fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Град Скопје: Сите главни улици се исчистени, останатите се во надлежност на општините

Сите булевари и улиците што се во надлежност на Градот Скопје се расчистени и проодни, соопштија од Град Скопје, додавајќи дека изминатата вечер на коловозите се фрлени дополнителни 50 тони сол, а екипите на јавните претпријатија го чистат снегот од јавните површини и од пешачките патеки. „Екипите на зимската служба на Град Скопје, кои се на терен од почетокот на...

Ноќеска фрлени 180 тони сол на скопските улици и булевари

Екипите на зимската служба на Град Скопје синоќа фрлиле 180 тони сол на градските улици и булевари и интервенирале на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и на високите зони кон Водно, Пржино и кон Железара, информираат од Град Скопје. Од Градот на возачите им препорачуваат да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. „Потсетуваме...

Град Скопје апелира граѓаните да го расчистуваат снегот пред објектите

Поради најавениот екстремно студен бран со ниска температура во текот на наредните денови, Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и до сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска и да го исчистат снегот од приодите до нивните објекти. - Доколку навреме не се исчисти снегот од приодите до објеките, постои можност од појава на голомразица што...

Екипите на Град Скопје фрлиле 150 тони сол

Екипите на зимската служба на Град Скопје од почетокот на снежните врнежи фрлиле 150 тони сол на градските булевари и улици, соопштија од Градот. Екипите на зимската служба интервенираат низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот. Градот...

Град Скопје фрли 103 тони сол на градските булевари и улици

Екипите на Град Скопје во текот на изминатата ноќ фрлиле 103 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување на голомразица, информира градската администрација. Екипите на зимската служба со 10 возила интервенирале низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и во високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на...

Зимската служба на Скопје е подготвена за снегот

По најавите за обилни врнежи од снег и за ниска температура во наредните денови, денеска се одржа координативен состанок на зимската служба на Градот Скопје со претставници на администрацијата и на јавните претпријатија на градот, како и со претстставници од општините на градот Скопје. - Градот Скопје е подготвен за одржување на градските улици и булевари на подрачјето на Скопје, во...

Сакаме чист воздух, а не панорамско тркало и боемски улици, порачаа еко-активистите

Воведување на системот пар-непар за возилата, бесплатен јавен превоз цела зима, засилени инспекции, казна од 10 години затвор за уништување на каква било вегетација и стопирање на сите проекти како панорамското тркало, боемски улици и стиропорни фасади и пренамена на средствата за лечење на болните од загадувањето. Ова се дел од 17-те барање што неколку стотини граѓани и еко-активисти му...

Град Скопје ги прска улиците со калциум магнезиум ацетат

Градот Скопје од вчера почна со третирање на градските сообраќајници со калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух. Градската администрација информира дека со ова средство во наредниот период ќе се третираат булеварот Свети Климент Охридски и улиците Свети Кирил и Методиј и Јордан Мијалков во централното градско подрачје, како и булеварот Трета македонска...

Општина Центар не се откажува од прославата поради склучените договори со изведувачите

Општина Центар нема да ја откаже прославата за дочек на Нова година на Сквер Јадран, поради веќе склучените договори со артистите, информираше градоначалникот на општината, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција. Тој додаде дека покрај забавниот дел, настанот ќе има и хуманитарен карактер, со тоа што секој граѓанин и фирма ќе можат да донираат за граѓаните од најранливите категории. Жерновски истакна дека правниот...

„Авалон“ ќе го тужи Град Скопје ако ја откаже прославата за Нова година

Продукцијата „Авалон“ ќе го тужи Градот Скопје ако се откаже од дочек на Нова година и ќе бара целосно да бидат исплатени сите трошоци. Ова го напиша првиот човек на „Авалон продукција“, Бобан Милошески, на својот профил на „Фејсбук“, како реакција на најавата на Град Скопје дека ќе се откаже од дочекот на Нова година на плоштадот и парите ќе бидат...

И Скопје ќе ги донира средствата планирани за дочек на Нова година

Градот Скопје се откажува од дочекот на Нова година што требаше да се одржи на плоштадот Македонија. Со оваа одлука, по Велес, Скопје е втор град во земјава што се откажува од прослава на Нова година. - Средствата што беа планирани за организирање на дочекот и се во износ од околу 2 милиона денари, ќе ги донираме во социјални цели. Одлуката...

