Могерини: Заканата од тероризам е глобален проблем

Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, изјави дека денешниот напад во срцето на Џакарта е трагичен потсетник дека заканата од тероризам е глобален проблем и оти треба да се решава како таков.

– Нашите мисли се со семејствата и со пријателите на жртвите. Силно ги поддржуваме владата на Индонезија и нејзиниот народ во борбата против насилството и екстремизмот. Лично ќе му изразам сочувство на министерот за надворешни работи Ретно Марсуди – рече Могерини.

ЕУ продолжува да соработува со Индонезија во одбрана на мирот и на вредностите на слободата и на различностите, врз кои се темелат нашите општества, соопштија од Канцеларијата на високата претставничка Могерини.