fbpx
Таг: Исламска држава

таг: Исламска држава

Сириската војска целосно ја презела контролата врз Палмира од милитантите на ИД

Сириската војска, поддржана од Русија, целосно ја презела контролата врз античкиот град Палмира од милитантите на Исламска држава, потврдиле властите во Дамаск и во Москва, јавува „Би-би-си“. Војската на Сирија и други провладини сили, според извештаите, навлегле во градот и ги истиснале милитантите на ИД, со што ставиле крај на втората окупација на Палмира од страна на џихадистичката група. Борците на...

Сириските бунтовници го презеле градот Ал Баб од милитантите на ИД

Сириските бунтовници, кои ја имаат поддршката на Турција, ја презеле речиси во целост контролата над градот Ал Баб од милитантите на Исламска држава (ИД), соопштиле турски официјални претставници, јавуваат светските агенции. Турскиот министер за одбрана, Фикри Исик, денеска изјавил дека „може да се каже дека е заземена речиси целата територија на Ал Баб“. Закариа Малахифиџи, од фракцијата Фастаким, за агенциите изјавил дека...

Ирачката војска го зазеде аеродомот во Мосул

Ирачките сили за безбедност го зазеле главниот аеродром во Мосул и околната воена база, јави државната телевизија. „Силите за брзо дејствување, сојузната полиција и антитерористилките групи упаднаа во аеродромот и во околната база Газлани“, јави телевизијата. Откако минатиот месец ги истераа милитантите од источниот дел на Мосул, ирачките сили се обидуваа да го освојат аеродромот и базата Газлани, во јужниот дел...

Во Истанбул уапсени 35 лица поврзани со ИД

Турската полиција уапси 35 лица во Истанбул во рамки на голема операција против џихадистичката групација Исламска држава, јавуваат турските медиуми. Единицата за борба против тероризмот извршила истовремено рации на повеќе од 40 различни адреси во истанбулските квартови Пендик и Султанбејли, при што одзела муниција, документи на организацијата и маскирни униформи.

Ирачката војска покрена офанзива против ИД во Мосул

Премиерот на Ирак, Хајдер ал Абади објави дека ирачките воени сили покренале офанзива против џихадистите кои во градот Мосул го држат западниот брег на реката Тигар. Ова би можела да биде најбруталната битка до сега во склоп на операциите за заземање на Мосул кој трае четири месеци. -Нашите сили започнуваат ослободување на граѓаните од теророт на Исламска држава. Ние доаѓаме да...

Најмалку 70 загинати во напад на ИД на верски храм во Пакистан

Најмалку 70 луѓе се убиени, а 150 се ранети во самоубиствен бомбашки напад што денеска се случил во верски храм на југот на Пакистан, соопштила пакистанската полиција, јавуваат светските медиуми. Одговорноста за нападот ја презела екстремистичката организација Исламска држава (ИД). Според пакистанската полиција, напаѓачот го активирал експлозивот, кој се наоѓал под неговата јакна, додека верниците го изведувале традиционалниот танц во...

Тројца осудени за тероризам во Русија

Воениот суд во Москва осуди тројца мажи од Северен Кавказ на затворски казни од три до 14 години поради тероризам. Аслан Баисултанов, Мохамед Мезхидов и Елмар Ашај биле поврзани со екстремистичката група Исламска држава во Сирија и планирале терористички напади во Москва. Според податоците од руските власти, најмалку 5.000 државјани на Русија, но припадници на други националности од некогашните советски републики...

Бомбардирана куќата на ал Багдади

Ирачките воздушни сили извеле напад на куќата за која се претпоставува дека била скривалиште на лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади. Според светските медиуми, во таа куќа шефот на џихадистичката организација одржувал состаноци со командантите на паравоените формации. Ирачките власти не дадоа повеќе информации за нападот, освен дека авионите погодиле куќа во западен Ирак и дека при тоа загинале...

Руската авијација по грешка убила тројца турски војници во Сирија

Тројца турски војници денеска по грешка биле убиени, а 11 се ранети при воздушен напад на руската авијација врз позиции на Исламска држава во северниот дел на Сирија, соопшти турската армија. Инцидентот го потврди и официјална Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, соопштил дека рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со својот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, и изразил...

Милитантите на ИД под опсада во Ал Баб

Милитантите на Исламска држава се под опсада во градот Ал Баб, последното упориште на екстремистите во северната сириска провинција Алепо, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. - Силите на сирискиот режим, со поддршка на борците од либанскиот Хезболах и од руските воздушни сили, успеале целосно да го опколат Ал Баб и околината од јужната страна, додека градот...

