fbpx
Таг: Договор од Преспа

таг: Договор од Преспа

Османи во Атина на средба со Катругалос

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи денеска е во работна посета на Атина каде ќе се сретне со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, по која двајцата функционери ќе имаат изјава за медиуми. Од Секретаријатот за европски прашања велат дека ќе стане збор за билатералните односи меѓу двете земји, Договорот од Преспа но и за сите останати...

Обвинителството отвори предистражна постапка за Иванов за кршење на Уставот

Скопското јавно обвинителство отвори предмет за претседателот Ѓорге Иванов во кој ќе постапува по две кривични пријави во врска со непотпишување на Законот за јазици и Договорот од Преспа. Предметот е во предистражна постапка и во моментов се преземаат дејствија за проверка на наводите од пријавата. Побарани биле податоци и информации од Собранието на Македонија и од Кабинетот на претседателот...

Иванов: Договорот има за цел од нас да направи фуснота во нечија туѓа верзија на историјата

Со Договорот од Преспа политичари, дипломати и бирократи ќе ги цензурираат учебниците што ги пишувате или од кои вие предавате, рече претседателот Ѓорге Иванов обраќајќи се пред професори и историчари на свеченото отворање на Првата национална конференција за византологија и медиевистика „Самуиловата држава – 1.000 години потоа (1018-2018)“. -Во член 8, точка 5 е предвидено формирање на ‘Заеднички интердисциплинарен комитет...

Кирацовски ги повика прaтениците да се вклучат во дефинирање на нацрт-амандманите

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацовски денеска на прес-конференција во Собранието ги повика сите пратеници во Собранието, особено оние кои не гласаа во првата фаза од уставните измени, активно да се вклучат во процесот на дефинирање на нацрт-амандманите. Целта, како што рече тој, е заеднички да се дојде до национално до прифатливо решение кое ќе биде од национален...

Тачи: ДПА ќе продолжи таксативно да ги поддржува уставните измени

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи се сретна со заменик-помошникот државен секретар, Метју Палмер, во резиденцијата на американскиот амбасадор Џес Бејли „На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, за имплементацијата на Договорот од Преспа, како и за реформскиот процес. Тачи на средбата истакна дека ДПА ќе продолжи таксативно да ги поддржува уставните измени кои произлегуваат од Договорот од...

Хан: Ни треба државништво, а не партиски игри

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, преку својот „Твитер“ профил им честиташе на пратениците кои вечерва гласаа за потребата од уставни измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа потпишан помеѓу Македонија и Грција. „Добар ден за демократијата во Скопје! Им честитам на сите оние кои одлучија да одат по патеката на ЕУ. Очекувам дека слободниот избор на сите...

Ципрас до Заев: Честитки пријателе, ова е важен чекор кон заедничкиот успех

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, вечерва на својот „Твитер“ профил му честиташе на неговиот македонски колега, Зоран Заев, за гласањето со двотретинско мнозинство во Собранието за потреба од уставни измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа. „Честитки пријателе Зоран Заев! Вечерашното гласање е важен чекор кон нашиот заднички успех. Важен чекор кон мирна и просперитетна иднина за нашите граѓани“, напиша Ципрас. https://twitter.com/PrimeministerGR/status/1053393259660230657 Честитка...

Хан е убеден дека сите пратеници се свесни за огромната можност и одговорност

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан на својот „Твитер“ изрази увереност дека пратениците од сите политички парии во македонското Собрание ќе ги тргнат настрана партиските интереси и ќе донесат одлука во интерес на земјата и граѓаните. „Ова се одлучувачки денови за Македонија. Пратениците ќе гласаат за историскиот Преспански договор што ги отвора вратите на земјата за евороатлантската интеграција....

Седницата за уставни измени продолжува во 12 часот, неизвесно двотретинското мнозинство

Пратениците во Собранието денеска во 12 часот ќе ја продолжат расправата за потребата од уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа, помеѓу Македонија и Грција. Не се исклучува можноста денеска дискусијата да биде исцрпена и да се пристапи кон гласање, со оглед дека опозициските пратеници претходно ги откажаа дискусиите. Останува неизвесно дали во Собранието ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство,...

Коѕиас: Се надевам дека сe ќе биде во ред со Договорот од Преспа

Се надевам дека ќе биде се во ред со Договорот од Преспа, бидејќи во спротивно оние кои веруваат во лесни решенија ќе видат колку потешки можат да станат работите, рече доцна синоќа поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас по завршувањето на состанокот на политичкиот секретаријат на неговото движење на идеи и активности Прато. - Склучивме договор со Поранешната југословенска...

