четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Федерика Могерини | 168 резултати

Могерини очекува продолжување на санкциите кон Русија

мај 19, 2016

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини очекува дека Унијата во јули ќе ги продолжи санкциите кон Русија поради кризата во Украина, пишува германскиот весник „Велт“. Одговарајќи на прашање дали санкциите кои истекуваат во јули ќе бидат продолжени, Могерини рече „Очекувам и тоа да се случи“. Могерини во соопштение, кое е објавено по […]

Могерини и Хан: Ова е нова можност за решавање на кризата

мај 18, 2016

Одлуката на Уставниот суд отвори пат за Собранието повторно да се свика и да ги откаже изборите на 5 јуни, стои во заедничката изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. „Ова е нова можност за државата да се справи со бројните сериозни прашања во екот […]

Могерини: Имаме многу причини да го славиме Денот на Европа

мај 9, 2016

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, во видеопорака по повод Денот на Европа рече дека постојат многу причини овој ден и понатаму да се обележува, иако е свесна дека многумина денеска се прашуваат дали е така. Таа наведе дека првпат во својата историја ЕУ […]

Ирачките демонстранти го напуштија парламентот

мај 1, 2016

Демонстрантите кои вчера упаднаа во парламентот во Багдад го напуштија законодавниот дом по шест часа откако влегоа во силно обезебедуваната „зелена зона“, каде што се наоѓаат најважните владини институции и странски амбасади. Припадници на групата Сараја ал Саламџ, која е формирана од шиитскиот свештеник Муктада ал Садр, побараа од демонстрантите да го напуштат парламентот, по […]

Заев до Могерини: СДСМ ќе предложи да не се повлекуваат членовите на ДИК

април 7, 2016

На Македонија ѝ се неопходни веродостојни избори со прочистен избирачки список, медиумски реформи и без притисоци, истакнал лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во телефонскиот разговор што денеска го имал со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европска Унија, Федерика Могерини. Во разговорот, Заев го повторил ставот на СДСМ дека „рамката дефинирана со Договорот од […]

Могерини: Партиите во следните клучни недели да го спроведат Договорот од Пржино

април 7, 2016

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, ги повика политичките партии во Македонија да создадат услови за веродостојни избори. „По последните случувања во Македонија, особено во однос на подготовката за предвремените парламентарни избори во јуни, денеска попладне разговарав со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во разговорот, кој следуваше по неколкуте контакти со комесарот Јоханес Хан и со […]

САД и ЕУ го осудија нападот во Пакистан

март 28, 2016

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изрази сочувство на пакистанскиот народ и влада по терористичкиот напад во кој животот го загубија 72 лица, потврдувајќи ја истовреме и поддршката на ЕУ во борбата против тероризмот. – Во нападот во центарот на пакистанскиот град Лахоре, настрадаа голем број на семејства, многу од […]

Црн ден за Белгија: 34 загинати и 136 повредени

март 22, 2016

Белгискиот јавен сервис „Ве-ер-те“ објави дека е зголемен бројот на жртвите во нападите во Брисел и оти тој се искачил на 34 лица. Дваесет лица се убиени во експлозиите на метро-станицата, а 14 во експлозиите на аеродромот. Во двата напади повредени се 136 лица. Белгискиот премиер Шарл Мишел на прес-конференција изјави дека ова е „црн […]

Австрија најмногу уплатила во фондот на ЕУ за Сирија

март 17, 2016

Австрија уплатила најголема сума пари во фондот за Европска Унија во Сирија, поради што особено е пофалена од страна на бриселските власти. – Се надеваме дека другите земји членки ќе го следат примерот на Австрија – порачаа во писмо до официјална Виена, шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, и комесарот за соседска политика, Јоханес Хан. Според […]

Порака од ЕУ до Тирана: Нема членство без реформи во правосудството

март 4, 2016

Албанија мора да спрoведе „длабоки реформи“ на правосудниот систем, пред да се разгледа нејзиното членство во ЕУ, порача за време на посетата во Тирана, високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Унијата, Федерика Могерини. – Длабоките реформи на правосудниот систем ќе отворат пат за почеток на преговорите за Албанија да стане дел од […]

