fbpx

ЕУ и Куба потпишаа договор за соработка и за нормализација на односите

-

Европската Унија (ЕУ) и Куба денеска во Брисел потпишаа договор за политички дијалог и за соработка, што е прв ваков договор меѓу Унијата и карипската држава за нормализација на односите.

Договорот го потпишаа шефот на кубанската дипломатија, Бруно Родригес Париља, и високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.

Европската Унија на 6 декември формално „сврте нов лист“ во односите со Куба, со ставање надвор од сила на актот од 1996 година со кој беа предвидени низа услови за нормализација на односите, особено во областа на човековите права.

Одлуката за нормализација на односите меѓу ЕУ и Куба следува 10 дена по смртта на кубанскиот политички лидер Фидел Кастро и додека тече процесот на приближување на односите меѓу Хавана и Вашингтон, кој во март оваа година го почна американскиот претседател во замнинување Барак Обама.

Договорот што денеска го потпишаа Унијата и Куба, најпрвин треба да биде одобрен од Европскиот парламент, а потоа да биде ратификуван од парламентите на земјите членки на ЕУ.

Во неодамнешното соопштение од Советот на ЕУ беше наведено дека договорот треба да воспостави „нова правна рамка за односите меѓу ЕУ и Куба“, за поттикнување на трајниот развој на Куба, напредување на демократијата и на човековите права и за наоѓање заеднички решенија за надминување на глобалните предизвици.

Куба беше единствената латиноамериканска земја со која ЕУ немаше склучено договор за меѓусебна соработка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...