24 април да се организираат фер и демократски избори

По средбата со амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија, Џес Бејли и Аиво Орав, техничкиот премиер Емил Димитриев истакна дека „има доволно време и услови до 24 април да се организираат фер и демократски избори, во кои сите партии ќе имаат доверба.“ - Тоа ќе бидат фер, демократски и кредибилни избори по сите европски стандарди. Стандардите се јасни и...

Димовски: Избори може да има и ќе има

„Слободни, фер и демократски избори може да има и ќе има. Граѓаните го заслужуваат тоа и СДСМ не смее повеќе да бега од одговорноста. СДСМ мора максимално да придонесе за тоа“, рече Илија Димовски на денешната прес-конференција како реакција на прес-конференцијата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев. - Не станува збор за никаква еднострана одлука за распуштање на Собранието бидејќи...

Ванхауте: Избори на кои не учествуваат сите политички партии се проблематични избори

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте денеска, пред почетокот на средбата на работните групи во Клубот на пратеници, рече дека, според него, можно е да се постигне договор за законот за медиуми и дека е добро што политичките партии даваат свои предлози, кои не се конечни решенија, туку само предлози. Тој потврди дека со некои од предлозите има проблем затоа што не...

ВМРО-ДПМНЕ предлага два уредника за МРТВ, еден од власта и еден од опозицијата

Закон за владино рекламирање и комбинирана форма за функционирање на МРТВ по словенечко-германско-белгиски модел биле предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за регулирање на медиумите на вчерашните работни групи во Клубот на пратениците, дознава „Мета“. Според нашите информации, Никола Тодоров, кој ја предводи работната група на владејачката партија, предложил финансирањето на МРТВ да биде на два начина. Едниот начин е да се финансира...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...