fbpx

Нема крај за градежната експанзија во Охрид

-

Во локалната самоуправа во Охрид, не пресушуваат иницијативите во прилог на градежната експанзија, која наместо да биде конечно запрена, напротив, се интензивира. Стручната јавност на нож ја дочека иницијативата за изградба на пристаниште за јахти и за глисери во Студенчишкото блато, природен резерват на живи фосили, а веќе се обнародени нови иницијативи за други места околу крајбрежјето, каде, на ист начин, еднакво се загрозува природната средина.

Јавноста сè уште не може да се изначуди, како локалната и централната власт, го срушија хотелот „Парк“, за на негово место да градат станбени објекти за пазар, а локалната власт веќе излезе со нова иницијатива. На местото од некогашниот автокамп „Андон Дуков“, сопственост на „УТРО Охрид – Турист“, истата која стоипанисуваше и со одамна затворениот хотел „Палас“, треба да се гради елитна станбена населба. Од општинскиот сектор за урбанизам потврдуваат дека има интерес и дека веќе е иницирана постапка за урбанизирање на тој простор од 30 хектари, пред ресорното Министерството за земјиоделство, од каде што очекуваат пренамена на земјиштето – од земјоделско во градежно.

За новиот резиденцијален комплекс, како што го нарекуваат, во локалната самоуправа оправдание гледаат во фактот што на местото од распаднатите стари камп-приколки ќе се градат ексклузивни туристички објекти. Дали тие ќе бидат туристички или станбени, допрва ќе се види. И за викенд-становите на местото на „Парк“, на почетокот, се употребуваше истата терминологија. Уште повеќе што, со најновите планови, е напуштена претходната идеја за изградба на објекти за здравствен туризам. Наводно, промената настанала по инспекцијата на општинските и на државните власти на сите кампови долж брегот на Охридско Езеро, по што била донесена одлука за изградба на резиденцијална населба.

– Се донесе одлука автокампот „Андон Дуков“ во иднина да биде урбанизиаран, во една постапка во која претходно треба да се направи пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно земјиште и веднаш по тоа да се донесе урбанистичко-планска документација, со која ќе се уреди идна урбанизација на овој автокамп – појаснува градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Откако Министерството за земјоделство ја активира банкарската гаранција на индиската компанија „Сахара груп“, со што се отвори постапката за раскинување на договорот за комбинатот „Џумајлија“, кај Штип, меѓу охриѓани, но и пред целата македонска јавност, се врати интересот за контроверзниот проект на Владата на Република Македонија и на индискиот бизнисмен Субрата Рој, околу изградбата на хотели и на коцкарници на Охридско Езеро. Постапката на ресорното министерство во Охрид е примена со олеснување и со надеж дека истата судбина ќе ги пресече мегаломанските амбиции во Охрид, градот под патронатство на УНЕСКО.

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...