Во Мароко уапсени седум екстремисти и запленети елеци со експлозив

Мароканските власти уапсиле седум лица кои се осомничени дека се екстремисти поврзани со Исламска држава и заплениле оружје и елеци со експлозиви, какви што користат бомбашите самоубијци.

Во соопштението од мароканското министерство за внатрешни работи, се наведува дека групата била поврзана со командантите на ИД во Сирија, Ирак и во Либија и дека имаат скривалиште во крајбрежниот град Ел Џадид.

За време на рациите во Ел Џадид, Сале и во други марокански градови, запленети се јуришни пушки, седум пиштоли, муниција и материјали за правење бомби, како и два елека со бомби.