Финската полиција ранила и уапсила маж кој со нож избодел повеќе луѓе во градот Турку, трет по големина во Финска, јавува „Би-би-си“.
Засега нема прецизни информации колку лица се повредени, а полицијата ги предупреди граѓаните да „не се задржуваат во центарот на градот“.
Нападот се случил на еден од градските плоштади, а напаѓачот е ранет во нога.