fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Град Скопје го исклучи осветлувањето како дел од акцијата „Часот на планетата Земја“

Градот Скопје синоќа беше дел од глобалната акција „Часот на планетата Земја 2017“ и во времетраење од еден час го исклучи осветлувањето на неколку објекти и локации во центарот на градот. Во периодот од 20.30 до 21.30 часот, Градот Скопје го исклучи осветлувањето на плоштадот Македонија и околу спомениците, Камениот мост, Скопската тврдина Кале, мостот Око и на Мостот на уметноста. Вчеравечер,...

Град Скопје ќе се вклучи во акцијата „Часот на планетата Земја“

Градот Скопје утре во периодот од 20.30 до 21.30 часот ќе се вклучи во глобалната акција „Часот на планетата Земја“ и ќе го исклучи осветлувањето на неколку објекти во центарот на градот. Осветлувањето ќе биде исклучено на плоштад Македонија и околу спомениците, Камениот мост, Скопската тврдина Кале, Мостот Око и на Мостот на уметноста. Поддржувачите на акцијата „Часот на планетата Земја“ низ...

Општина Центар ја стопираше изградбата на спорната улица на кејот на Вардар

Градежен инспектор на општина Центар, по налог на градоначалникот на општината, Андреј Жерновски, денеска наредил стопирање на градежните работи за изградба на спорната улица на Кејот 13 Ноември. „На градилиштето нема информативна табла кој е инвеститор, изведувач и надзор, нема податоци за одобрена техничка документација и одобрение за подготвителни работи. Целата оваа документација е неопходно да се поседува и да...

Општина Центар: Во ДУП никаде не постои улица на кејот, Трајановски ги крши законите

Град Скопје, под чија ингеренција е кејот, донесе незаконска одлука да го узурпира шеталиштето и да направи сервисна улица, која според актуелниот детален урбанистички план (ДУП) никаде не постои, велат од Општина Центар. „Вчера, Град Скопје и ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидоа да ги кршат законите и да ги манипулираат граѓаните, кои мора да ја знаат вистината за улицата што Град Скопје...

Град Скопје: Ние не носиме ДУП и не ја градиме улицата на Кејот

Град Скопје не е институцијата што го донела деталниот урбанистички план и не ја гради сообраќајницата на Кејот 13 Ноември, се вели во реакцијата на Град Скопје на прес-конференцијата на претседателот на општинската организација на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ. Од Градот велат дека изјавите на Богдановиќ се невистини и манипулации и дека темата околу изградбата на сообраќајницата подолг период се злоупотребува...

Богдановиќ: Трајановски да ја повлече одлуката за изградба на улица на Кеј 13 Ноември

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска го повика градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, да ја повлече одлуката и одобрението за изградба на сообраќајница на Кејот 13 Ноември. - Изминатиот период донесовме една одлука како Општина Центар, каде што законски успеавме да ја спречиме изградбата на оваа улица, но сепак со измени на законот, Градот ни ги одзеде ингеренциите во тој дел...

Почнува пријавувањето за субвенции од Град Скопје за печки на пелети

Граѓаните од подрачјето на Град Скопје кои сакаат да набават печка на пелети, од денеска до 13 март ќе може да поднесуваат барања до Град Скопје за надоместување на дел од цената на новата печка. Според официјалното соопштение, доделувањето на субвенциите ќе биде по принципот „прв дојден - прв услужен“. Ќе се дава надомест од најмногу 70 отсто од цената...

Манчевски: Град Скопје лани трошеше пари на непродуктивни проекти

Извештајот за извршувањето на буџетот на Град Скопје од минатата година како и сите години претходно, покажува дека главна преокупација на Коце Трајановски му бил раскошот и луксузот на Никола Груевски, изјави денеска Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ. - Се трошеше за барокни фасади, плоштади, фонтани, луксузни административни згради и за други непродуктивни проекти. Коце Трајановски немаше пари за мерки...

Петиција на 7.882 граѓани за запирање на изградбата на панорамското тркало

Петиција на која 7.882 граѓани се потпишале против изградбата на панорамското тркало во Скопје е поднесена до градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Петицијата, со која се бара запирање на изградбата на панорамското тркало, денеска се појави на социјалните мрежи, и ако што може да се види од документот, таа е поднесена и архивирана од службите на Град Скопје на...

