сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Елизабета Канческа Милевска | 51 резултати

Канческа-Милевска и Бејли ја претставија реставрираната „Св. Богородица Перивлепта“

октомври 26, 2016

Со свеченост на која присуствуваа министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, како и митрополитот дебарско-кичевски, г. Тимотеј, денеска во Охрид беше претставен на јавноста комплетно конзервираниот и реставриран фрескоживопис во црквата „Св. Богородица Перивлепта“. Конзервацијата траеше точно три години, додека истражувачките работи на архитектурата и на фрескоживописот се почнати уште […]

Судот тактизира со распитот на осомничените во „Тендери“

октомври 21, 2016

Неизвесно останува дали денеска ќе се одржи распитот на двајца од осомничените во случајот „Тендери“, за кои Специјалното јавно обвинителство уште вчера побарало од Кривичниот суд да им бидат одземени пасошите и секој ден да се јавуваат пред службено лице во судот. Според неофицијални информаци, судијата на претходна постапка кај кој е распределен предметот сè […]

По објавата на СЈО, Канческа-Милевска експресно свика прес-конференција

октомври 20, 2016

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во 14.30 часот ќе одржи прес-конференција во Музејот на македонската борба. Поканата за прес-конференцијата до медиумите стигна експресно по завршувањето на прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство, кое денеска објави детали за два нови случаи. Во вториот случај што СЈО го води под кодното име „Тендери“, првоосомничено е раководно лице во Министерството […]

ВМРО-ДПМНЕ одржува панел-дебата „Видливи и реални проекти“ во МОБ

октомври 14, 2016

Панел-дебата на темата „Видливи и реални проекти“ организира ВМРО-ДПМНЕ во Македонска опера и балет. Настанот се одржува во рамките на тридневниот отчет на партијата за постигнувањата, проектите и за политиките. На вечерашната дебата, меѓу другите, учествуваат и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заменик-министерот за образование и за наука, […]

Герила-акција за Иванов и за Канческа-Милевска на отворањето на „Браќа Манаки“

септември 10, 2016

Активистите на „Битолското движење“ вечерва со герила-акција ги пречекаа претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, на црвениот ќилим на отворањето на меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Герила-акцијата беше изведена во моментот кога Иванов заедно со министерката чекореше по црвениот ќилим, а активистите на „Битолското движење“ извадија три […]

Канческа-Милевска: Бев повикана како сведок и потврдив дека работиме законски

август 29, 2016

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска била повикана во својство на сведок во Специјалното јавно обвинителство, потврди таа по распитот, кој траеше околу три и пол часа. Таа кусо изјави дека има можност да го потврди и да го истакне законското работење на Министерството за култура. Во текот на денешниот распит, Канческа-Милеска не сакаше да каже други […]

Канческа-Милевска на распит во СЈО

август 29, 2016

Денеска, точно напладне, во Специјалното јавно обвинителство дојде министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Официјално, не се знае за кои случаи министерката ќе дава исказ во СЈО, но се шпекулира дека станува збор за проектот „Скопје 2014“. За овој случај, претходно во СЈО даваше исказ градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, а на распит беше и […]

Отворени јубилејните 55. „Струшки вечери на поезијата“

август 25, 2016

Со традиционалното читање на „Т’га за југ“ и со палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, синоќа во Струга почнаа 55. „Струшки вечери на поезијата“. – Веќе 55 години, поетската Струга е дом на најголемите бардови на светската поезија, кои низ своите автентични поетики изградија мостови меѓу цивилизациите, мостови меѓу сегашноста и иднината. Со […]

Канческа-Милевска им подари вредни артефакти на Гаранча и на Марин

јули 13, 2016

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, им подарила вредни артефакти на оперската пејачка Елина Гаранча и на романскиот диригент Ион Марин, соопштија од „Охридско лето“. Канческа-Милевска по спектакуларното отворање на 56. издание на фестивалот „Охридско лето“, синоќа се сретнала со ексклузивните гости кои ги освоија симпатиите на публиката во Античкиот театар. „Таа им го честиташе успешниот настап […]

И Канческа-Милевска го испофали Талески

јуни 22, 2016

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во својот говор по повод почетокот на четвртото издание на „Битола Шекспир фестивал“, меѓу другото, упати пофалби до градоначалникот Владимир Талески за неговиот придонес за развојот на културата во градот. Инаку, Талески од понеделникот неделава е во куќен притвор како првоосомничен во случајот „Транспортер“. – Благодарност до градоначалникот Владимир Талески за […]

