понеделник, 8 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Федерика Могерини | 168 резултати

Велиновска ја нарекува Могерини „фашисоросоидна шмизла“ и бара „шут-карта“

февруари 24, 2017

Федерика Могерини, висок комесар за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, се очекува да пристигне во Македонија на почетокот на идниот месец на средба со државниот и политички врв на земјава, а во рамките на балканската турнеја. Таа не е омилена во партијата и кај приврзаниците на Никола Груевски, а пред посетата ѝ […]

Пенс и Могерини за подлабока соработка на САД и на ЕУ

февруари 20, 2017

Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска, на почетокот на средбата со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, изјави дека неговата земја ќе ги истражи начините за продлабочување на осносите со Европската Унија. Пенс ги почна состаноците со претставниците на ЕУ и на НАТО со средба со Могерини во Брисел, во време да длабок скептицизам меѓу европските […]

Силна Русија е во интерес на Европа, порача Могерини

февруари 3, 2017

Силна Русија е во најдобар интерес на Европа, изјави високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини. – Се сомневам дека Русија навистина има моќ бидејќи е зафатена со економска криза. Внатрешните проблеми и понатаму се присутни и покрај политичките и воените победи постигнати надвор од земјата – рече Могерини во […]

Вучиќ ја обвини Приштина за неуспехот на дијалогот и ги повика Србите да останат мирни

февруари 2, 2017

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ја обвини делегацијата на Косово за неуспехот на последната рунда од дијалогот во Брисел и по тој повод побара реакција од високата претставничка за надворешна и за безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини. Вучиќ ги повика Србите на Косово да останат мирни, да веруваат во својата држава и […]

Вучиќ и Николиќ заедно ќе одат во Брисел на продолжението на дијалогот со Приштина

јануари 22, 2017

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска најави дека на продолжението на дијалогот со Приштина, закажно за вторник следната недела, во Брисел, покрај него ќе учествува и претседателот на земјата, Томислав Николиќ. Вучиќ додаде дека очекува и другата страна, односно Косово, да ги испрати своите највисоки претставници. „Се надевам дека ќе има доволно разум и рационален […]

ЕУ ги повика Белград и Приштина на воздржаност и на разумност

јануари 15, 2017

Високата претставничка за надворешна и за безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, и нејзиниот тим внимателно го следат развојот на односот помеѓу Белград и Приштина во последните неколку дена, а тоа ги вклучува и вчерашните случувања, велат од кабинетот на шефицата на дипломатијата на Европската Унија. – ЕУ е во постојан контакт со двете […]

Коѕиас и Могерини разговарале за Македонија

декември 15, 2016

Шефот на грчката дипломатијата, Никос Коѕиас, и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, во Брисел разговараа за последните случувања во Македонија, јавува дописникот на „Мета“ од Атина. Македонија била една од темите на разговор, а двајцата министри се фокусирале и на кипарското прашање за кое се водат интензивни преговори, […]

Могерини ги повика сириските сили и Москва да ги поштедат цивилите во Алепо

декември 14, 2016

Сириската влада и Русија да сторат сè што е во нивна моќ за да ги поштедат цивилите во Алепо, порача денеска високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини. Нејзината изјава доаѓа во момент кога сириските сили се подготвуваат да ги протераат и последните бунтовници од градот. – Приоритет сега, […]

Могерини и Хан повикаа итно да се формира нова влада која ќе ги спроведе реформите

декември 13, 2016

Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, и еврокомесарот Јоханес Хан доцна синоќа ги поздравија спроведените предвремени парламентарни избори во Македонија, одржани на 11 декември. „Предвремените парламентарни избори кои во неделата се одржаа во БЈР Македонија минаа на мирен и уреден начин, со добар одѕив на гласачите. Тие беа следени од мисијата […]

ЕУ и Куба потпишаа договор за соработка и за нормализација на односите

декември 12, 2016

Европската Унија (ЕУ) и Куба денеска во Брисел потпишаа договор за политички дијалог и за соработка, што е прв ваков договор меѓу Унијата и карипската држава за нормализација на односите. Договорот го потпишаа шефот на кубанската дипломатија, Бруно Родригес Париља, и високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини. Европската Унија […]

