fbpx

Градоначалникот на Новаци од премореност паднал во јама

-

Градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски, ноќеска паднал во јама, која била направена поради копањето на насипите на Црна Река.

Работници кажуваат дека Котевски веќе три ноќи бил со нив на насипите на Црна, и во еден момент, додека багерот копал земја, тој се лизнал и паднал во јамата. Работните веднаш го извадиле од калта.

– Не сум повреден, лесно поминав. Се лизнав, јамата не беше длабока. Поплавите нè оставија без сон не само мене туку и сите жители на Пелагонија. Но, овие три ноќи беше навистина драматично, па немаше време за одмор. Ќе помине сè, само да го надминеме ова со поплавите – вели Котевски.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...