„Српскиот“ на Канческа-Милевска ги запали социјалните мрежи

јуни 15, 2016

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во изјава за „Радио телевизија Србија“ по повод 15. Биенале на архитектурата во Венеција, зборува на српски јазик, што предизвика смеа и коментари на социјалните мрежи. Од Министерството за култура ни рекоа дека министерката нема да реагира во врска со коментарите што денеска ги преплавија „Фејсбук“ и „Твитер“. https://twitter.com/EmilitoAtanez/status/743013906248048640 Српскиот на Бетка е […]

Канческа-Милевска: Театарот е највозвишена сила и енергија во Македонија

март 27, 2016

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска по повод Светскиот ден на театарот го посети објектот во изградба на Турскиот театар и притоа на сите актери и театарски работници им посака многу премиери. – Театарот е највозвишена сила и енергија во Република Македонија. Со изградбата на инфраструктурата за театарската дејност, како и на многу други објекти […]

Министерката Канческа-Милевска се сретна со амбасадарот Пломп

февруари 11, 2016

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп, со кој разговарала за продлабочување на соработката помеѓу двете земји преку поголема размена на експерти, уметници и на проекти. Министерката Канческа-Милевска на средбата потсетила дека досегашната соработка со Кралството Холандија е на солидно ниво со континуирано претставување […]

Промовирани 50 нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

јануари 3, 2016

Педесет нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ денеска беа промовирани во Порта „Македонија“. Книгите се дел од владиниот проект кој почна во 2012 година, а со кој беа опфатени вкупно 560 дела од светски познати автори. Остануваат уште 37 дела да бидат објавени за да се заокружи проектот. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која заедно […]

Промоција на 20 книги од новиот владин проект

јануари 2, 2016

Премиерот Никола Груевски и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска промовираа 20 нови автобиографии и монографии за светски познати личности, книги од областа на светската историја, здравото живеење, како и од архитектурата и дизајнот. Груевски истакна дека книгите се дел од проектот што треба да им помогне студентите да го подобрат своето знаење и да имаат […]

Македонското културно наследство претставено во музејот Лувр во Париз

ноември 5, 2015

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во рамките на престојот во Франција, денеска го посети и македонскиот штанд на Меѓународниот саем за културно наследство, кој од 5 до 8 ноември се одржува во престижниот изложбен простор „Карусел“, во рамките на музејот Лувр во Париз. Македонија првпат се претставува на овој исклучително значаен саем, кој ги обединува […]

Канческа-Милевска: Светиклиментовиот универзитет ќе му даде духовна димензија на Охрид

септември 22, 2015

Изминативе неколку месеци, со средства на Министерството за култура во висина од 2,8 милиони денари, реализиран е проектот за конзервација и за санација на ѕидните платна од летната сцена Долни сарај во Охрид, кои се надвиснати над Охридско Езеро. – Во рамките на втората фаза, се изврши целосна санација на скалите што ја поврзуваат сцената Долни […]

Канческа-Милевска: СВП – триумф на македонската култура и традиција

август 27, 2015

Со традиционалното читање на Константиновата Т’га за југ, поетско послание на познатиот сириско-либански поет со светска слава Адонис, кој се обрати во име на сите поети учесници и лауреати на „Златниот венец“ и со палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, синоќа, почна 54 издание на Струшките вечери на поезијата. На манифестацијата учествуваат 44 […]

Промовиран нов археолошки локалитет во Охрид

август 2, 2015

Во старото градско јадро на Охрид, промовиран е нов атрактивен археолошки локалитет, попознат како Куќата на Манчевци. Изминативе две години, етапно, се вршеше конзервација на локалитетот, односно ранохристијанска базилика, која датира од периодот меѓу четвртиот и шестиот век. Локалитет е целосно осветлен и покриен. – Овој локалитет е од огромно значење, како за културниот туризам […]

Канческа-Милевска се сретна со австрискиот амбасадор

јули 27, 2015

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Австрија во Македонија, Томас Михаел Баер. На средбата, двајцата соговорници разговараа и за можноста за продлабочување на соработката во областа на културата меѓу двете држави како и за реализација на копродукциски проекти меѓу институциите од областа на културата во двете земји. Македонија и Австрија […]

Страна 2 од 3