fbpx
Таг: граѓанска иницијатива

таг: граѓанска иницијатива

ЦРМ бара „За заедничка Македонија“ да се погрижи за безбедноста на протестите

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) најостро го осудува вчерашниот напад на новинарите на информативниот портал „А1он“ од страна на учесници на протестот „За заедничка Македонија“ и бара брзо откривање и санкционирање на сторителите на нападот. - Колегите Александар Тодевски и Владимир Желчески совесно ја вршеле својата должност, да ја известуваат јавноста за настани од јавен интерес, и со ништо не...

Иницијативата „За заедничка Македонија“ повика на протести под „Баханалиите“ на Станковски

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска на прес-конференција објави проглас во кој бара политичките партии да го почитуваат Уставот и да не прифаќаат платформи создадени за туѓи интереси и ги повика граѓаните на мирен протест пред Владата, денеска во 17 часот. Зад членовите на Иницијативата е сликата на Александар Станковски, „Баханалии“. Прес-конференцијата е одржана во Младинскиот културен центар, кој е...

„Арсена“: Гевгелиската вода, покрај арсен, содржи и ванадиум

Анализата на примерок од водата за пиење од гевгелискиот водовод, земен на 16 јуни годинава, покажала присуство на енормно количество на арсен во водата, штетно за здравјето на човекот, информираат од граѓанската иницијатива „Арсена“. Анализата што ја извршила меѓународна лабораторија, како што додаваат од „Арсена“, покрај арсен, покажала и присуство на тешкиот метал ванадиум во водата од гевгелискиот водовод. „Само пред еден...

„Протестирам“: Уставниот суд покажа знаци на живот, но тоа не е доволно

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ ја поздрави денешената одлука на Уставниот суд, со оценка дека судот „покажа знаци на живот“, но велат дека тоа не е доволно, поради што продолжуваат со протестите. „Уставниот суд денеска покажа знаци на живот. Но тоа не е доволно! Продолжуваме да протестираме до исполнување на барањата!“, напишаа од „Протестирам“ на нивниот официјален Фејсбук-профил. Од граѓанската иницијатива, која повеќе...

Стотици граѓани излегоа на протестот „Колку чевли останаа неизносени“

Неколку стотини граѓани денеска се собраа пред Владата на Република Македонија на протестот насловен „Колку чевли останаа неизносени“, организиран од граѓанската иницијатива „Заслужуваме подобро“. - И покрај дождливото време денеска, тука, пред Владата, се собраа неколку стотици граѓани и околу илјада рала чевли, за да го изразиме нашиот револт поради современиот егзодус, масовното иселувањето од Македонија. Тоа го покажуваат и податоците...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...