fbpx
Таг: градоначалник

таг: градоначалник

Голгота: Ексградоначалник на Штип 18 години трага по правда

64-годишниот Славчо Митевски од Штип, на денешен ден пред 18 години поднел тужба преку која побарал да му се додели надомест од стечај за уште три месеци. Наместо 18 месеци, колку што му следувало според закон, тогашниот Завод за вработување му подготвил решение за 15 месеци. Оттогаш влегол и поминал низ сите судови – од Основен до Врховен и пред...

Општина Прилеп им изрази сочувство на семејствата на загинатите полицајци

Пo немилите настани што се случија вчера во Куманово, во кои загинаа осум полицајци, со порака на сочувство до семејствата на загинатите полицајци се огласи и Општина Прилеп. „Со длабока жал и тага ја прифативме веста за загинатите и повредени припадници на безбедносните сили. Општина Прилеп им изразува сочувство на фамилиите на загинатите херои, кои се наша гордост и секогаш ќе...

Коце Трајановски се сретна со Кадир Топбаш, градоначалникот на Истанбул

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска се сретна со градоначалникот на Град Истанбул, Кадир Топбаш. Топбаш на средбата истакнал дека овие средби ќе придонесат за подобрување на односите меѓу нас во економската, трговската и во културната сфера. - На средбата со градоначалникот Топбаш, договоривме неколку значајни работи, пред сè, во областа на размената на искуствата, каде што ќе биде направена...

Села: Граѓаните не поддржуваат меѓуетнички тензии

Секое решение на политичката криза треба да дојде преку Собранието на Република Македонија, а не преку друг орган. Затоа треба да се седне и да се најде решение. Решението е да се направи техничка влада и аферата со прислушување да се искористи за да се декриминализира политиката, за во иднина никогаш да не ни се случуваат вакви работи – изјави...

Едмонд Темелко третпат ќе се кандидира за градоначалник на Пустец

Едмонд Темелко третпат ќе бара доверба од граѓаните за мандат на градоначалник на општината Пустец. Платформата со која Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ќе оди на изборите останува непроменета, односно унапредување на правата на македонското малцинство во Албанија, изучување на македонскиот јазик на целата територија на Република Албанија, соодветна застапеност во администрацијата, вложување во инфраструктурата во регионите каде живеат...

Ристески: СДСМ го остави Прилеп уништен и во долгови

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, по „бомбата“ на СДСМ, одржа прес-конференција на која кажа дека во времето на СДСМ, 35.000 работници останале на улица, имало уништени земјоделци и тутунари, пропаднале многу фирми и биле избркани странски инвеститори. - Прилеп беше град на страв и на терор, на рекет по фирми, бомби, ама вистински, за бизнисмени и за значајни личности, уцени и закани...

Градоначалникот на Новаци од премореност паднал во јама

Градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски, ноќеска паднал во јама, која била направена поради копањето на насипите на Црна Река. Работници кажуваат дека Котевски веќе три ноќи бил со нив на насипите на Црна, и во еден момент, додека багерот копал земја, тој се лизнал и паднал во јамата. Работните веднаш го извадиле од калта. - Не сум повреден, лесно поминав. Се...

Коце Трајановски ги посети децата од СОС Детско село

Коце Трајановски, градонаачалникот на Скопје, денеска ги посети децата од СОС Детско село и им подели новогодишни пакетчиња. Градоначалникот им посака на децата добро здравје и многу успеси во новата 2015 година. - Особено ме радува тоа што сум денеска тука меѓу вас, деца, но и меѓу целиот стручен тим и СОС-мајките кои безрезервно ви ја даваат својата љубов и...

Нова истрага за корупција против Милан Бандиќ

Против загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ, које веќе е осомничен за корупција во аферата „Аграм“, покрената е нова истрага поради сомнеж дека незаконски помагал при собирањето потписи за референдум во рамките на граѓанската иницијатива „Во име на семејството“, пренесуваат хрватските медиуми. Бандиќ, според сомневањата, се товари дека обезбедил печатење на летоци и на плакати и емитување на видеоспотови и отстапување на штандови,...

Жерновски на средба со директорите на училиштата во Центар

Андреј Жерновски, градоначалникот на општина Центар, утре ќе се сретне со седум директори на основните училишта за да разговара со нив за состанокот што вчера тие го имале во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Во соопштението од Општина Центар пишува дека Жерновски сака да ги праша директорите дали состанокот бил партиски и да им го соопшти неговиот став за тоа дека во неговата општина...