Операциите на сириските сили кај Рака влегоа во нова фаза

Сириските демократски сили денеска соопштија дека почнале нова фаза во операциите кај градот Рака, кој се наоѓа под контрола на Исламска држава. Како што се соопштува, целта е да се опколи градот, а поддршка на напорите добиваат од силите на САД, од воздух и со праќање специјални тимови не терен.

Турските сили ликвидираа педесетина борци на ИД во Сирија

Турските сили во северниот дел на Сирија убиле најмалку 52 борци на Исламска држава, соопшти денеска Генералштабот на Армијата на Турција. Од турската армија наведуваат дека турски авиони извршиле напади врз 59 цели на ИД во реонот на градовите Ал Баб и Бзага, при што биле уништени 56 станбени објекти и три командни центри на џихадистите. Западните медиуми, наведуваат дека во...

Британец се самоубил за да не го зароби ИД

Британец кој се борел во Сирија, извршил самоубиство за да не дозволи да стане затвореник на Исламска држава, јавува „Би-би-си“. Дваесетгодишниот Рајан Лок починал на 21 декември додека се борел со ИД околу упориштата на терористичката организација во Рака. Се борел како волонтер за курдските вооружени сили. Како што се наведува, пет борци паднале во заседа на ИД во селото Џабар, а...

Во Германија уапсен Тунижанец поради планирање напади

Германските власти извршиле рации на десетина локации на западот на земјата, при што е уапсен еден Тунижанец кој е осомничен дека регрутирал припадници на Исламска држава и собирал приврзаници за извршување напади во Германија. Обвинителството во Франкфурт соопшти рано утринава дека претресени се 54 стана, деловни објекти и џамии во тој регион и дека под истрага се вкупно 16 лица,...

Во Мароко уапсени седум екстремисти и запленети елеци со експлозив

Мароканските власти уапсиле седум лица кои се осомничени дека се екстремисти поврзани со Исламска држава и заплениле оружје и елеци со експлозиви, какви што користат бомбашите самоубијци. Во соопштението од мароканското министерство за внатрешни работи, се наведува дека групата била поврзана со командантите на ИД во Сирија, Ирак и во Либија и дека имаат скривалиште во крајбрежниот град Ел Џадид. За...

Либиската војска пронашла 90 тела на екстремисти

Либиската војска пронашла околу 90 тела на убиени екстремисти на местата на неодамнешните воздушни удари извршени од коалицијата предводена од САД, во близина на упориштата на ИД кај градот Сирт. Војската објавила фотографии од објекти во пустината, покриени со песок и со трева, наведувајќи дека овие позиции се користат за обука. На овие места е пронајдена муниција, појаси за самоубијци...

Македонски државјанин уапсен во Австрија поради поврзаност со ИД

Австриската полиција извршила претреси и уапсила 14 лица во Виена и во Грац, меѓу кои и едно лице со македонско државјанство, под сомневање дека се припадници и поддржувачи на милитантната група Исламска држава, изјавиле од австриското обвинителство, пренесува ХРТ. Во претресите учествувале околу 800 полицајци, a координираната акција била планирана подолго време, било наведено во изјавата на обвинителството во Грац. Според...

Во Индонезија уапсени 17 осомничени џихадисти

Индонезиската полиција уапсила 17 лица кои се осомничени дека се поврзани со Исламска држава, а кои Турција ги протера во страв дека ќе ја минат границата со Сирија. Неколку стотини државјани на Индонезија, која е најголема муслиманска земја во светот, дошле на Блискиот Исток за да ѝ се приклучат на ИД, поради што властите стравуваат дека може да претставуваат закана по...

ИД го уништила Тетрапилонот во Палмира

Екстремистите на Исламска држава го уништиле Тетрапилонот, еден од најпознатите споменици во древна Палмира, како и фасадата на Римскиот театар, јавуваат сириските медиуми. Сириската новинска агенција САНА не објави детали, ниту прецизира кога спомениците се оштетени. Џихадистите на ИД минатата година уништија неколку древни храмови во Палмира. Тетрапилон е платформа на која се наоѓаат четири столба од кои сочуван е само еден...

Уапсен напаѓачот од новогодишната ноќ во Истанбул

Уапсен е напаѓачот кој во новогодишната ноќ во Истанбул уби 39 лица во ноќен клуб, јавуваат турските медиуми. Узбекистанецот Абдулкадир Машарипов е уапсен во заедничка операција на турските разузнавачки служби и на полицијата, во стан во истанбулскиот кварт Есенјурт. За време на апсењето, тој бил заедно со четиригодишниот син во куќа на свој пријател. Турските власти соопштија дека осомничениот го признал делото и...

Уставниот суд пресече, ќе се прегласува на седум избирачки места

Управниот суд ги отфрли како неосновани сите седум тужби на Европскиот фронт кои беа поднесени против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) во однос на парламентарните избори што се...