fbpx
Таг: Исламска држава

таг: Исламска држава

Лидерите на ЕУ и Трамп не се согласни за многу прашања, рече Туск

Претседателот на Европскиот Доналд Туск изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп и високите претставници на ЕУ не успеале да најдат заеднички јазик за многу прашања на денешниот состанокот во Брисел. Меѓу проблемите ги наведе климатските промени и трговијата, додека за борбата против тероризмот се согласни. - Сигурен сум дека не мора да објаснувам зошто, но некои прашања остануваат отворени, како што...

Бомбата од Манчестер иста како оние од Париз и Брисел

Висок претставник на САД изјави дека експлозивот кој е искористен во Манчестер арената е ист со оној кој бил користен за време на нападите во Париз и Брисел, пишува „Гардијан“. Републиканецот Мајк Мекол кој претседава со Комитетот за национална безбедност на Конгресот изјави дека во сите три напади е користен експлозивот ТАТП. Тој вели дека бомбата од Манчестер е „класична експлозивна...

НАТО влегува во коалицијата против ИД, соопшти Столтенберг

НАТО ќе се приклучи кон коалицијата против Исламска држава која ја предводат САД, вели генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Како што се наведува, тоа ќе биде направено на денешниот самит со американскиот претседател, Доналд Трамп. - Тоа ќе испрати силна политичка порака за посветеноста на НАТО во борбата против тероризмот – рече Столтенберг.

Објавена слика од Салман Абеди, бомбашот од Манчестер

Салман Абеди е идентификуван како осомничен за самоубиствениот бомбашки напад на концерт во Манчестер во кој загинаа 22 лица, а 59 беа повредени. Британските медиуми денеска објавија фотографија од 23-годишниот Абеди за кој британската премиерка Тереза Меј потврди дека е роден и пораснал во Британија. Абеди е од Манчестер, а родителите му се со либиско потекло. Неговите родителите емигрирале од Либија...

Во Манчестер уапсено едно лице поврзано со нападот

Полицијата во Манчестер уапси 23-годишен маж во јужниот дел на градот поради сомневање дека е поврзан со нападот во кој беа убиени најмалку 22 лица. Претходно британската премиерка Тереза Меј изјави дека безбедносните служби го знаат идентитетот на осомничениот бомбаш самоубиец. Таа додаде дека властите се уште не се подготвени да го објават идентитетот на напаѓачот. Според нејзините зборови, напаѓачот сам...

ИД ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Манчестер

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Манчестер во кој загинаа 22 лица. Припадниците на терористичката организација на социјалните мрежи објавија видео запис во кој велат дека тие се одговорни за нападот. Во експлозијата за време на концертот на американската пејачка Ариана Гранде во Манчестер синоќа загинаа 22 лица, а повредени се 59. Полицијата соопшти дека експлозијата се третира како...

Повеќе од 50 жртви на офанзива на Исламска држава во Сирија

Повеќе од 50 лица биле убиени денеска во напад на т.н. Исламска држава во две села под контрола на владата во провинцијата Хама во Сирија, а некои од нив се егзекутирани откако биле заробени, извести Сириската опсерваторија за човекови права. Милитантите на Исламска држава (ИД) ги нападнале селата Акареб и Ал Мабуџе, близу стратешки важниот автопат помеѓу градот Хама и...

И Австралија сака да забрани електронски уреди во патничките авиони

Премиерот на Австралија, Малком Турнбул, денеска соопшти дека неговата земјата размислува за воведување забрана за внесување лаптоп-компјутери и таблет-уреди во кабините за патници во авионите, но не откри кога би стапила на сила. Турнбул не сакал да објасни дали одлуката за забрана за внесување електронски уреди во патничките кабини на авионите е поврзана со терористичките закани од Исламска држава, за...

Медиуми во САД: Трамп оддал доверлива информација на Русија

Медиумите во САД денеска објавија дека американскиот претседател, Доналд Трамп, оддал многу доверлива информација за Исламска држава на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. „Вашингтон пост“ пишува дека информацијата што Трамп му ја открил на Лавров и на рускиот амбасадор во САД, Сергеј Кислјук, ја обезбедил партнер на САД преку многу чувствителен разузнавачко-партнерски договор. Инаку, Трамп минатата недела имал средба со шефот...

ИД го гранатирала сирискиот град Деир ал Зор, загинаа седум лица

Најмалку седум лица загинаа во гранатирање на источниот сириски град Деир ал Зор, јавуваат организациите за следење на ситуацијата во Сирија. Гранатирањето ѝ се припишува на Исламска држава. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, тврди дека терористите продолжуваат да гранатираат делови од градот под контрола на владините сили. ИД држи поголема територија надвор од енклавата во градот и...

