fbpx

Брисел загрижен дека Турција ја злоупотребува ситуацијата по обидот за државен удар

-

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, денеска ја предупреди турската влада да не презема мерки што ќе го нарушат уставниот поредок во земјата по неуспешниот обид за воен удар во петокот.

– Ние бевме првите кои во таа трагична ноќ кажавме дека легитимните институции треба да бидат заштитени. Ние сме тие што денеска кажуваме дека во земјата треба да се обезбеди владеење на законот. Нема извинување за чекорите што земјата ја оттргнуваат од тој пат. Демократските и легитимни институции треба да бидат заштитени. Денеска ние, заедно со министрите, ќе кажеме дека тоа очигледно не значи дека владеењето на законот и на системот за поделба и за заемна контрола на власта може да се занемарат – рече Могерини при пристигнувањето на седницата на Советот на за надворешни работи Европската Унија.

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, изрази загриженост дека турските власти имале претходно подготвени списоци за апсење и дека изгледа оти однапред било подготвено ваквото дејствување.

– Изгледа како нешто што било подготвено однапред. Списоците биле на располагање што укажува на тоа дека биле подготвени да се искористат во одредена фаза – рече Хан.

По неуспешниот државен удар, турските власти во саботата уапсија неколку илјади лица, меѓу нив и голем број судии и обвинители.

Турските власти синоќа повторно воведоа вонредна состојба во Истанбул и распоредија дополнителни 1.800 полицајци од околните окрузи.

Како што јавуваат турските медиуми, полицијата добила и наредба да го урне секој хеликоптер што ќе се крене во воздух без одобрение. Засега не се знае причината за ваквата одлука на турските власти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...