Светските лидери му ја честитаа победата на Трамп, ЕУ го покани на самит

ноември 9, 2016

По официјалното прогласување на Доналд Трамп за нов претседател на САД, честитки за победата стигнуваат од светските лидери. Дел од нив изразуваат скепса, а дел се радуваат на изборот што го направија Американците. Претседателот на Еврпскиот парламент, Мартин Шулц, во подолга изјава рече дека на Европската Унија ќе ѝ биде потешко со Доналд Трамп отколку со […]

Могерини и Хан го поздравија договорот меѓу партиите за избори на 11 декември

август 31, 2016

Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, во заедничка изјава го поздравија политичкиот договор што денеска го постигнаа лидерите на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино. „Го поздравуваме фактот што лидерите на четирите најголеми политички партии донесоа голем број важни одлуки за […]

Жбогар и официјално го замени Орав

јули 21, 2016

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, синоќа назначи 17 нови евроамбасадори, вклучувајќи го и Самуел Жбогар, кој е нов шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија. Жбогар ќе го замени евроамбасадорот Аиво Орав, кој се сели во делегацијата на ЕУ во Црна Гора. Словенечкиот дипломат во моментов раководи со мисијата на ЕУ […]

Брисел загрижен дека Турција ја злоупотребува ситуацијата по обидот за државен удар

јули 18, 2016

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, денеска ја предупреди турската влада да не презема мерки што ќе го нарушат уставниот поредок во земјата по неуспешниот обид за воен удар во петокот. – Ние бевме првите кои во таа трагична ноќ кажавме дека легитимните институции треба да бидат заштитени. Ние сме тие што денеска […]

Могерини: На светот му е потребна силна Европа

јули 12, 2016

Целисходноста, па дури и опстанокот на Европска Унија е под знак прашање како никогаш досега, а на европските граѓани и на светот им е потребна силна ЕУ, пишува високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, во авторски текст што го пренесува „Данас“. Таа додава дека изминатите неколку години Европа станала нестабилна и помалку […]

Могерини: Проширувањето на ЕУ ќе продолжи

јули 5, 2016

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, на вчерашниот самит за Западен Балкан во Париз изјави дека проширување на ЕУ ќе продолжи и важно е европските институции да бидат кредибилни во тој процес. „Овој самит е важен и за нашата безбедност, бидејќи миграциската криза уште постои и ризикот од […]

По Брексит, Могерини бара да се засили одбраната на ЕУ

јуни 28, 2016

Европската Унијата мора да стори повеќе за својата одбрана, порача денеска високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини. Изјавата на Могерини доаѓа по одлуката на Британија да ја напушти ЕУ, по што Унијата ќе остане без една голема воена сила. „Како Европејци мораме да преземеме поголема одговорност за нашата безбедност. […]

Могерини: На ЕУ ѝ е потребна нова стратегија

јуни 26, 2016

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, денеска на земјите членки на Унијата им ја испратила новата глобална стратегија на ЕУ за надворешна политика и за безбедност. Таа формално ќе ја претстави стратегијата на самитот на ЕУ, кој ќе се одржи оваа недела во Брисел. Стратегијата, подготвена и елаборирана […]

Коцијанчич: Следните недели се клучни за Македонија

јуни 21, 2016

Брисел денеска повторно ги повика македонските политички лидери да седнат на преговарачката маса и да создадат услови за веродостојни избори и истакна дека следните недели се клучни за европската иднина на Македонија. – Советот за надворешни работи вчера разговараше за ситуацијата во поранешната југословенска Република Македонија. Како што истакна високата претставничка за надворешна политика на […]

Могерини: Лидерите да почнат дијалог за услови за веродостојни избори

јуни 20, 2016

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, на прес-конференција по завршувањето на Советот за надворешни работи на Европската Унија рече дека политичарите во Македонија мораат да се заложат за отворен дијалог и дека треба целосно да се имплементира Договорот од Пржино. – За БЈРМ е многу јасна пораката на земјите членки. Потребно е […]

Страна 6 од 9