Почна новогодишното украсување на Скопје, тендерот повторно го доби „Линк медиа“

Со концерт и со изведба на новогодишни песни на хор составен од 180 ученици од повеќе средни училишта на Градот Скопје, вчера беше вклучена централната елка во Скопје, која е поставена на плоштадот Македонија. Централната новогодишна елка е висока 21 метар и е осветлена со неколку илјади светилки и светлосни фигури, а ќе свети во различни бои. Годинава првпат плоштадот...

Општина Центар ги повика Владата и Град Скопје на итна седница за загадувањето

Општина Центар ги повика Владата и Град Скопје да свикаат итна седница, за да се договорат и брзо да реализираат мерки против енормното загадување на воздухот. „Во моментов, меѓу другото и поради изборната кампања, очигледно не се презема ништо во однос на ова горливо прашање. Ваквиот однос е недозволив бидејќи здравјето на граѓаните е поважно од сè, а ситуацијата со...

Град Скопје: Не проветрувајте, загадено е!

За да се избегне загадувањето на воздухот, Град Скопје ги повикува граѓаните да го користат јавниот превоз, да не ги користат автомобилите без поголема потреба, а кога ги користат, да се возат повеќе лица истовремено. Град Скопје апелира граѓаните да го сведат своето движење на отворен простор само на неопходни излегувања, а одделни категории од населението, како што се малите...

Град Скопје ги објави имињата на добитниците на наградата „13 Ноември“

Имињата на годинешните добитници на наградата „13 Ноември“ денеска беа обелоденети во просториите на Град Скопје. Добитниците се професори, научници, уметници, студенти и ученици кои работат и творат во различни области. Од областа на науката награди добија професорите Михаил Гаревски и Аслан Хамили. Награда за образование и за воспитание доби пензионираниот професор Томислав Димишковски. Заслуга за културата и уметноста имаат...

Утре почнува „Пиволенд 2016“

Од утре до 4 септември на скопското Кале по деветти пат ќе се одржи традиционалната манифестација – Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2016“, најавија денеска од Град Скопје. Фестивалот на пивото традиционално е во организација на Град Скопје и на „Темов“. За организација на гурманскиот викенд, Градот Скопје од буџетот издвојува 500.000 денари. Организаторите најавија дека музичката програма ќе биде поделена...

Во поплавените подрачја ќе се врши вонредна дезинсекција

Градот Скопје ќе ја изврши теренска дезинсекција во поплавените подрачја по барање од Министерството за здравство, а по претходно донесен заклучок од Владата. Вонредната дезинсекција против комарци ќе се изврши утре од 23 до 2 часот по полноќ.

Вонредно прскање против комарци во поплавените подрачја

В сабота, во периодот од 23 до 2 часот по полноќ, Град Скопје вонредно ќе прска против комарци на територијата зафатена со поплавата што се случи на 6 август. Прскањето ќе се врши терестрично (од земја) во населените места Смиљковци, Сингелиќ, Стајковци, Економија, Арачиново, Брњарци, Инџиково, Црешево, Виниче, Камник и Ченто. Вонредното прскање ќе се врши по барање на Министерството за...

Панорамското тркало ќе врти додека владата не каже доста е!

Работата на панорамското тркало продолжи и денеска, иако вчера Собранието донесе заклучоци средствата од државниот буџет наменети за изградба на репрезентативни објекти, доколку е потребно, да бидат пренаменети за справување со последиците од поплавите што го погодија Скопје и околината. Екипата на „Мета“ денеска забележа работници на местото каде се гради тркалото, но и тие не знаеја да ни одговорат дали...

Град Скопје ќе им додели по 3.000 евра помош на семејствата на загинатите во невремето

Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница одлучи на семејствата на загинатите во невремето кое вчера попладне го зафати Скопје и околината, да им биде дадена еднократна парчина помош од 3.000 евра (180.000 денари). Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, на седницата која започна со едноминутно молче за загинатите лица во невремето, ги презентираше мерките што градските власти ги преземаат...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...