fbpx

Жбогар и официјално го замени Орав

-

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, синоќа назначи 17 нови евроамбасадори, вклучувајќи го и Самуел Жбогар, кој е нов шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Жбогар ќе го замени евроамбасадорот Аиво Орав, кој се сели во делегацијата на ЕУ во Црна Гора.

Словенечкиот дипломат во моментов раководи со мисијата на ЕУ на Косово и се смета за добар познавач на ситуацијата во регионот. Неофицијално, Жбогар ќе ја преземе мисијата во Скопје на почетокот од септември.

Педесет и четиригодишниот Жбогар во својата 22-годишна дипломатска кариера бил вклучен во сите поголеми политички проекти на словенечката надворешна политика. Во 1993 година, тој ја отворил словенечката амбасада во Пекинг, Кина, каде што работел до 1995 година, а во периодот од 1997 до 2001 година, бил заменик-амбасадор во Обединетите нации и заменик на постојаниот претставник на Словенија во Советот за безбедност на ОН во периодот кога Словенија беше избрана за член на Советот. Во периодот од 2001 до 2004 година, бил државен секретар во Министерството за надворешни работи во кабинетот на Јанез Дрновшек и на Антон Роп.

Во 2004 година бил назначен за амбасадор во Соединетите Американски Држави, а бил и дел од преговарачкиот тим за евроинтеграцијата на Словенија, како и главен преговарач за членство во НАТО.

По враќањето од Вашингтон, во октомври 2008 година, станува директор на Институтот за стратешки студии во Љубљана, а во ноември 2008 година е именуван за министер за надворешни работи во централно-левичарската влада на Борут Пахор.

Во декември 2011 година, високата претставничка за надворешна политика на Европската Унијата, Кетрин Ештон, го именува Жбогар за шеф на канцеларијата на ЕУ во Косово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...