петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Финска | 47 резултати

Четири медали за македонската карате репрезентација на Европското првенство во Финска

август 25, 2021

Македонската карате-репрезентација се врати од 48. Европско првенство (ЕП) за кадети, јуниори и помлади сениори (У 21 година), што се одржа изминатиот викенд во Тампере, Финска, со четири медали. Ова е огромен успех за македонското карате од причина што на ЕП во Тампере настапија над 1.000 натпреварувачи од 45 држави. „Со вакви успеси, каратето е […]

Пи-Си-Ар тест за сите граѓани од Косово што тразитираат низ Македонија

август 19, 2020

Комисијата за заразни болести, на утринскиот состанок донесе одлука да се воведе задолжителен Пи-Си-Ар тест за патниците од Косово кои минуваат низ Македонија, информира Министерството за зравство. „Транзит-патниците на граничниот премин треба да покажат негативен тест не постар од 72 часа. Предлогот од Комисијата ќе биде доставен до Владата“, информираат во министерството. Ова следува откако […]

Aко не седат дома две недели, позитивните патници од македонскиот лет во Финска ќе одат во затвор

август 11, 2020

Вкупно 24 патници кои беа тестирани и позитивни на аеродромот Турку во Финска, се патници или иселеници кои таму работат, а дошле во Македонија, информира Министерството за здравство (МЗ). Станува збор за патници со чија дозвола за престој или државјанство од ЕУ, не важат рестрикциите при влез и излез од земјата. Нашите здравствени власти проверуваа […]

Во Финска се одржа прес-конференција за Ковид-19 на која деца поставуваа прашања

април 27, 2020

Во време на корона криза, Финската влада одвои време да одржи прес-конференција наменета за деца. Премиерката Сана Марин, министерката за образование Ли Андерсон и министерката за наука и култура Хана Косонен, одговараа на прашања поставени од страна на децата во врска со корона вирусот и неговите ефекти. Ова е прв случај во Финска, кога децата […]

Како образовниот систем на Финска ги учи децата да препознаат лажна вест

февруари 12, 2020

Додека на демократските општества во целиот свет им се случува „поплава“ од лажни вести, Финска ја сфати борбата против тој проблем толку сериозно што е воведена во наставата во основните училиште, пишува британски „Гардијан“. Во средните училишта, исто како и во државниот колеџ во Хелсинки, мулти-платформската информациска писменост и силно развиеното критичко размислување, станаа темел […]

Не е точно дека Финска ќе воведе работна недела од четири дена

јануари 11, 2020

Финска пред неполн месец ја доби најмладата премиерка во светот, Сана Марин, за која се крена голема врева кога беше избрана околу составот на нејзиниот кабинет и за дел од политиките кои сака да ги примени. Десетици медиуми деновиве објавија дека новата финска премиерка Марин ќе воведе флексибилно работно време од четири дена во неделата, […]

Советот на министри не донесе одлука за датум, топката се префрла на премиерите

октомври 16, 2019

Советот на министри за општи работи на ЕУ заврши без заклучок за започнување преговори со Албанија и Македонија, па одлуката се префрла кај шефовите на држави или влади кои ќе се сретнат в четврток и петок во Брисел. Пропаднаа обидите на финското претседателство да постигне компромис помеѓу земјите членки со тоа што во преговарачкиот процес […]

Воз и воен камион се судрија во Финска – има загинати

октомври 26, 2017

Воз и воен камион се судрија во финскиот град Росеборг, јавија локалните медиуми, наведувајќи дека има мртви и повредени. Финската агенција ФБН јавува дека осум лица се повредени во несреќата што се случила на 85 километри од Хелсинки. Во извештајот се наведува дека во несреќата загинале војници, а финскиот министер за одбрана, Јуси Нинисто, на […]

Валстром и Соини се охрабрени од реформите на македонската влада

октомври 9, 2017

Иднината на земјите од Западен Балкан е во Европската Унија, изјави денеска во Скопје министерката за надворешни работи на Шведска, Маргот Валстром, притоа порачувајќи дека Македонија треба да продолжи со реформските напори во насока на владеењето на правото, слободата на говорот, слободата на медиумите. Валстром, на заедничката прес-конференција со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, […]

Полицијата во Финска застрела маж кој со нож напаѓал луѓе

август 18, 2017

Финската полиција ранила и уапсила маж кој со нож избодел повеќе луѓе во градот Турку, трет по големина во Финска, јавува „Би-би-си“. Засега нема прецизни информации колку лица се повредени, а полицијата ги предупреди граѓаните да „не се задржуваат во центарот на градот“. Нападот се случил на еден од градските плоштади, а напаѓачот е ранет […]