Битолчани в сабота на нов протестен марш за чист воздух

Битолчани од здружението „За нас се работи“, в сабота организираат нов протестен марш пред седиштето на Општина Битола. Членовите на здружението најавија дека бидејќи сабота ќе биде работен ден, во 11.30 часот ќе се соберат пред Офицерскиот дом, па преку Широк сокак, пред судовите, ќе се упатат до зградата на Општината. Се надеваат дека градоначалникот Владимир Талески и целата администрација...

Кратово ќе добие индустриска зона до средината на 2015 година

Индустриската зона во Кратово, еден од крупните инфрастриктурни проекти финансиски поддржани од Владата, ќе биде готова до средината на 2015 година, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, по вчерашната средба со градоначалникот Мите Андоновски и со советниците во општината. - Индустриската зона во кругот на фабриката „Иднина-змеј“ треба да биде готова до средината на следната година. Таму ќе...

МПЦ на аукција продаде лопати од поставување на камен-темелник

Трите лопати со кои денеска претпладне беше поставен камен-темелникот за изградба на црквата „Света Лидија Македонска“, во населбата Ченто, беа продадени за речиси 10.000 евра, на аукција што се одржа веднаш по завршувањето на церемонијата, а која ја водеше поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан. Златната лопата, за сума од 5.000 евра, ја купи ктиторот на црквата, Ѓорѓи Вуков, сребрената лопата...

Општина Охрид: Имаме целосна доверба во органите на прогонот

Истовремено, трибината ќе биде искористена за анализа на состојбите во Охрид
Од локалната самоуправа во Охрид, преку соопштение, денешната прес-конференција на претседателот на ОО на СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев, ја оценуваат како обид „преку изнесување небулози во негов стил, да се оправда пред охриѓани за злоделата што му ги направи на Охрид“. „Фактите кажуваат, а и охриѓани знаат дека во периодот кога Вие бевте заменик-градоначалник на општина Охрид, таа и јавните претпријатија се...

Во приведувањето на Петрески, од СДСМ гледаат политички прогон и монтиран судски процес

Во врска со приведувањето на поранешниот градоначалник на Општина Охрид, Александар Петрески, член на највисокиоот партиски орган – ЦО на СДСМ, попладнево, со прес-конференција, се огласи општинското раководство на партијата. Пораките ги испорача претседателот на локалниот разгранок и пратеник во оставка, Томислав Тунтев, кој упати прашање до власта: дали ѝ треба нов политички прогон со монтиран судски процес за одвлекување...

Петрески и соработниците лапнале милиони евра во коруптивни зделки (ВИДЕО)

Истрагата на полицијата за случајот „Јагула“, како што информираат од МВР, открила сложена мрежа на коруптивни зделки поврзани со постапки за јавни набавки, за кои се осомничени поранешниот градоначалник на Охрид, негови блиски соработници и управители на фирми. Според информациите на МВР, осомничените во периодот од 2007 до 2013 година, го оштетиле буџетот на Општината за сума од 785.000 евра. Групата,...

Во „Јагула“ приведени 14 лица како соработници на Петрески, по двајца се трага

Во акцијата на МВР, со оперативно име „Јагула“, приведени се 14 лица, а по две се трага за криминални дејства со кои му нанеле штета на буџетот на Општина Охрид во периодот од 2007 до 2013 година, соопшти Министерството за внатрешни работи. Кривични пријави се поднесени против 16 лица за кривични дела злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, перење пари, фалсификување деловни...

Град Скопје со 30 возила ќе го чисти снегот

Градот Скопје е подготвен за одржување на магистралните и на собирните улици на подрачјето на Скопје, во зимски услови, информираат оттаму. За чистење на снежните наноси од коловозите, Градот Скопје оваа сезона располага со 30 возила и со доволно количество сол. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски, денеска го посетија пунктот на...

Нема крај за градежната експанзија во Охрид

Во локалната самоуправа во Охрид, не пресушуваат иницијативите во прилог на градежната експанзија, која наместо да биде конечно запрена, напротив, се интензивира. Стручната јавност на нож ја дочека иницијативата за изградба на пристаниште за јахти и за глисери во Студенчишкото блато, природен резерват на живи фосили, а веќе се обнародени нови иницијативи за други места околу крајбрежјето, каде, на ист...

Трајановски и Латиновски ќе се сретнат со жителите на Бутел

Утре, во 13 часот, на улица Бутелска, во близина на расадникот на ЈП „Паркови и зеленило“, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Бутел, Коце Трајановски и Петре Латиновски, ќе присуствуваат на акцијата за чистење што ќе се спроведува во оваа општина. По акцијата, градоначалниците ќе присуствуваат на средба со жителите на општината Бутел.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...