Уапсени пет лица кои планирале напади во пресрет на референдумот во Турција

Турската полиција уапси пет лица под сомнение дека се поврзани со Исламска држава и оти планирале „сензационални напади“ во пресрет на референдумот за зголемување на овластувањата на турскиот претседател, закажан за 16 април. Меѓу уапсените има и еден државјанин на Таџикистан, кој патувал во зоните на конфликтот каде што војува ИД. По добиена дојава, полицијата вчера спровела три симултани операции во Истанбул. Екстремистичката...

МВР ќе ги зајакне безбедносните мерки за време на празниците поради заканите од ИД

Министерството за внатрешни работи наредните денови, за време на велигденските празници, ќе ги зајакне безбедносните мерки на целата територија на државата, поради глобалните терористички закани од страна на Исламска држава (ИД), чија цел се и земјите од Балканот, меѓу кои и Македонија, соопштија попладнево од МВР. - Со оглед на глобалните терористички закани, во кои цели се и верски објекти...

Бомбаш самоубиец се разнесе во Кабул, ИД ја презеде одговорноста

Авганистанските власти соопштија дека бомбаш самоубиец се разнел во близина на претседателската палата и на владините институции во Кабул. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава. Нападот го извел екстремист кој носел елек со експлозив, што го активирал кога пристигнал на контролен пункт пред претседателската палата, соопшти агенцијата „Амак“, која важи за блиска до ИД. Заменик-портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни...

Во Египет прогласена тримесечна вонредна состојба

Египетскиот претседател Абдула Фатах ал Сиси прогласи тримесечна вонредна состојба по нападот на две коптски цркви, во кои загинаа 44 лица. Мерката им овозможува на властите апсење и претрес без налог. Пред самите мерки, беше потребно одобрение од парламентот. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите во Танта и во Александрија, кои се случија за време на христијанскиот празник Цветници. Сиси по...

Серија напади врз цркви во Египет, патријархот неповреден

Во серија бомбашки напади што денеска го потресоа Египет, беа нападнати коптски православни цркви при што загинаа 36 луѓе, а во еден од нападите патријархот на Коптската православна црква служел литургија во текот на нападот, но е неповреден.Денеска Коптската црква, како и другите православни цркви го празнуваа Цветници. Одговорноста за нападите ја превзеде теорористичката организација Исламска држава. Првиот напад со бомба...

Во Охрид се одржува напредна школа на НАТО за справување со ИД

Педесетина учесници од безбедносните сектори на Македонија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Хрватска и на Црна Гора од денеска до петок учествуваат на напредна школа на НАТО на тема „Борба против активностите на ИД за радикализација преку сајбер-просторот во регионот на Југоисточна Европа“. На отворањето на школата, која се одржува во Охрид, прв говореше министерот за одбрана, Зоран...

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Лондон

Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за вчерашниот напад во Лондон, пренесуваат светските агенции, наведувајќи дека ИД тврди дека напаѓачот бил еден од нејзините „војници“. Новинската агенција „Амак“, која се смета за блиска до ИД, јави дека нападот е извршен како одговор на повиците на ИД да се удри по државите што учествуваат во борбата против нив. Коалицијата предводена од САД врши...

Попоски на министерски состанок на коалицијата за борба против ИД во Вашингтон

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, денеска ќе учествува на министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против Исламска држава во Вашингтон. Попоски на состанокот, кој ќе се одржи во Стејт департментот, учествува на покана на државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, соопштуваат од Министерството за надворешни работи. „Министерскиот состанок има цел да се поттикне интензивирање на меѓународните напори...

Советот за безбедност ја продолжи мисијата на ОН во Авганистан

Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа едногласно ја донесе резолуцијата со која се продолжува мисијата на ОН во Авганистан (УНАМА) до март 2018 година. Во неа, како што пренесуваат светските медиуми, се изразува сериозна загриженост поради присуството и потенцијалното зајакнување на разгранокот на Исламска држава, што претставува сериозна закана за безбедноста на Авганистан и на земјите во регионот. Советот за...

Ирачката војска ги зазеде главните владини објекти во Мосул

Ирачката војска ноќеска ги зазела главните владини објекти во Мосул, во рамките на офанзивата за протерување на милитантите на Исламска држава (ИД) и за воспоставување целосна контрола над градот, јавува „Би-би-си“. Како што пренесува британскиот национален сервис, напредувањето на ирачката војска може да го отвори патот за напад на густо населениот стар дел од Мосул, каде милитантите на ИД се...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...