fbpx

Битолчани в сабота на нов протестен марш за чист воздух

-

Битолчани од здружението „За нас се работи“, в сабота организираат нов протестен марш пред седиштето на Општина Битола. Членовите на здружението најавија дека бидејќи сабота ќе биде работен ден, во 11.30 часот ќе се соберат пред Офицерскиот дом, па преку Широк сокак, пред судовите, ќе се упатат до зградата на Општината. Се надеваат дека градоначалникот Владимир Талески и целата администрација ќе бидат на своите работни места, па ќе го чујат гласот на битолчани „Битола сака чист воздух“.

Од здружението се категорични дека ќе бараат средба со Талески или да излезе пред насобраната маса и да им каже што мисли да преземе за надминување на состојбата со загадениот воздух во Битола и да определи временски рамки кога ќе ги преземе активностите.

– Ова ќе биде последниот мирен протест на битолчани кои бараат чист воздух, потоа сè што ќе преземеме ќе биде порадикално, веќе размислуваме за неколку опции за да стигнеме до нашите цели – вели Горан Пинза, член на здружението „За нас се работи“.

Екологостите на градоначалникот му предложија половина од буџетот за дочекот на Нова година да го намени за купување мерна станица, која ќе биде лоцирана во центарот на градот.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На вебинар за „сајбер чистка“ ќе дознаете како да се брише „дигиталната прашина“

Живееме во време кога да се одржува сајбер хигиена е исто како да се одржува лична хигиена. Taa мора редовно да се одржува, а веќе кога ќе премине во...