Силен ветер остави 8.000 домаќинства без струја во Финска

Прекин во снабдувањето со електрична енергија на околу 8.000 домаќинстава, во 45 општини во централниот дел на Финска, денеска предизвика силниот ветер од западен правец.

Силниот ветер корнел дрва, кои на неколку места паднале врз далноводниот систем, предизвикувајќи кинење на електропроводните кабли.

Службите на енергетските компании работат на отстранување на дефектите, но снабдувањето со струја сè уште не е целосно обновено.

Финскиот Метеорлошки институт соопшти дека силнот урагански ветер ќе продолжи да дува и во текот на денот и дека освен во централните, ќе се прошири и во северните и во јужните делови на Финска.