Град Скопје од утре го прекинува бесплатниот превоз

Од утре се укинува мерката бесплатен превоз за сите граѓани затоа што загадувањето е под нормалната граница, соопштија денеска од Град Скопје. „Во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, коешто е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на честичките ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината....

Град Скопје апелира на помасовно користење на јавниот превоз

Градот Скопје смета дека има голем простор за помасовно користење на бесплатниот јавен превоз од граѓаните и апелира да се остават автомобилите и да се користат бесплатните услуги на јавните превозници, во период на голема загаденост на воздухот. Од градската администрација велат дека доколку дозволат временските услови, ќе ги прскаат градските улици со средството калциум магнезиум ацетат, но дека нема да...

Манчевски: Град Скопје нема предвидено пари за мерки против загадувањето

Дел од предлог-мерките против загадувањето на воздухот на Град Скопје се коректни, но има и такви што не одговараат на поднебјето на Скопје, а странските консултанти конечно го натераа Коце Трајановски да признае дека нема ништо направено за намалување на загаденоста на воздухот, вели Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ. - Сепак, главниот проблем останува. За спроведување на овие мерки, потребни се...

СДСМ ја уништи локалната самоуправа во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ е добро позната како партијата која со своите одлуки ја уништи локалната самоуправа во Македонија, а пред сè во Скопје, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за отчетот на градоначалникот Коце Трајановски. „Поразениот СДСМ е партијата која со серија штетни одлуки го упропасти Град Скопје, одземајќи ги сите средства и ингеренции од неговите раце. СДСМ ги приватизираше АД...

Што прескокна и што заборави да каже Коце Трајановски во отчетот

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска пред новинарите го презентираше отчетот за реализираните проекти во 2016 година и најави некои проекти кои ќе почнат годинава. На прес-конференцијата тој зборуваше и за проекти што се почнати минатата година, а ќе се реализираат годинава. Трајановски се пофали со проекти почнати уште на крајот на 2015 година, кажувајќи дека се почнати лани....

Град Скопје: Ноќеска и утрово фрлени 155 тони сол на булеварите и на улиците

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на ноќта и утрово до 7 часот фрлиле 155 тони сол на градските булевари и улици, особено на критичните места. Како што информираат од Град Скопје, нивните екипи и понатаму се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од улиците и од тротоарите. Возилата на зимската служба интервенирале на сите...

Градот Скопје ќе ги донира парите од новогодишната прослава на пунктот за бездомници

Средствата планирани за новогодишната прослава во износ од 2 милиони денари Град Скопје ќе ги донира за проширување на капацитет на Прифатилиштето за бездомни лица лоциран на Момин Поток. - Имаме нов проект од Црвен крст за проширување на капацитетот за сместување на бездомни лица, односно за уште еден контејнер со 16 легла и повеќе туш-кабини и јас на следната седница...

Зимската служба на Град Скопје фрлила 140 тони сол

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ и до 13 часот денеска фрлиле 140 тони сол на градските булевари и улици, особено на критичните места. Екипите на Град Скопје интервенирале низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и во високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на...

Ноќеска фрлени 113 тони сол на скопските булевари и улици

Екипите на зимската служба на Град Скопје ноќеска фрлиле 113 тони сол на градските булевари и улици, особено на критичните места. Како што велат од Град Скопје, нивните екипи со возила за ринење интервенирале низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара. „Зимската служба на Градот будно...

Град Скопје: Утрово фрлени 50 тони сол на улиците и на булеварите

Од почетокот на снежните врнежи утрово, екипите на зимската служба на Град Скопје фрлиле 50 тони сол на градските улици и булевари, соопштија од Град Скопје. Оттаму велат дека паралално со коловозите, екипи од јавните претпријатија на Градот Скопје работат на расчистување на снегот и на мразот од тротоарите и од јавните површини. „Во расчистувањето на тротоарите и јавните површини ангажирани...

Службите на Град Скопје фрлиле 250 тони сол

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатава ноќ, до утрово фрлиле 250 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување голомразица, соопштија од градската администрација. Оттаму информираат дека индустриската сол има ефект до минус 6 Целзиусови степени и поради ниската температура можно е појавување на голомразица на коловозот. Градот Скопје им препорачува на возачите да...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...