Српски медиуми: Уставните промени се невозможна мисија, нови избори сè поизвесни

„Вонредни избори во Македонија се поизвесни“, и „Промените на уставот станаа невозможна мисија“, се денешните наслови вза Македонија во медиумите блиски од власта во Србија. Во извештајот од Скопје, агенцијата „Танјуг“ пишува дека после три дена дебата во македонскиот парламент се помали се изгледите дека власта и опозицијата би можеле да постигнат било каков договор за уставните промени. Се наведува дека...

Заев: Верувам дека пратениците од ВМРО-ДПМЕ ќе се исправат пред историската одговорност

Заедно со премиерот Алексис Ципрас остануваме целосно посветени на перспективите на новиот Балкан на 21 век, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот телефонски разговор со својот грчки колега по оставката на министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас. Заев денеска присуствуваше на одбележување на 20-годишнината од постоењето на Штедилницата „ФУЛМ“, во неговото родно село Муртино. Премиерот...

Телефонски разговор Заев – Ципрас: Договорот од Преспа е приоритет

Премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас имале телефонски разговор по оставката на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас. Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос вели дека и двајцата премиери се согласиле и повториле дека работат на имплементација на Договорот од Преспа. – Премиерот контактира многу редовно со господинот Заев. Очигледно е дека...

Димитров: Со Коѕиас станавме вистински пријатели и постигнавме историски договор

Министерот за надворешни работи Никола Димитров по повод оставката на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас вели дека двајцата со Договорот од Преспа постигнале нешто што претходните 27 години се сметало за невозможно. -Предводени од премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Коѕиас имавме интензивни месеци на комуникација, станавме вистински пријатели и во период од една...

САД поддржува целосна имплементација на договорот и му се заблагодари на Коѕиас

Стејт департментот му заблагодари на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас кој вчера даде оставка, за подобрувањето на грчко-американските односи, како и за неговата улога при постигнувањето на историскиот договор за името со Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на соопштение. Поддршка за договорот помеѓу Атина и Скопје дал и претставник од Стејт департментот кој за грчката државна...

Димитров: Суштината на компромисот се гледа во критиките на нашата и грчката опозиција

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров одговарајќи на неколку прашања од пратениците во Собранието рече дека Договорот од Преспа ги врзува чекорите на Македонија кон ЕУ и НАТО со тоа што е интерес на Грција од Договорот. - Затоа НАТО членството е врзано со влегувањето на сила на Договорот. Затоа стои дека на иста сесија грчкиот парламент кога ќе ја...

Коѕиас: Без Договорот од Преспа не постои решение

Без прифаќање на Договорот од Преспа не постои никакво решение, порача шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас по состанокот на Советот за надворешни прашања на ЕУ во Луксембург и додаде дека дури и со едноставна математика од основно училиште не е можно да се постигне подобар договор за секоја страна, „како што тврдат опозициите во двете земји“. Како што јави...

Стејт департмент за планот на Каменос: Цврсто го поддржуваме Договорот од Преспа

„Цврсто ја поддржуваме целосната имплементација на Договорот од Преспа“, одговорил функционер од Стејт департментот на САД на прашањето на дописникот на порталот „Реал.гр“ во Вашингтон за позицијата на САД во однос на планот Б на Панос Каменос, што наводно бил презентиран на неговата средба во Вес Мичел. „Јавно не ги соопштуваме деталите од нашите лични дипломатски разговори, но позицијата на...

Кумуцакос: Преспанскиот договор може да биде штетен за Грција

Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос оцени дека Преспанскиот договор не дава добро, конечно и интегрално решение и дека може да биде штетен за Грција. Во интервјуто за „Политика“, Кумуцакос, вели дека Нова демократија се залага за членство на Скопје во ЕУ и НАТО, но дека не се подготвени да прифатат било какво решение. -Преспанскиот...

Македонија може да стане членка во 2019 само со одобрување на Договорот, вели Столтенберг

Преговорите за прием на Македонија може да завршат во јануари и на почетокот на 2019 година државата може да стане членка на НАТО, изјави на прес-конференција генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. – Сите внимателно го следевме изјаснувањето на референдумот во Поранешната југословенска република Македонија. Го поздравувам постигнатото одобрување за Договорот од Преспа. Скопје треба да ги определи следните чекори –...

Големи полициски сили во кампусот на УКЛА по судирот меѓу пропалестинските и произраелските демонстранти

Полицијата во опрема за немири пристигна во кампусот на Универзитетот во Калифорнија, каде се судрија пропалестинските и произраелските демонстранти, објави Асошејтед прес. Судирите се случија денеска рано наутро по локално...