fbpx

Светиклиментовата награда ја прими ликовниот уметник Јордан Манасиески

-

Во Охрид завршија годинешните чествувања посветени на патронот на градот, свети Климент Охридски. Вчеравечер, на свечена академија, беа доделени и највисоките општински признанија – Светиклиментовата награда на ликовниот уметник Јордан Манасиевски и Повелбата – постхумно на фолклористот Слободан Крлески.

– Сè додека постојам и каде и да бидам на овој свет, Охрид и понатаму ќе биде мојата главна инспирација за творење – рече Манасиески на свеченоста збогатена со концерт на Драган Даутовски.

Јордан Манасиески, од страна на Интернационалниот биографски центар од Кембриџ, лани доби медал „Личност на годината за 2013 година“, додека Интернационалниот биографски центар од овој британски град, го забележа во книгата на најзначајни личности од светот. Претходно, изложуваше во Париз, Токио, Њујорк, Фиренца и во други светски уметнички метрополи и салони, од каде се врати со ласкави признанија и награди.

На парискиот „Есенски салон“ во 2009 година, со делото „Пред величествената порта“, беше официјален кандидат за главната награда на манифестацијата. За своето дело „Молитва за радоста“, Мансиески ја доби специјалната награда на Јапонската асоцијација за современа уметност. Во 2009 година, Манасиеки ја доби и специјалната награда на Светската галерија за цртеж на „Остен“, во Скопје.

Признанијата ги врачи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, кој во таа пригода говореше за универзалните и за цивилизациски вредности на Климентовото дело.

– Овој вонвременски великан, светител и просветител ни го подари писмото како основен белег на нашиот идентитет, а на Европа ѝ ја подари суштината и вредноста на Светиклиментова школа на хуманизмот. Неговото дело е нераскинливо поврзано со Европа и претставува драгоцен придонес во светската цивилизациска традиција. Универзална вредност на св. Климента, денес нè прави уште повеќе исправени и горди, чествувајќи го неговото име и дело како прв словенски архиепископ, втемелувач на Охридската архиепископија, основач на првиот сесловенски универзитет за кого велат дека е постар од Болоњскиот, просветител и книжевник, кој со своето дело заедно со неговиот духовен брат, св. Наум, Охрид го претворија во центар на ширењето на божјото слово и на словенската писменост и култура – рече Бакрачески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...