Могерини: Нападите во Дамаск се против покренување на политичкиот процес

февруари 1, 2016

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, изјави дека нападите на Исламска држава во Дамаск, во кои беа убиени повеќе од 60 лица, „очигледно се насочени против обидите да се покрене политички процес“ и да се стави крај на судирите во Сирија. Три бомби, од кои една автомобил-бомба и две активирани од бомбаши-самоубијци, експлодира вчера во […]

Могерини: Заканата од тероризам е глобален проблем

јануари 14, 2016

Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, изјави дека денешниот напад во срцето на Џакарта е трагичен потсетник дека заканата од тероризам е глобален проблем и оти треба да се решава како таков. – Нашите мисли се со семејствата и со пријателите на жртвите. Силно ги поддржуваме владата на Индонезија […]

Могерини: Наскоро ќе бидат укинати економските санкции кон Иран

јануари 11, 2016

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, изјави дека очекува наскоро да бидат укинати економските санкции против Иран. Иран и шесте светски сили предводени од САД, во јули минатата година постигнаа историски договор за иранската нуклеарна програма, врз основа на кој ќе бидат укинати санкциите против Техеран во замена за […]

Министрите за надворешни работи на ЕУ повикаа на единство против тероризмот

ноември 16, 2015

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, на состанокот во Брисел, повикаа на единство во борбата против тероризмот, по терористичките напади во Париз. Високата преставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската унија, Федерика Могерини, изјави дека нападите во Париз, за кои одговорност презеде Исламска држава, не се напади на една земја, туку […]

Могерини: Сите сили на ЕУ се насочени во борба против исламистичкиот тероризам

ноември 16, 2015

Состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија, одржан денеска во Брисел, целосно е фокусиран на осигурување на безбедноста во Европа, разбивање на тероризмот и на уништување на Исламска држава и на нејзните разграници, како и на исламскиот тероризам во Африка, изјави високата преставничка на Европската унија, Федерика Могерини. Могерини истакнала дека на состанокот ќе […]

Могерини: Да се истражат нападите врз новинарите

ноември 2, 2015

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, денеска побара на новинарите да им се обезбеди без страв да си ја вршат својата работа, а тие што ги напаѓаат да бидат изведени пред лицето на правдата. – Нападите врз новинари не претставуваат само напади врз жртви, тие истовремено претставуваат напади на слободата […]

Могерини: Без колективен договор за бегалците, ЕУ може да се распадне

октомври 29, 2015

Европската унија би можела да се распадне ако на мигрантската криза не се одговори колективно и со инструментите што се на располагање, предупреди шефицата на дипломатијата на Унијата, Федерика Могерини, во интервју за италијанскиот весник „Ил соле 24 оре“. Според Могерини, која е и потпретседателка на Европската комисија, доколку Европејците се задоволат со националните одговори на европската појава, […]

Могерини: Сите релевантни фактори во Сирија да седнат на иста маса

октомври 12, 2015

За да се стави крај на војната во Сирија, треба сите политички фактори, вклучувајќи ги и претставниците на Асад, да седнат на иста маса, вели високата преставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини. – Сите релевантни играчи треба да седнат и да разговараат – изјави Могерини пред утрешниот состанок на шефовите на дипломатиите […]

Могерини и Курц со предлози за решавање на кризата во Сирија

септември 29, 2015

Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, изјави дека преговорите за ставање крај на војната во Сирија би можеле да се водат по моделот на преговори за иранската нуклеарна програма, додека шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, предложи во преговорите на почетокот да биде вклучен и сирискиот претседател Башар ал Асад. Могерини во Њујорк, каде во […]

Могерини: Мирот во Сирија нема да значи крај на бегалската криза

септември 25, 2015

Меѓународната заедница, дури и со некое „чудо“ да успее да стави крај на конфликтот во Сирија, Европската унија и понатаму ќе биде соочена со голем миграциски бран, оцени денеска високиот претставник за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини. – Да не се самозалажуваме. Денес во центарот на вниманието е Сирија со четири […]

Страна 7 од 9