Димитров му ги презентираше на финскиот колега реформските приоритети на Владата

август 17, 2017

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров денеска во Хелсинки се сретна со својот фински колега, Тимо Соини, на кого му ги презентирал „клучните реформски приоритети на Владата и нејзините активности за што побрзо отворање на европската перспектива на земјата“. Димитров го образложил, како што се наведува во соопштението од МНР, и новиот конструктивен пристап кон […]

Самуелсен: Данска ја поддржува Македонија на нејзиниот евро-атлантски пат

август 15, 2017

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска во Копенхаген добил уверување од својот дански колега, Андерс Самуелсен за поддршка од Данска на реформите што новата македонска влада сака да ги спроведе, соопшти македонското Министерство за надворешни работи. – Ја имате нашата целосна политичка поддршка за претстојната работа на вашата влада во остварувањето на овие […]

Димитров од утре во посета на Данска, Шведска и Финска

август 14, 2017

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, од утре до четврток ќе престојува во работна посета на Данска, Шведска и Финска. „Во рамките на регионалната турнеја, министерот Димитров на своите нордиски колеги ќе им ги претстави стратешките приоритети на новата реформска Влада, насочени кон враќање на европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија […]

Финска планира да депортира 20.000 мигранти

јануари 28, 2016

Финска планира да депортира речиси 20.000 мигранти од вкупно 32.000 колку што побарале азил во земјата минатата година, соопштила денеска Паиви Нерг, постојан секретар во министерството за внатрешни работи на Финска. Доколку тоа се оствари, тоа би значело депортирање на 62 отсто од барателите на азил, во споредба со 56 отсто, колку што биле депортирани […]

Силен ветер остави 8.000 домаќинства без струја во Финска

декември 26, 2015

Прекин во снабдувањето со електрична енергија на околу 8.000 домаќинстава, во 45 општини во централниот дел на Финска, денеска предизвика силниот ветер од западен правец. Силниот ветер корнел дрва, кои на неколку места паднале врз далноводниот систем, предизвикувајќи кинење на електропроводните кабли. Службите на енергетските компании работат на отстранување на дефектите, но снабдувањето со струја […]

Финска ќе сместува бегалци во шатори и во бродски контејнери

ноември 11, 2015

Финска се подготвува да ги смести барателите на азил во шатори и во бродски контејнери како што се засилува бранот бегалци, соопшти денеска финското министерство за внатрешни работи. Финска во октомври прими околу 7.000 бегалци, но само минатата недела стигнале повеќе од 2.000 баратели на азил. „Без разлика на новите центри за прифаќање бегалци, тоа нема […]

Финска очекува 50.000 бегалци

октомври 2, 2015

Финската влада денеска процени дека во земјата годинава ќе пристигнат 50.000 бегалци, што е за 20.000 повеќе од последните прогнози по големиот прилив на мигранти во септември. Минатата година, во Финска, која има 5,5 милиони жители, поднесени се 3.600 барања за азил. Министерството за внатрешни работи соопшти дека новата прогноза е пропорционално слична на бројките […]

Финската влада ги осуди расистичките протести против мигрантите

септември 25, 2015

Финската влада денеска најостро ги осуди „расистичките протести против барателите на азил“, откако еден од демонстрантите ги дочекал мигрантите облечен во облека каква што носеле припадниците на Кју клукс клан (ККК). Лидерите на трите водечки партии во Финска, во заедничко соопштение, наведоа деа Финска е „отворена и толерантна земја“ во која жителите се „позитивни кон […]

Финскиот премиер ја нуди својата куќа за сместување на бегалците

септември 5, 2015

Премиерот на Финска, Јуха Сипила, изјавил дека ќе им ја понуди на бегалците својата куќа за сместување, пренесува хрватската државна телевизија ХРТ. Сипила соопштил дека станува збор за негова куќа во Кемпеле, на северот на Финска, која малку ја користи и во која ќе бидат сместени барателите на азил од почетокот на следната година. „Сите […]

Протест во Финска поради примањето азиланти

август 31, 2015

Околу 200 Финци протестираа денеска против отворањето центар за прием на бегалци во градот Сало, некогашно седиште на телекомуникацискиот гигант „Нокиа“. Демонстрантите сметаат дека прифатниот центар, кој е планиран во делумно испразнета болница, претставува безбедносен ризик, особено за децата и за жените. – Сè e земено од невработените, сиромашните и од болните. Сè е испразнето. Доколку […]

Страна 2 од 3