fbpx

Како образовниот систем на Финска ги учи децата да препознаат лажна вест

-

Додека на демократските општества во целиот свет им се случува „поплава“ од лажни вести, Финска ја сфати борбата против тој проблем толку сериозно што е воведена во наставата во основните училиште, пишува британски „Гардијан“.

Во средните училишта, исто како и во државниот колеџ во Хелсинки, мулти-платформската информациска писменост и силно развиеното критичко размислување, станаа темел на Националната наставна програма која е воведена во 2016 година.

„Можете да почнете од најрана возраст, како што би требало, а бајките може добро да послужат за тоа. На пример, да ја искористите темата како итрата лисица секогаш со убави зборови ги лаже другите животни. Тоа и не е лоша метафора за одреден вид на политичари, зарем не“, вели наставникот Кари Кивинен.

Учениците на Кивинен, по предметот математика учат како е лесно да се лаже користејќи статистика, на ликовно воспитување како може да се манипулира со значењето на некоја слика, додека по историја, учениците ја анализираат историски гласната пропагандна кампања.

На настава по фински јазик, учителите со децата вежбаат да препознаваат како зборовите може злонамерно да се користат за некој да се збуни, манипулира или да се излаже.

„Целта е да создадеме активни, одговорни граѓани и гласачи,“ додаде Кивинен.

Тој истакнува дека денешните деца не читаат весници и не гледаат телевизија, и тие не ги бараат вестите туку вестите ги наоѓаат нив преку „Јутјуб“, „Инстаграм“ и „Снепчет“. Или попрецизно кажано, компјутерскиот алгоритам ги избира вестите кои им ги прикажува, кои се „скроени“ токму за нив. Оттука, според Кивинен, тие мора на таквата содржина да пристапат критично.

Лажни вести, според негово мислење, не е баш најдобар израз, посебно за децата. Многу покорисна е дефиницијата на три различни категории: погрешни информации (misinformation), дезниформации кои се лажни информации кои намерно се пласираат со цел да манипулираат (disinformation) и „злобни“ информации односно информации кои можеби се точни, но се со цел некому да му нанесат зло (malinformation).

Националната наставна програма  е дел од пошироката стратегијата која ја разви финската влада по 2014 година, откако во Финска почнаа да се пласираат лажни вести од Русија. Таа програма се покажа успешна, бидејќи Финска е на самиот врв на годишниот индекс кој мери отпорност на лажни вести во 35 европски земји. Целта е државата да биде сигурна дека секој граѓанин, од ученик до политичар, ќе може да ги препознава лажните информации и ќе дадат свој придонес во борбата против нив.

„Тој проблем влијае на сите нас. Мета е целото финско општество, а крајната цел е поткопување на општествените вредности и норми, како и довербата во институциите,“ изјави портпаролот на финската премиерка Јуси Тоиванен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...